跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of the application for obtaining a permit, as well as the form and content of the permit for a landfill operator

颁布于 2007-10-09 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на барањето за добивање дозвола, како и формата и содржината на дозволата за оператор на депонија.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Waste and hazardous substances
关键词
authorization/permit, waste disposal, waste management

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 1 од 8 Врз основа на член 84, став 7 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 71/04 и 107/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗА ДОБИВАЊЕ ДОЗВОЛА, КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ДОЗВОЛАТА ЗА ОПЕРАТОР НА ДЕПОНИЈА Член 1 (1) Со овој правилник се пропишуваат формата и содржината на барањето за добивање дозвола, како и формата и содржината на дозволата за вршење на дејност оператор на депонија. Член 2 (1) Барателот барањето за издавање на дозвола за оператор на депонија го поднесува на образецот од Прилог бр.1 кој е составен дел на овој правилник. (2) Барањето од став 1 на овој член се поднесува во три примероци во писмена форма до Министерството за животна средина и просторно планирање (во натамошниот текст: министерството). (3) Зависно од содржината на поднесеното барање кон образецот се приложуваат и потребните документите согласно член 4 на овој правилник. (4) Барањето треба да биде потпишано од лицето овластено за застапување и претставување заверено со негов печат. (5) Барањето се смета за поднесено од датумот кога истото е комплетирано. Член 3 (1) Кон барањето за добивање на дозвола за оператор на депонија, се приложува следната документација: Решение за упис во трговски регистер; Потврда за бонитетот на барателот; Уверение на Управата за јавни приходи за платени даноци и други јавни давачки пропишани со закон; Финансиски извештаи изготвени во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди за последните три години, со извештаи од овластен ревизор за извршена ревизија ако обврската за ревизија е утврдена со закон, а за ново формирано прaвни субјекти доказ за извори на финансиски средства потребни за вршење на дејноста; Потврда дека не е отворена постапка за стечај или ликвидација; Потврда дека против барателот со правосилна одлука на надлежен орган не е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење на дејност во областа на управувањето со отпадот или забрана за вршење на професија, должност или дејност; Потврда за финансиска гаранција или соодветно осигурување, кое би било доволно за покривање на трошоците за управување со отпад и трошоците за елиминирање на штетните ефекти од дозволените дејности без оглед дали настанале за време или по истекот на дозволата; Потврда дека правното лице има вработено најмалку три лица со висока стручна подготовка од областа на природните и техничките науки; Програма за работа, мониторинг и за контрола како и програма за затворање и за понатамошна грижа по затворањето на депонијата; „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 2 од 8 Изјава за веродостојност на барањето, дадените податоци и на документацијата, потпишана од барателот или лицето овластено за застапување и претставување на барателот дадена на образец од Прилог бр. 2 кој е составен дел на овој правилник. Потврда за уплатена административна такса. Член 4 (1) Формата и содржината на дозволата за оператор на депонија е дадена на образец од Прилог бр. 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 07-5833 9 октомври 2007 година Министер, Скопје Џелил Бајрами, с.р. „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 3 од 8 „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 4 од 8 „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 5 од 8 „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 6 од 8 „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 7 од 8 „Службен весник на РМ“ бр. 140 од 21.11.2007 година 8 од 8

Regulation on the form and content of the application for obtaining a permit, as well as the form and content of the permit for a landfill operator · Nelum