Regulation on the form and content of recreational fishing license and manner of its issuance
颁布于 2010-12-07 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзино издавање.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Fisheries and aquaculture
- 关键词
- fishing authorization, inland fisheries, non-commercial fishing, procedural matters, fishery management and conservation, authorization/permit
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 49 став 9 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр.2/08 и 67/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ЛЕГИТИМАЦИЈАТА ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ И НАЧИНОТ НА НЕЈЗИНО ИЗДАВАЊЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов и начинот на нејзино издавање. Член 2 Легитимацијата за рекреативен риболов се издава на образец во форма на пластична картичка со димензии 5,4 х 8,5 сантиметри. Предната страна на легитимацијата за рекреативен риболов е со светло сина боја со лого на Македонската риболовна федерација и содржи текст Легитимација за рекреативен риболов број, Датум на издавање „место за фотографија и бар код, име и презиме, адреса и место на живеење, број на лична карта и риболовно здружение. Задната страна на легитимацијата за рекреативен риболов е со бела боја и на неа се лепат маркици за годината на нејзиното времетраење. Маркицата за продолжување на легитимацијата е во форма на круг со дијаметар од 3 цм. Изработена е од леплива фолија во сребрена боја со текст важи за година врз која е аплициран сув печат на Македонската риболовна федерација. Формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов е дадена во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Легитимациите за рекреативен риболов Македонската риболовна федерација ги издава на риболовни здруженија кои доставиле барање за издавање на легитимациите за своите членови. Кон барањето риболовните здруженија доставуваат список на рекреативни риболовци членови на здружението за кои се бараат легитимациите со доказ за платен надомест за нивното издавање. Член 4 Со денот на влегување во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за формата и содржината на образецот на легитимацијата за рекреативен риболов, формата и содржината на образецот на дозволите за рекреативен риболов и формата и содржината на образецот за водење евиденција за број на издадени дозволи и уловената риба (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/08). Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија", а ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2011 година. Бр. 08 - 11095/1 Министер за земјоделство, шумарство 7 декември 2010 година и водостопанство, Скопје ЈБупчо Димовски, ср. Образец на легитимацијата за рекреативен рибопов Предна страна ПЕГИТИМАЦИЈА оз ЗА РЕКРЕАТИВЕН РИБОЛОВ . ж се . 5 | “е е наи Име и презиме ддреса и место на жикеен Број на лична карга Риболовно здружение задна страна Место за пепење маркици