Regulation on the form and content of the declaration and detailed conditions for labelling fertilizers
颁布于 2013-06-24 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на декларацијата и поблиските услови за означувањата на ѓубрињата.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- fertilizers/nutrients, standards, internal trade, packaging/labelling, certification, plant production
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Стр. 30 - Бр. 95 4 јули 2013 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО 2300. Врз основа на член 31 став 5 од Законот за ѓубриња (,,Службен весник на Република Македонија“, бр. 110/07, 20/09, 17/11, 148/11 и 69/13 )министерот за зем јоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАTA И СОДРЖИНАТА НА ДЕКЛАРАЦИЈА ТА И ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ОЗНАЧУВАЊАТА НА ЃУБРИЊАТА( * ) Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и сод ржината на декларацијата и поблиските услови за ква литет и означувањата на ѓубрињата. Член 2 Поимите кои се употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „Декларирање“ е процес на определување и презентирање на количините на хранливи состојки вклучително со нивните форми и растворливост, гаран тирани со наведените толеранции; 2. „Означувањето на ѓубрињата“ е опис (пода тоци-информации) наменети да го информираат потро шувачот на хранливите елементи на ѓубрето; 3. „Збир на пакување“ е пакување кое содржи две или повеќе количина и содржина на исти по единечни ѓубриња; 4. „Серија“ е единица на ѓубре во промет кое е преработен или спакуван под исти услови и во исто време; 5. „Декларирана содржина“ означува содржина на елемент или негов оксид даден на етикета на ѓубрето или на соодветен придружен елемент и 6. „Состојка“ е елемент наброен во опаѓачки редо след според тежината која била евидентирана при нив ното користење во производството на ѓубрето . Член 3 (1) Поставување на декларацијата треба да биде во согласност со видот на ѓубрето, биостимулатор и по добрувач на почвата и големината на пакувањето. (2) Кај ѓубрето, биостимулаторите и подобрувачите на почвата кои се пакувани во пакувања поголеми од 20 кг декларацијата треба да биде сошиена на вреќата . (3) Кај ѓубрето, биостимулаторите и подобрувачите на својствата на почвата кои се пакувани во пакувања помали од 20 кг , декларацијата треба да биде дополни телно залепена или додадена, при што да се обезбеди дека истата не може да биде заменета. Член 4 (1) Декларацијата за секое ѓубре, биостимулатор и подобрувач на почвата особено содржи податоци за : трговско име на ѓубрето; вид на ѓубрето; тип на ѓубрето; назив на производителот; адреса на производителот и земја на потекло; назив на увозникот; Со овој правилник се врши усогласување на Регулативата (ЕC) 2003/2003 на Европскиот парламент и Советот од 13 октом ври 2003 година која се однесува на ѓубрињата CELEX бр. 32003 R2003. седиште на увозникот; број на решение за увоз на ѓубриња; број на решение за производители на ѓубриња; физички својства на ѓубрето; хемиски состав на ѓубрето; дополнителни елементи на ѓубрето ; датум на производството; рок на употреба; земја од која се увезува и предупредување за опасност при употреба. (2) Декларацијата се печати на бела хартија со А/4 формат. (3) Формата и содржината на декларацијата е даде на во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 5 При увоз на ѓубрето кон декларацијата се приложу ваат и следните документи; упатството за употреба на ѓубрето; упатството за одржување на ѓубрето и изјавата на производителот за усогласеноста на ѓубрето со пропишаните услови. Член 6 Ако ѓубрето е произведено во согласност со генет ски модифицирани организми се означува со ознаката „генетски модифицирано ѓубре“ или „ произведен од ГМО“. Член 7 (1) Означувањето на состојките на ѓубрињата се врши со ознаката „состојки“ во кои е вклучен список на сите состојки наброени во опаѓачки редослед според тежината што била евидентирана при нивното користе ње во производството на ѓубрето. (2) Во списокот на состојки на течните ѓубриња се наведува и додадената вода и производи што испарува ат според нивната тежина во готовиот производ. Член 8 (1) Рокот на траење на ѓубрето се означува со озна ките: „Употребливо до“ кога датумот го вклучува и оз начениот ден и „Употребливо до крајот на“ во други случаи . (2) Кај ѓубрето се означува и описот на условите за чување на ѓубрето ако ѓубрето може да се чува опреде лен период. (3) Датумот од став (1) на овој член се означува со ден, месец и година во некодирана хронолошка форма. Член 9 (1) Серијата се означува јасно на видно место на па кувањето, (2) Серијата не треба да се означи ако на амбалажа та е ставен рокот за употреба кој го содржи и денот и месецот редоследно. Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Репуб лика Македонија”. Бр.17-59/3 Министер за земјоделство, 24 јуни 2013 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р. 4 јули 2013 Бр. 95 - Стр. 31