跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the register of authorized verification bodies

颁布于 2011-07-19 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на регистарот на овластените верификациски тела.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Agricultural and rural development
关键词
inspection, registration, legal proceedings/administrative proceedings

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 101 од 26.7.2011 година 20111012415 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 162 став 8 од Законот за квалитетот на земјоделските производи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ НА ОВЛАСТЕНИТЕ ВЕРИФИКАЦИСКИ ТЕЛА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на Регистарот на овластените верификациски тела. Член 2 (1) Регистарот на овластените верификациски тела (во натамошниот текст: Регистар) се води во форма на книга со тврди корици со црвена боја и димензии 30 x 21 на евиденциските листови кои се нумерирани и меѓусебно поврзани. (2) На предната старана на корицата на книгата од ставот 1 на овој член е втиснат грбот на Република Македонија, а под него се впишани со златни букви следните зборови: Република Македонија; Министерство за земјоделство, шумарство и водостопнаство и Регистар на овластени верификациски тела. (3) Во евиденциските листови се внесуваат следниве податоци: горе лево се отпечатува реден број под кој се евидентира овластеното верификациско тело во средина на листот се отпечатува евиденциски лист Во табелата се отпечатени следните податоци: деловоден број на поднесеното барање за упис во регистарот; датум на поднесување на барањето; назив на овластеното верификациското тело; матичен број на овластеното верификациско тело; адреса, телефон и e-mail на верификациското тело; број, датум и место на издавање на решението за овластување; број, датум и место на издавање на решението за акредитација; забелешки (4) Регистарот се води електронски и во пишана форма. (5) Формата и содржината на Регистарот е дадена во Прилог 1 и Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 08-6562 19 јули 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 101 од 26.7.2011 година 2 од 3 Службен весник на РМ, бр. 101 од 26.7.2011 година 3 од 3