Regulation on the form and content of the document on the origin of the fish and the manner of its issuance and completion
颁布于 2010-12-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на документот за потеклото на рибата и начинот на неговото издавање и пополнување.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Fisheries and aquaculture
- 关键词
- certification, traceability
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 73 став 3 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ број 7/08 и 67/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ДОКУМЕНТОТ ЗА ПОТЕКЛОТО НА РИБАТА И НАЧИНОТ НА НЕГОВОТО ИЗДАВАЊЕ И ПОПОЛНУВАЊЕ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на документот за потеклото на рибата и начинот на неговото издавање и пополнување. Член 2 Документот за потеклото на рибата се издава на образец во А5 формат на лајмована индигирана хартија во бела боја. Документот за потеклото на рибата содржи: Натпис “Пропратен лист за потекло (прва продажба) на рибата", реден број и датум на издавање на пропратниот лист, назив на правното лице, односно име и презиме на физичко лице - испорачател, седиште на правното лице, односно адреса на физичкото лице - испорачател, риболовна вода на која се наоѓа објектот за производство на риба или риболовниот пункт, ЕДБ на испорачател, име и презиме на физичкото, односно назив на правното лице - купувач, адреса на физичко лице, односно седиште на правното лице - купувач, име и презиме на лицето кое врши транспорт, регистерска ознака на превозното средство, крајна дестинација на рибата, дата и место на утовар, податоци за видот на рибата, вкупната тежина, квалитетот, единечна цена по килограми вкупна цена за пратката, место за потпис на испорачател, потпис на лице кое врши транспорт и потпис на купувач и место за печат. Член 5 Документот за потеклото на рибата се издава во три копии, од кои едната ја задржува испорачателот, втората лицето кое врши транспорт, а третата копија купувачот на рибата. Документот за потекло на риба се пополнува за секоја пратка поединечно. Испорачателот на рибата го пополнува документот за потекло на рибата пред почетокот на транспортот. Трите примерока од документот за потеклото на рибата ги потпишуваат испорачателот и лицето кое врши транспорт. Двата примерока ја придружуваат пратката и се потпишуваат од страна на купувачот по испораката, односно приемот на рибата. Формата и содржината на документот за потеклото на рибата е даден во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08-7948/1 Министер за земјоделство, 9 август 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср Документ за потеклото на рибата Прилог РЕДЕН БРОЈ ДАТУМ НА ИЗДАВАЊЕ НАЗИВИМЕ НАЗИВИМЕ Ши КУПУВАЧ АДРЕСА ! АДРЕСА! СЕДИШТЕ СЕДИШТЕ РИБОЛОВНА ВОДА ИМЕ И ПРЕЗИМЕ НА ЛИЦЕ КОЕ ВРШИ ТРАНСПОРТ РИБНИК ПУНКТ РЕГИСТЕРСКА ОЗНАКА НА ПРЕВОЗНОТО СРЕДСТВО ЕДБ КРАЈНА ДЕСТИНАЦИЈА НА РИБАТА УТОВАР ДАТА МЕСТО ВКУПНА ЕДИНЕЧНА вид ТЕЖИНА (КГ) КВАЛИТЕТ ЦЕНА (КГ) ВКУПНА ЦЕНА свежина големина (категорија) (категорија) ПОТПИС НА ИСПОРАЧАТЕЛ ПОТПИС НА ЛИЦЕТО КОЕ ВРШИ ПОТПИС НА КУПУВАЧ ТРАНСПОРТ мп мп