Regulation on the form and manner for keeping of the Register of Water Utilities
颁布于 2004-03 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за образецот и начинот на водење на Регистарот на водостопанствата.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Water
- 关键词
- registration, water resources management, water supply
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА Врз основа на член 95 став 4 од Законот за водостопанства ( Службен весник на РМ бр. 85/2003), министерот за правда, донесе ПРАВИЛНИКЗА ОБРАЗЕЦОТ И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ВОДОСТОПАНСТВАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува образецот и начинот на водење на регистарот на водостопанствата. Член 2 Регистарот на водостопанствата се води според образец бр. 1 кој ги содржи следните рубрики: реден број; назив на водостопанството; седиште (улица, број и место); вид на водостопанството според дејноста и подрачје на делување; кратка содржина на работите и активностите; број и датум на решението за упис и забелешка. Образецот број 1 е составен дел на овој правилник. Член 3 Во образецот број 1 во рубриката реден број се запишува редниот број на уписот; во рубриката назив на водостопанството се запишува целиот назив кој треба да го содржи зборот Водостопанство и ознака за географската локација на подрачјето на дејствување; во рубриката седиште се запишува точниот назив на улицата, бројот и местото каде се наоѓа седиштето; во рубриката вид на водостопанството според дејноста и подрачје на делување се запишува видот на водостопанството според дејноста за која е основано и подрачје на делување; во рубриката кратка содржина на работите и активностите се запишува кратка содржина на работите и активностите на водостопанството; во рубриката број и датум на решението за упис се запишува точниот број и датум на решението со кое е извршен уписот во регистарот и во рубриката забелешка се запишуваат промените што се од значење за уписот. Член 4 Регистарот на водостопанствата се води во укоричена книга со димензии 500 мм Х 400 мм на која на насловната страна во левиот горен агол пишува Република Македонија Основен суд . а во средината Регистар на водостопанствата. Регистарот на водостопанствата може да се води и електронски. Секоја страна од регистарот има број. Пред почетокот на водењето на регистарот на првата страна во десниот долен агол се забележува вкупниот број на страници што ги содржи регистарот и се заверува со печат и со потпис на претседателот на Основниот суд. Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот дел од денот на објавувањето во Службен весник на Република Македонија. Министер за правда, март 2004 година Иџет Мемети, ср. Скопје Образен бр. 1 Гра | Назив на ведостенанството | Седиште Виз на Критки содрижна на | Број и датум ЗАБЕЛЕШКА | "Бр. (улици, броји водостовшистното | работите н иа несто) според дејпостан | активностите реиинисто полричје ни за упис ЕВ -. делување “ 1 2 3 4 : 5 Во 7