Regulation on the form and content of the certificate, the manner of its issuance, as well as the procedure for collection, packaging, transport and storage of organic products
颁布于 2010-11-26 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на потврдата, начинот на нејзиното издавање, како и постапката за собирање, пакување, превоз и складирање на органски производи.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Agricultural and rural development, Food and nutrition
- 关键词
- ecological production/organic production, packaging/labelling, processing/handling, transport/storage, certification, legal proceedings/administrative proceedings
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Врз основа на член 18, став (3) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ПОТВРДАТА, НАЧИНОТ НА НЕЈЗИНОТО ИЗДАВАЊЕ, КАКО И ПОСТАПКАТА ЗА СОБИРАЊЕ, ПАКУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И СКЛАДИРАЊЕ НА ОРГАНСКИ ПРОИЗВОДИ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на потврдата, начинот на нејзиното издавање, како и постапката за собирање, пакување, превоз и складирање на органски производи. Член 2 (1) Потврдата дека регионите во периодот не пократок од три години пред вршењето на собирањето на самоникнати растенија и нивни делови не биле третирани со средства кои не се дозволени за употреба во органското земјоделско производство се издава во писмена форма и содржи податоци за шуми и шумско земјиште кое не е третирано со средства за заштита на растенијата кои не се дозволени во органското земјоделско производство. (2) Формата и содржината на потврдата од став (1) на овој член се дадени во прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Потврдата од член 2 на овој правилник се издава по поднесено барање на заинтересираниот субјект, врз основа на податоците од службените евиденции што се водат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 4 Органските производи се собираат, пакуваат, превезуваат и складираат нa начин кој обезбедува јасно одвојување од производите од редовното производство. Член 5 Субјектите кои вршат преработка на органски производи истовремено може да собираат производи кои потекнуваат од органско и редовно земјоделско производство, доколку е извршено соодветно обележување на производите и e оневозможено мешање на производи со различен статус. Сите информации (*) Сп пвпј правилник се врши успгласуваое сп Регулативата на Кпмисијата (ЕЗ) бр.889/2008 пд 5 септември 2008 гпд. сп кпја се утврдуваат правилата за спрпведуваое на Регулативата на Спветпт (ЕЗ) бр. 834/2007 за прганскп прпизвпдствп и етикетираое на прганските прпизвпдивп пднпс на прганскптп прпизвпдствп, етикетираое и кпнтрпла, CELEX бр. 32008R0889. поврзани со денот на собирањето, часот, рутата, како и денот и времето на приемот на производите, субјектот треба да ги чува и да ги направи достапни за контролното/сертификациско тело. Член 6 (1) Субјектот обезбедува превоз на органските производи до другите единици, вклучувајќи ги и продавниците на големо и мало, само во соодветно пакување, амбалажа и возила, затворено на начин кој ќе оневозможи промена на содржината без да се манипулира или оштети етикетата или амбалажата, без да се исклучи примената на други ознаки предвидени со закон. (2) Етикетата ги содржи следните податоци: а) име и адреса на субјектот, а кога е во прашање друго лице, на сопственикот или продавачот на производот; б) име на производот или опис на крмната смеса придружено со ознаки кои упатуваат на органскиот начин на производство и в) име на контролното/сертификациско тело и бројот на сертификатот; (3) Податоците од став (2) точки а), б) и в) на овој член може да се содржат и на придружниот документ, доколку таквиот документ може недвосмислено да се поврзе со пакувањето, амбалажата или возилото за превоз на производот и истиот треба да содржи податоци за добавувачите и/или превозниците. (4) Пакувањето, амбалажата или возилото не е потребно да се затвара кога: а) превозот се извршува непосредно помеѓу два субјекти; б) производите се придружени со документ во кој се наведени податоците утврдени во став (2) точки а), б) и в) на овој член и в) испраќачот и примачот водат документирана евиденција за извршениот транспорт и истата е достапна за контролното/сертификациско тело. Член 7 При превоз на добиточна храна до други производни или подготвителни единици или складишта, субјектите треба да се погрижат да бидат задоволени и следните услови: а) за време на превозот, органски произведената добиточна храна, добиточната храна во преод и добиточната храна од редовно производство, треба физички да бидат одвоени; б) возилата и/или амбалажата со кои се превезувале производите од редовното производство може да се користат за превоз на органските производи само доколку: пред почеток на превозот на органските производи се извршат соодветни мерки за чистење со проверена делотворност, при што субјектот треба да води евиденција за спроведувањето на ваквите мерки; субјектот води документирана евиденција за извршениот превоз и истата е достапна за контролното/сертификациско тело; в) превозот на финален органски производ физички или временски да се одвои во превозот на други финални производи; и г) за време на превозот, да се води евиденција за количеството на производите на почетокот и секое поединечно испорачано количество во текот на една доставна тура. Член 8 (1) Просториите за складирање на производите треба да овозможат идентификација на сериите/партиите на производство и да оневозможат мешање или загадување со производи и супстанции кои не се во согласност со прописите за органско земјоделско производство. Органските земјоделски производи треба да се јасно означени и лесно да се идентификуваат во секое време. (2) Во производната единица за органско растително или органско сточарско производство, не треба да се врши складирање на инпути кои не се дозволени со Законот за органско земјоделско производство. (3) Во стопанството во одделен простор може да се складираат алопатски ветеринарни медицински средства и антибиотици, под услов истите да се препишани од страна на ветеринар и да се внесени во евиденцијата за сточарското производство. (4) Во случај кога субјектите во исти простории складираат или ракуваат со органски производи и co производи од редовното производство потребно е: а) органските производи да се складираат одвоено од другите земјоделски производи; б) да се преземат соoдветни мерки за да се овозможи идентификација на сериите/партиите на секоја пратка и за да се оневозможи мешање или зaмена со производите од редовното производство и в) пред складирањето на органските производи да се спроведат соодветни мерки за чистење, чија делотворност е проверена, и за чие спроведување се води евиденција. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје