Regulation on the form and content of the application for authorization to perform public services in the field of livestock production, the necessary documentation, the form and the content of the request for failure of issuance of the decision for granting authorization for performing public services in the field of livestock breeding, and on the rejection of the application for issuing the authorization for performing public services in the field of livestock breeding
颁布于 2013-04-25 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството, потребната документација, како формата и содржината на барањето заради недонесување на решение за давање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството, односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal production, authorization/permit, legal proceedings/administrative proceedings, procedural matters
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на Република Македонија број 67/13 Врз основа на член 60 став 5 од Законот за сточарството (,,Службен весник на Република Македонија бр. 07/08, 116/10 и 23/13) министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА СТОЧАРСТВОТО, ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА, КАКО ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ДАВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА СТОЧАРСТВОТО, ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОВЛАСТУВАЊЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНИ УСЛУГИ ОД ОБЛАСТА НА СТОЧАРСТВОТО Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на барањето за овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството, потребната документација, како формата и содржината на барањето заради недонесување на решение за давање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството, односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството. Член 2 (1) Барањето за овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството се поднесува на образец на хартија во бела боја со формат А-4, кој е даден во Прилог 1 и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став (1) на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на јавната услуга за која се бара овластување, назив на правното лице- подносител на барањето,,адреса и седиште на правното лице - подносител на барањето, ЕМБС на правното лице, презиме и име на одговорното лице во правното лице, контакт телефон, датум и место на поднесување на барањето,потпис на подносителот на барањето и место за печат. Член 3 Потребната документација која се поднесува кон барањето од член 1 на овој правилник е следната: 1. Доказ за упис во Централниот регистер на Република Македонија; 2. Доказ за позитивен бонитет; 3. Копија од образецот М1/М2 за вработениот стручен кадар во редовен работен однос кај правниот субјект заверена на нотар и Службен весник на Република Македонија број 67/13 4. Изјава за соодветна техничка опременост заверена и потпишана од одговорното лице на правниот субјект. Член 4 (1) Барањето заради недонесување на решение за давање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството, односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството се поднесува на образец: ,,Барање заради недонесување на решение за давање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството, односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството” , во формат А-4 во бела боја кој е даден во Прилог 2 и е составен дел на овој правилник. (2) Образецот на барањето од став 1 на овој член содржи: назив на органот до кој се поднесува барањето, во средишниот дел назив на барањето, назив на правното лице подносител на барањето, седиште на правното лице- подносител на барањето, краток опис поради што се поднесува барањето, датум и место за потпис на поднесителот на барањето и место за печат. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во ,,Службен весник на Република Македонија,,. Бр. 08-13176/4 25.04.2013 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски Службен весник на Република Македонија број 67/13 Прилог 1 ДО Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Б А Р А Њ Е за овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството Назив на јавната услуга за која се бара овластување од (назив на правното лице- подносител на барањето) од , (град) (адреса и седиште на правното лице- подносител на барањето) со , (ЕМБС на правното лице) (презиме и име на одговорното лице во правното лице) (контакт телефон) Датум Подносител на барањето Скопје с.р М.П Службен весник на Република Македонија број 67/13 Прилог 2 ДО Писарницата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Б А Р А Њ Е заради недонесување на решение за давање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството, односно заради недонесување на решение за одбивање на барањето за издавање на овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството Од (назив на правното лице- подносител на барањето) (седиште на правното лице- подносител на барањето) Краток опис поради што се поднесува барањето: Молам согласно рокот утврден во член 60 став 3 од Законот за сточарството министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство да постапи по барањето за овластување за вршење на јавни услуги од областа на сточарството поднесено под број од до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, чија копија ви ја доставувам во прилог Датум и место на поднесување Подносител на барањето М.П.