跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of training and education

颁布于 2012-10-30 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на поканата за едукација и начинот на спроведување на едукацијата.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
marking/identification, education, legal proceedings/administrative proceedings

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 140 од 8.11.2012 година 1 од 2 Врз основа на член 34 став (2) од Законот за идентификација и регистрација на животните („Службен весник на Република Македонија“ бр. 95/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОКАНАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕДУКАЦИЈАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на поканата за едукација, како и начинот на спроведување на едукацијата. Член 2 (1) На физичкото или правното лице кое се повикува на едукација му се врачува покана на образец во А4 формат на хартија во бела боја кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на поканата од став (1) на овој член ги содржи следните елементи: грбот на Република Македонија и називот на органот кој ја спроведува едукацијата; називот на поканата; податоци за лицето кое се повикува на едукација (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење и функцијата што ја врши во тоа правно лице); податоци за правното лице (назив и седиште); време, датум и место каде ќе се спроведе едукацијата; кратко означување на предметот на поканата со назначување на одредбата за која е утврден недостатокот; име и презиме на инспекторот кој ја врши едукацијата; име и презиме на лицето кое се повикува на едукација; место и датум на издавање на поканата и место за печат. Член 3 (1) Едукацијата ја организира и спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија, преку официјалните ветеринари односно државните инспектори за храна. (2) Едукацијата се врши во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Член 4 Едукацијата се врши три пати во неделата, а по потреба и повеќе пати. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02-3783/3 30 октомври 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. 20121403400 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Службен весник на РМ, бр. 140 од 8.11.2012 година 2 од 2

Regulation on the form and content of training and education · Nelum