Regulation on the form and content of the log for waste management records, the form and content of forms for identification and transport of waste and the form and content of forms for annual reports on waste management
颁布于 2005-12-22 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на дневникот за евиденција за постапување со отпад, формата и содржината на формуларите за идентификација и транспорт на отпадот и формата и содржината на обрасците за годишни извештаи за постапување со отпад.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- registration, data collection/reporting, transport/storage, waste disposal, waste management
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Врз основа на член 39, став 4 и 10 од Законот за управување со отпадот (�Службен вес ник на Република Македонија� бр. 68/04 и 71/04), министерот за животна средина и про сторно планирање донесува П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ДНЕВНИКОТ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ПОСТАПУВА ЊЕ СО ОТПАД, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ФОРМУЛАРИТЕ ЗА ИДЕНТИФИКА ЦИЈА И ТРАНСПОРТ НА ОТПАДОТ И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАСЦИТЕ ЗА ГОДИШНИ ИЗВЕШТАИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на дневникот за евиденција за постапување со отпад, формата и содржината на формуларите за идентификација и транс порт на отпадот и формата и содржината на обрасците за годишни извештаи за постапува ње со отпад. Член 2 Дневникот за евиденција за постапување со отпад (во натамошниот текст: днев ник) се користи за водење на дневна евиденција за постапувањето со отпад. Дневникот се води во формат А-4 во бела боја. Содржината на дневникот е дадена на образец во Прилог бр. 1 на овој правилник и е не гов составен дел. Операторот на депонија за постапувањето со отпад води дневник на посебен образец. Содржината на образецот од став 4 на овој член е дадена во Прилог бр. 6 на овој пра вилник и е негов составен дел. Дневникот се води во пишана или електронска форма. Член 3 При транспорт на отпад за секој одделен вид на отпад се издава идентификационен формулар за отпад. Идентификациониот формулар за отпад се издава на формат А-4 во бела боја. Содржината на идентификациониот формулар за отпад е дадена во Прилог бр. 2 на овој правилник и е негов составен дел. Член 4 Транспортниот формулар за отпад се издава при транспорт на секој одделен вид на от пад. Транспортниот формулар за отпад се издава на формат А-4 во зелена боја. Содржината на транспортниот формулар за отпад е дадена во Прилог бр. 3 на овој пра вилник и е негов составен дел. Член 5 Податоците од дневната евиденција за постапување со отпад се доставуваат на обра зец за годишни извештаи за постапување со отпад од правни и физички лица. Образецот за годишен извештај за постапување со отпад од правни и физички лица е во формат А-4 во бела боја. Содржината на образецот за годишен извештај за постапување со отпад од правни и физички лица е дадена во Прилог бр. 4 на овој правилник и е негов составен дел. Годишниот извештај од дневната евиденција за постапување со отпад за депонија, опе раторот на депонијата го доставува на посебен образец. Образецот за годишен извештај за постапување со отпад за депонија е во формат А-4 во бела боја. Содржината на образецот од став 5 на овој член е дадена во Прилог бр. 7 на овој пра вилник и е негов составен дел. Годишните извештаи од став 1 и 4 на овој член се доставуваат во пишана и електронска форма. Член 6 Градоначалникот на општините и на градот Скопје, годишниот извештај за постапу вање со отпад го доставува на посебен образец во пишана и електронска форма. Образецот за годишен извештај за постапување со отпад од градоначалникот на општи ните и на град Скопје е во формат А-4 во бела боја. Содржината на образецот од став 1 на овој член е дадена во Прилог бр. 5 на овој пра вилник и е негов составен дел. Член 7 Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во �Службен весник на Ре публика Македонија�, а ќе се применува од 01.01.2007 година. Бр. 07-5697 Министер, 22 декември 2005 година д-р Зоран Шапуриќ, с.р. Скопје