跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the request for entry in the register of tobacco buyers as well as the required documentation

颁布于 2019-07-31 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на откупувачи на тутун kako и потребната документација.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
registration, data collection/reporting, tobacco, agricultural commodities
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РСМ, бр. 168 од 13.8.2019 година 20191682620 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 28 став 7 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА УПИС ВО РЕГИСТАРОТ НА ОТКУПУВАЧИ НА ТУТУН KAKO И ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за упис во Регистарот на откупувачи на тутун како и потребната придружна документација. Член 2 Барањето за запишување во Регистарот на откупувачи на тутун се издава на хартија во бела боја во А-4 формат. Формата и содржината на барањето од став 1 на овој член се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Кон барањето за запишување во Регистарот на откупувачи на тутун се поднесува следната документација: 1. Тековната состојба и потврда дека не е отворена постапка за ликвидација или стечајна постапка од Централен регистар на Република Северна Македонија; 2. Потврда од Агенцијата за вработување или образец М1/М2 за вработени лица во редовен работен однос на неопределено работно време; 3. Диплома за завршено високо образование од областа на растителната биотехнологија (поледелство, производство и преработка на тутун или преработка на земјоделски растителни производи) и сведителство за завршено средно образование од областа на растителната биотехнологија како и од областа на производство и обработка на тутун; 4. Документ за расположливи финансиски средства за најмалку половина од планираната количина на тутун за првата производна реколта во висина на просечната откупна цена по килограм од претходната реколта на ниво на државата и тоа: информација за економско финансиска состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија за работењето во претходната година или банкарска гаранција за обезбедени средства за планираниот откуп на тутун; 5. Имотен лист или договор за закуп дека располага со просторија за откуп; 6. Имотен лист или договор за закуп од најмалку три години дека располага со простории наменети за сместување, чување и индустриска обработка на тутун, како и соодветени простории за сместување на обработениот тутун; 7. Документација дека располага со опрема за откуп и индустриска обработка на тутун, во сопственост или закуп; 8. Записник од Државниот инспекторат за земјоделство за докажување на условот дека откупувачот располага со соодветни објекти и опрема согласно Правилникот поблиските услови кои треба да ги исполнува откупувачот на тутун за запишување во Регистарот на откупувачи на тутун и Службен весник на РСМ, бр. 168 од 13.8.2019 година 2 од 4 9. Бизнис план со податоци и пресметка за договорена површина и планирана количина за откуп на тутун во првата производна година, по типови и реони со образложение за исполнување на условите од точките 5, 6 и 7 на овој член, со изјава на одговорното лице во правното лице заверена на нотар дека ќе ги откупи количините на тутун што планира да ги договори. Член 4 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за содржината и формата на образецот за поднесување барање за запишување во регистарот на откупувачи на тутун („Службен весник на Република Македонија“ бр.201/16). Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр. 29-6194/3 Министер за земјоделство, 31 јули 2019 година шумарство и водостопанство, Скопје Трајан Димковски, с.р. Службен весник на РСМ, бр. 168 од 13.8.2019 година 3 од 4 Службен весник на РСМ, бр. 168 од 13.8.2019 година 4 од 4

Regulation on the form and content of the request for entry in the register of tobacco buyers as well as the required documentation · Nelum