跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the application for taking the exam for obtaining a license for tobacco assessment, the license for tobacco assessment, the manner of applying and conducting the exam as well as the programme and the necessary literature for taking the exam for obtaining a license for tobacco

颁布于 2019-09-06 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на барањето за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун, лиценцата за процена на тутун, начинот на пријавувањето и спроведувањето на испитот како и програмата и потребната литература за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
education, inspection, authorization/permit, tobacco, agricultural commodities
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 194 од 23.9.2019 година 1 од 7 20191943115 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 47 став 4 од Законот за тутун, произволи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН, ЛИЦЕНЦАТА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУН, НАЧИНОТ НА ПРИЈАВУВАЊЕТО И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИСПИТОТ КАКО И ПРОГРАМАТА И ПОТРЕБНАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНА НА ТУТУНОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на барањето за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на тутун, лиценцата за процена на тутун, начинот на пријавувањето и спроведувањето на испитот како и програмата и потребната литература за полагање на испит. Член 2 Барањето за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутун се поднесува на хартија во бела боја во А-4 формат. Формата и содржината на барањето од став 1 на овој член се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Лиценцата за процена на тутун се издава на пластифицирана хартија со димензии 21X30 см со златно-жолта боја. Формата и содржината на лиценцата за процена на необработен тутун се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Кандидатот за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на необработен тутун поднесува барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство врз основа на претходно објавено соопштение, кон кое се доставува потребната документација. Член 5 Со испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун се проверува знаењето на кандидатите за проценување на необработен тутун при откупот. Испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун се полага пред Комисија. Комисијата составува испитни прашања врз основа на Програмата, го изведува испитот и утврдува дали кандидатот го положил испитот. Испитот за добивање на лиценца за процена на тутун се полага според Програма за полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун. Содржината на Програмата е дадена во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 194 од 23.9.2019 година 2 од 7 Член 6 Испитот се состои од два дела: (теоретски и практичен) Со теоретскиот дел од испитот се врши проверка на теоретското знаење на кандидатите на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи и Правилникот за мерилата за квалитативна и квантитативна процена на необработениот тутун во лист. Теоретскиот дел од испитот содржи вкупно шест прашања и тоа: едно прашање од дел I на Програмата, три прашања од дел II на Програмата и две прашања од дел III на Програмата. Овој дел од испитот е во времетраење од 60 минути. Теоретскиот дел се полага писмено и секое прашање има три понудени одговори, од кои еден одговор е точен и истиот треба да се заокружи. Со практичниот дел од испитот се врши директна проверка на кандидатите во познаването на тутунската суровина за квалитативно и квантитативно органолептичко проценување при откупот на необработениот тутун. Член 7 По утврдувањето на исполнетоста на условите за полагање на испитот, комисијата го известува кандидатот за денот, часот, местото за полагање на испитот и за потребните трошоци за полагање на испитот. Член 8 Испитните рокови се определуваат по потреба во зависност од бројот на пријавените кандидати. Кандидатот кој нема да го положи испитот има право да го полага во наредниот испитен рок. Член 9 Кандидатот кој нема да дојде да го полага испитот или дојде, а не го полага, се смета дека испитот не го полагал. Ако во наредниот рок определен за полагање на испитот кандидатот не пристапи кон полагање на испитот или изјави дека се откажува од испитот ќе се смета дека не го положил испитот. Член 10 За текот на полагањето на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун се води евиденција за кандидатите и по завршувањето на полагањето се составува записник од завршениот испит. Записникот се потпишува од претседателот и членовите на комисијата. Потпишаниот записник од завршеното полагање на испитот за добивање на лиценца за процена на необработен тутун се архивира од овластената наставно-научна институција и се доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Член 11 Кандидатот кој го положил испитот се здобива со лиценца за процена на необработен тутун. Член 12 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на лиценцата за процена на тутун и начинот и Програмата за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот („Службен весник на Република Македонија“ бр.21/07 и 165/11). Службен весник на РМ, бр. 194 од 23.9.2019 година 3 од 7 Член 13 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. Бр.8335/3 Министер за земјоделство, 6 септември 2019 година шумарство и водостопанство, Скопје Трајан Димковски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 194 од 23.9.2019 година 4 од 7 Службен весник на РМ, бр. 194 од 23.9.2019 година 5 од 7 Службен весник на РМ, бр. 194 од 23.9.2019 година 6 од 7 Службен весник на РМ, бр. 194 од 23.9.2019 година 7 од 7

Regulation on the form and content of the application for taking the exam for obtaining a license for tobacco assessment, the license for tobacco assessment, the manner of applying and conducting the exam as well as the programme and the necessary literature for taking the exam for obtaining a license for tobacco · Nelum