Regulation on the form and content of the invitation for education, the manner of conducting the education and the manner of keeping records of the conducted education
颁布于 2011-07-18 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водењето на евиденцијата за спроведената едукација.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development, Food and nutrition
- 关键词
- agricultural development, data collection/reporting, education, legal proceedings/administrative proceedings, fraud, food safety and quality
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен В. на Р.М. бр: 109/2011 од 15.08.2011 Влегува во сила на: 16.08.2011 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата и начинот на водењето на евиденцијата за спроведената едукација МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 164 став (2) и (9) од Законот за квалитет на земјоделски производи ("Службен весник на Република Македонија" бр. 140/10 и 53/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе. П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОКАНАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА, НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЕДУКАЦИЈАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕТО НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ЗА СПРОВЕДЕНАТА ЕДУКАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата како и начинот на водење на евиденција за спроведената едукација. Член 2 (1) Поканата за едукација од член 1 од овој правилник се изготвува на образец со формат А4 во три идентични примероци во бела боја. (2) Поканата од став (1) на овој член ги содржи следните елементи: грб на Република Македонија и називот на органот кој ја спроведува едукацијата; име и презиме на сторителот на прекршокот, ЕМБГ/број на лична карта, адреса и место на живеење, а за одговорното лице во правното лице и функција која ја врши во тоа правно лице; датумот, местото и времето каде ќе се спроведе едукацијата; кратко означување на предметот на поканата и одредбата во која е утврден недеостатокот; име и презиме на инспекторот; број на записник; напомена дека доколку лицето или субјектот не се јави на закажаната едукација ќе се смета дека истата е спроведена; и место за печат и потпис. (3) Доставницата за врачената покана е во продолжение на поканата за едукација и иста ги содржи следните елементи: грб на Република Македонија и назив на органот кој ја доставил поканата за едукација; до кого се доставува поканата (име, презиме и адреса); ЕМБГ/Број на лична карта; датум на приемот и потпис на примачот; и место и Потпис на доставувачот. (4) Образецот на поканата за едукација е даден во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 (1) Едукацијата ја врши стручната служба и раководните државни службеници во Државниот инспекторат за земјоделство. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/B73B7E43C739134BA0EFF97504BF37A4.pdf#page=42 (2) Едукацијата се врши во просториите на Државниот инспекторат за земјоделство или на местото каде се наоѓа седиштето односно живеалиштето на контролираниот субјект доколку се обезбедени минимум технички услови и има согласност од контролираниот субјект. (3) Едукацијата се врши најмалку два пати во неделата. (4) Едукацијата се врши за повеќе исти или истородни неправилности за еден или повеќе субјекти. (5) За спроведената едукација се составува записник кој содржи: грб на Република Македонија и назив на органот кој ја доставил поканата за едукација; назаивот на органот кој ја спроведува едукацијата; име и презиме на сторителот на прекршокот; ЕМБГ/број на лична карата место на живеење, а за одговорното лице во правното лице и функцијата што треба да ја врши во тоа правно лице; назив и седиште на првното лице; датумот, местото и времето кога се спровела постапката; име и презиме на вработениот во стручната служба во Државниот инспекторат за земјоделство или раководниот државен службеник кој ја спровел едукацијата; укажување на одредбата во која е утврден недостатокот за кој се спроведува едукацијата како и на мерките кој следат доколку несе отстрани недостатокот во дадениот рок; укажување дека доколку инспекторот при инспекцискиот надзор утврди повторен недостаток за кој предходно е спроведена едукација ќе бидат веднаш превземени соодветни законски мерки. Член 4 (1) Евиденцијата за спроведената едукација која ќе се води во хартиена и електронска форма даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. (2) Евиденцијата за спроведената едукација содржи: реден број; физичко/правно лице кое се едуцира; предмет на постапка за едукација; број на записник; датум на составување на записникот; број и датум на поканата за едукација; датум и време на спроведување на едукација; име и презиме на едукаторот; и забелешка. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 02-6860/1 18 јули 2011 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.