跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form, content and data contained in the minutes of on-the-spot control

颁布于 2012-07-13 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата, содржина и податоците кои ги содржи записникот од контрола на самото место.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
agricultural development, inspection, data collection/reporting, rural development

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 148 став 4 од Законот за земјоделство и рурален развој (,,Службен весник на Република Македонија" бр.49/10 и 53/11}, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНА И ПОДАТОЦИТЕ КОИ ГИ СОДРЖИ ЗАПИСНИКОТ ОД КОНТРОЛА НА САМОТО МЕСТО Член 1 Со овој правилник се пропишува формата, содржина и податоците кои ги содржи записникот од контрола на самото место. Член 2 Формата и содржината на записникот од контрола на самото место е дадена во прилог и е составен дел на овој правилник. Член 3 Во записникот од контрола на самото место се наведуваат следните податоци: 1. Назив на барателот /корисникот 2. Датум на вршење на контролата на самото место, 3. Мерка за која се врши контролата на самото место, 4. Број на барањето за финансиска поддршка, 5. Почеток на контрола на самото место (се запишува часот на почеток на контролата на самото место}, 6. Место на контрола на самото место (се запишува адресата на местото каде што е направена контролата на самото место, 7. Име и презиме на надлежниот контролор одреден за вршење на контролата на самото место, 8. Податоци за барателот /корисникот или пак од него овластено лице(со пишан документ во кој се овластува друго лице да присуствува на контролата на самото место}, се запишува : Име презиме , ЕМБГ / ЕДБ, 9. Податоци за други присутни лица (име и презиме, ЕМБГ}, 10. Констатираната фактичка состојба и податоци од контролата на самото место споредени со состојбата наведена во барањето за финансиска подршка и доставената документација. 11. Часот на завршување на контролата на самото место, 12. Простор за забелешки за начинот на извршената контрола на самото место од страна на барателот /корисникот и 13. Потпис на барателот /корисникот или пак од него овластено лице, други присутни лица и контролорите. Записникот од контрола на самото се составува во три примероци.од кои еден примерок веднаш му се дава на барателот /овластеното лице, еден примерок за контролорот и еден примерок се доставува во секторот за контрола на самото место во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Член 4 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 02-7853/1 13 јули 2012 година Скопје Министер, Љупчо Димовски, с.р. АФПЗРР # Бр : Република Македонија Датум: . 201 год. Агенција за Финансиска Поддршка во Земјоделството и Руралниот развој ЗАПИСНИК ЗА КОНТРОЛА НА САМОТО МЕСТО ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА За извршена контрола на самото место кај : на датум за мерка: со број на барање: Почеток на контролата во часот. Место на контрола: .Контролата е извршена од: во присуство на барател/овластено лице: ЕМБГ/ЕДБ Присутни лица: НАОДИ:Врз основ наЗаконот за земјоделство и рурален развој (,ел.Весник на РМ' бр.49/2010) и Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 201 година, од извршената контрола на самото место се констатира: Записникот е прочитан и барателот/овластеното лице:има / нема забелешки: Контролата заврши во часот. За писникот е изготвен во примероци. Примероци од овој записник имаат: Контролирал Присутни лица Потпис на барател/ овл.лице

Regulation on the form, content and data contained in the minutes of on-the-spot control · Nelum