跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the request for issuing of marketing flour control stamps, form and content of the control stamp, manner of its issuance, and issue on related record keeping

颁布于 2013-08-07 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки за означување на брашното кое се става во промет.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
packaging/labelling, food safety and quality, cereals/grains/rice, legal proceedings/administrative proceedings, procedural matters, data collection/reporting, agricultural commodities
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 16-г ставови (3) и (8) од Законот за квалитет на земјоделски производи („Службен весник на Република Македонија” бр.140/10, бр.53/11, 55/12 и 106/13) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК за формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки за означување на брашното кое се става во промет Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за издавање на контролната марка, формата и содржината на контролната марка, начинот на нејзиното издавање, како и формата, содржината и начинот на водењето на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки за означување на брашното кое се става во промет. Член 2 Барањето за издавање на контролната марка за означување на брашното се печати во А4 формат на хартија во бела боја. Формата и содржината на барањето од став 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Контролната марка тип А за пакувањата од 1, 2, 5, 10 и 20 килограми и за непакувано брашно, односно брашно кое е во рефусна состојба е во правоаголна форма со димензии 2 x 4 cm. Формата и содржината на контролната марка тип А се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Контролната марка тип Б за пакувањата од 25, 50 и поголеми од 50 килограми е во правоаголна форма со димензии 7 x 11 cm. Формата и содржината на контролната марка тип Б се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Врз основа на барањето за издавање на контролни марки за означување на брашното кое се става во промет, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на операторот со брашно кој ги исполнува условите за ставање во промет на брашното му издава контролни марки. Неискористените контролни марки операторот со брашно треба да ги врати со записник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 6 Евиденцијата за издадени и искористени контролни марки се води во пишана или електронска форма. Формата и содржината на евиденцијата за издадени и искористени контролни марки се дадени во Прилог 4 кој е составен дел на овој правилник. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе отпочне да се применува од 1 октомври 2013 година. Министер за земјоделство, Бр.02-17008/3 шумарство и водостопанство 07.08.2013 година Љупчо Димовски с.р. Скопје Прилог 1 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Адреса: Аминта Трети бр. 2, 1000 Скопје; тел: +389 2 3134 447 маил: info@mzsv.gov.mk; веб: www.mzsv.gov.mk Барање за издавање на контролни марки за брашно mailto:info@mzsv.gov.mk http://www.mzsv.gov.mk/ Прилог 2 Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Контролна Марка тип А 0000000000 Холограмска лента со ширина 5мм и должина 20мм и должина 20мм Ознака за сериски број Прилог 3 Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Контролна Марка тип Б 0000000000 Холограмска лента со ширина 5мм и должина 70мм Ознака за сериски број Прилог 4 Евиденција за издадени и искористени контролни марки за означување на брашно за период од до Оператор со брашно (назив и седиште) Ред. Бр. Издадени марки Искористени марки (тип и Сериски број) Големина на пакување во кгр. Тип на Издадени марки и сериски број тип Сериски број тип Сериски број Место и датум Потпис на одговорното лице

Regulation on the form and content of the request for issuing of marketing flour control stamps, form and content of the control stamp, manner of its issuance, and issue on related record keeping · Nelum