跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the invitation for education, the manner of conducting the education, as well as the manner of keeping the single records for the conducted education

颁布于 2011-08-16 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на единствената евиденција за спроведената едукација.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
education, inspection, protection of environment

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен В. на Р.М. бр: 118/2011 од 01.09.2011 Влегува во сила на: 02.09.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на единствена евиденција за спроведената едукација МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 173-а ставови (2) и (9) од Законот за заштита на природата ("Службен весник на Република Македонија" бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10 и 47/11), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе. П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОКАНАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА, НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕДУКАЦИЈАТА, КАКО И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНАТА ЕДУКАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на единствена евиденција за спроведената едукација. Член 2 Кога при вршењето на инспекцискиот надзор, државниот инспектор за заштита на природата кој го извршил инспекцискиот надзор, со записник ќе утврди дека е сторена неправилност на лицето или на субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор (во натамошниот текст: субјектот на надзорот) му врачува покана за едукација. Поканата од став 1 на овој член се печати на хартија во бела боја на А4 формат и ги содржи следните елементи: 1. грб на Република Македонија и називот на органот кој ја спроведува едукацијата; 2. назив на поканата, број и дата; 3. податоци за субјектот на надзорот (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење) за физичко лице или (назив и седиште, единствен даночен број, одговорно лице во субјектот на надзорот правно лице) и податоци за лицето претставник на субјектот на надзорот правно лице (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење и функцијата која ја врши во субјектот на надзорот); 4. време, датум и место каде ќе се спроведе едукацијата; 5. кратко означување на предметот на поканата односно утврдената неправилност во примената на одредбата од прописот; 6. име и презиме и потпис на државниот инспектор за заштита на природата кој го извршил инспекцискиот надзор; 7. напомена дека доколку не се јави на закажаната едукација ќе се смета дека истата е спроведена; 8. место и датум на издавање на поканата и 9. место за потпис и печат. Поканата од став 1 на овој член е дадена во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Едукацијата ја организира и спроведува државниот инспектор за заштита на природата кој го извршил инспекцискиот надзор. Едукацијата се спроведува во просториите на Државниот инспекторат за животна средина кој го извршил инспекцискиот надзор, што е најблиску до седиштето на правното лице или до објектот во кој е утврдена неправилноста. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/ECFFF3C939D80D4AA92061D5544C2029.pdf#page=23 По исклучок, од став 2 на овој член, едукацијата може да се врши и во деловните простории на правните лица во кои при вршење на инспекцискиот надзор е утврдена неправилност. Едукацијата се врши по потреба, а најмалку два пати во месецот. Член 4 За спроведената едукација се составува записник кој содржи: назив на органот кој ја спроведува едукацијата; податоци за физичкото лицето (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење) односно за правното лице кое се повикува на едукација (назив и седиште,ЕДБ, одговорно лице во субјектот на надзорот) и/или податоци за лицето претставник на субјектот на надзорот (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење и функцијата која ја врши во субјектот на надзорот); време, дата и место каде се спроведува едукацијата; име и презиме на државниот инспектор за заштита на природата кој ја спроведува едукацијата и укажување на одредбата на чија примена е утврдена неправилност за која се спроведува едукацијата и на мерките кои следат доколку не се отстрани неправилноста во определениот рок. Записникот од став 1 на овој член го потпишува инспекторот што ја врши едукацијата и лицето кое се едуцира. Примерок од записникот од став 1 на овој член се врачува на лицето односно на претставник на субјектот на надзорот кое се едуцира. Член 5 Државниот инспектор за природа кој го извршил инспекцискиот надзор води единствена евиденција за спроведената едукација. Евиденцијата за спроведената едукација за лицата кои се едуцирани се води во пишана и електронска форма во која се запишуваат следните податоци: реден број; број и дата на поканата за едукација; дата и место на едукацијата; предмет на едукацијата; податоци за лицето односно субјектот на надзорот кое се едуцира; име и презиме на државниот инспектор за заштита на природата кој ја извршил едукацијата и забелешка. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 07-6258/3 16 август 2011 година Министер, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р.

Regulation on the form and content of the invitation for education, the manner of conducting the education, as well as the manner of keeping the single records for the conducted education · Nelum