Regulation on the form and content of the tobacco assessment identification card
颁布于 2019-10-25 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на идентификационата картичка за процена на тутун.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- cooperative/producer organization, inspection, tobacco, agricultural commodities
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 38 став 4 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ИДЕНТИФИКАЦИОНАТА КАРТИЧКА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на идентификационата картичка за процена на тутун. Член 2 Идентификационата картичка за процена на тутун за проценителите на тутун од страна на откупувачот на тутун се изработува во пластифицирана хартија со димензии 10 cm x 7 cm во златно жолта боја. Предната страна на идентификационата картичка ги содржи следните податоци: “ Лого и Назив на откупувач, ИДЕНТИФИКАЦИОНА КАРТИЧКА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН”, место за фотографија, име и презиме на проценителот и архивски број и датум на лиценцата издадена од МЗШВ. Задната страна на идентификационата картичка ги содржи следните податоци: архивски број и датум на издавање, место за печат и потпис на овластено лице од откупувачот на тутун. Формата и содржината на идентификационата картичка за процена на тутун е дадена во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Идентификационата картичка за процена на тутун за проценителите на тутун од страна на највисоката асоцијација на тутунопроизводители треба да биде во пластифицирана хартија со димензии 10 cm x 7 cm во светло зелена боја. Предната страна на идентификационата картичка ги содржи следните податоци: “Лого и Назив на највисоката асоцијација на тутунопроизводители, ИДЕНТИФИКАЦИОНА КАРТИЧКА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН”, место за фотографија, име и презиме на проценителот и архивски број и датум на лиценцата издадена од МЗШВ. Задната страна на идентификационата картичка ги содржи следните податоци: архивски број и датум на издавање, место за печат и потпис на овластено лице од највисоката асоцијација на тутунопроизводители. Формата и содржината на идентификационата картичка за процена на тутун е дадена во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. 2 од 4 Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Бр.29-9868/3 Министер за земјоделство, 25 октомври 2019 година шумарство и водостопанство, Скопје Трајан Димковски, с.р. 3 од 4 4 од 4