跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the invitation for education, the manner of education conduction, as well as the manner of keeping records of conducted education

颁布于 2011-08-16 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на поканата за едукација, начинот на спроведување на едукацијата, како и начинот на водење на единствената евиденција за спроведената едукација.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Water
关键词
legal proceedings/administrative proceedings, education, inspection, procedural matters, data collection/reporting, water resources management

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Стр. 18 - Бр. 118 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 1 септември 2011 2702. Врз основа на чл. 242-a ставови (2) и (9) од Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ број 87/08, 06/09, 161/09, 83/10 и 51/11), министерот за животна средина и просторно планирање, донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОКАНАТА ЗА ЕДУКАЦИЈА , НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВА ЊЕ НА ЕДУКАЦИЈАТА КАКО И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕДИНСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНАТА ЕДУКАЦИЈА Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содр жината на поканата за едукација, начинот на спроведу вање на едукацијата, како и начинот на водење на единствена евиденција за спроведената едукација. Член 2 Кога при вршењето на инспекцискиот надзор, др жавниот инспектор за животна средина или водосто панскиот инспектор кој го извршил инспекцискиот надзор, со записник ќе утврди дека е сторена неправил ност, на лицето или на субјектот каде што е утврдена неправилноста при вршење на инспекцискиот надзор (во натамошниот текст: субјектот на надзорот) му вра чува покана за едукација. Поканата од став 1 на овој член се доставува со препорачана поштенска пратка за што се обезбедува повратница за извршената достава. Поканата од став 1 на овој член се печати на харти ја во бела боја на А4 формат, и ги содржи следните елементи: 1. грб на Република Македонија и називот на орга нот кој ја спроведува едукацијата; 2. назив на поканата, број и дата; 3. податоци за субјектот на надзорот (име и прези ме, ЕМБГ, адреса на живеење) за физичкото лице или (назив и седиште, единствен даночен број, одговорно лице во субјектот на надзорот правно лице) и податоци за лицето претставник на субјектот на надзорот правно лице (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење и функцијата која ја врши во субјектот на надзорот); 4. време, датум и место каде ќе се спроведе едука цијата; 5. кратко означување на предметот на поканата од носно утврдената неправилност во примената на одредбата од прописот; 6. име и презиме и потпис на државниот инспектор за животна средина, односно водостопанскиот инспе ктор кој го извршил инспекцискиот надзор; 7. напомена дека доколку не се јави на закажаната едукација ќе се смета дека истата е спроведена; 8. место и датум на издавање на поканата и 9. место за потпис и печат. Поканата од став 1 на овој член за која едукација врши државниот инспектор за животна средина однос но водостопанскиот инспектор кој го извршил инспек цискиот надзор е дадена во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Едукацијата ја организира и спроведува државниот инспектор за животна средина или водостопанскиот инспектор кој го извршил инспекцискиот надзор. Едукацијата се врши во просториите на Државниот инспекторат за животна средина односно во простори ите на водостопанскиот инспектор кој го извршил инс пекцискиот надзор, што се најблиску до седиштето на правното лице или до објектот во кој е утврдена непра вилноста. По исклучок од став 2 на овој член, едукацијата мо же да се врши и во деловните простории на правните лица во кои при вршење на инспекцискиот надзор е утврдена неправилност. Едукацијата се врши по потреба, а најмалку два па ти во месецот. Член 4 За спроведената едукација се составува записник кој содржи: назив на органот кој ја спроведува едукацијата; податоци за физичкото лице (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење) односно за правното лице кое се повикува на едукација (назив и седиште,ЕДБ, одговорно лице во субјектот на надзорот) и/или пода тоци за лицето претставник на субјектот на надзорот (име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење и функција та која ја врши во субјектот на надзорот); време, дата и место каде се спроведува едукација та; име и презиме на државниот инспектор за живот на средина односно водостопанскиот инспектор кој ја спроведува едукацијата и укажување на одредбата на чија примена е утврде на неправилност за која се спроведува едукацијата и на мерките кои следат доколку не се отстрани неправил носта во определениот рок. Записникот од став 1 на овој член го потпишува инспекторот и лицето кое се едуцира. Примерок од записникот од став 1 на овој член се врачува на лицето односно на претставник на субјектот на надзорот кое се едуцира. Член 5 Државниот инспектор за животна средина односно водостопанскиот инспектор кој го извршил инспекци скиот надзор води единствена евиденција за спроведе ната едукација. Евиденцијата за спроведената едукација за лицата кои се едуцирани се води во пишана и електронска форма во која се запишуваат следните податоци: реден број; број и дата на поканата за едукација; дата и место на едукацијата; предмет на едукацијата; податоци за лицето односно субјектот на надзорот кое се едуцирало; име и презиме на државниот инспектор за живот на средина односно водостопанскиот инспектор кој ја извршил едукацијата и забелешка. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Репуб лика Македонија“. Бр. 07-6258/5 16 август 2011 година Министер, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р. 1 септември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 118 - Стр. 19

Regulation on the form and content of the invitation for education, the manner of education conduction, as well as the manner of keeping records of conducted education · Nelum