跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the single document for the application for registration of designation of origin or geographical indication

颁布于 2011-07-15 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на единствениот документ од барањето за регистрација на ознака за потекло или географска ознака.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
traceability, traditional knowledge/indigenous knowledge, packaging/labelling, procedural matters, legal proceedings/administrative proceedings, food safety and quality, geographical indication

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година 20110992367 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 146 став 3 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА СПЕЦИФИКАЦИЈАТА НА ПРОИЗВОДОТ ЗА ДОБИВАЊЕ ОЗНАКА ЗА ГАРАНТИРАН ТРАДИЦИОНАЛЕН СПЕЦИЈАЛИТЕТ (∗ ) Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на спецификацијата на производот за добивање ознака за гарантиран традиционален специјалитет. Член 2 (1) Спецификацијата на производот за добивање ознака за гарантиран традиционален специјалитет се изработува во писмена и електронска форма на образец со А4 формат во бела боја, кој е даден во Прилог и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот од став (1) на овој член содржи: а) назив на земјоделскиот или прехранбениот производ; б) карактер на називот; в) назнака дали регистрацијата е со или без резервација на називот; г) категорија на производот; д) опис на производот (вклучувајќи ги неговите главни физички, хемиски, микробиолошки или органолептички својства); ѓ) опис на методот на производство, подготовката и природата и својствата на употребените суровини или состојки кои производителите мораат да го следат; е) елементи кои ги одредуваат посебните својства на производот; ж) елементи кои го докажуваат традиционалниот карактер на производот; з) минимални барања и постапки за проверка на посебните својства на производот; ѕ) датум и место на изработка и и) потпис на изработувачот на спецификацијата (3) Описот на производот од став (2) точка д) на овој член ги содржи само карактеристиките кои се потребни за препознавање на производот и неговите посебни својства. (4) Описот на методот на производство од став (2) точка ѓ) на овој член го содржи само методот кој во моментот се користи за добивање на производот. Историските методи на производство на производот не треба да се наведуваат доколку производот повеќе не се произведува на таков начин. (5) Елементите кои ги одредуваат посебните својства на производот од став (2) точка е) ги вклучуваат клучните разлики помеѓу традиционалниот производ и останатите слични производи од истата категорија на производи. ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр.1216/2007 од 18 октомври 2007 год. со која се утврдуваат деталните правила за спроведување на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр. 509/2006 за заштита на земјоделски и прехранбени производи како гарантирани традиционални специјалитети, CELEX бр. 32007R1216 1 од 3 Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година (6) Елементите кои го докажуваат традиционалниот карактер на производот од став (2) точка ж) ги вклучуваат главните елементи кои останале непроменети. (7) Минималните барања и постапки за проверка на посебните својства на производот од став (2) точка з) содржат информации за начините и фреквенцијата на проверките со кои може да се врши контрола на посебните својства и методот на производство. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 11-6363 15 јули 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 99 од 22.7.2011 година 3 од 3

Regulation on the form and content of the single document for the application for registration of designation of origin or geographical indication · Nelum