Regulation on the form and content of records on purchased and processed quantities of tobacco, the manner of keeping and submitting the records
颁布于 2020-11-18 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината на евиденциите за откупени и обработени количини на тутун, начинот на водењето и доставувањето на евиденциите.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- internal trade, international trade, plant production, processing/handling, data collection/reporting, tobacco, agricultural commodities
- 类别
- *, agriculture
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РСМ, бр. 278 од 23.11.2020 година 1 од 4 20202783741 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 41 став 3 од Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19 и 27/20), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ЕВИДЕНЦИИТЕ ЗА ОТКУПЕНИ И ОБРАБОТЕНИ КОЛИЧИНИ НА ТУТУН, НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕТО И ДОСТАВУВАЊЕТО НА ЕВИДЕНЦИИТЕ Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на евиденциите за откупени и обработени количини на тутун, начинот на водењето, како и доставувањето на евиденциите. Член 2 Eвиденцијата за откупените и евиденцијата за обработените количини на тутун се водат во електронска или пишана форма. Член 3 Евиденцијата за вкупно откупените количини на тутун откупувачот ја води на годишно ниво за откупените количини тутун од тековната реколта преку информативен систем за евиденција на тутун (во понатамошен текст: ИСЕТ). Дневната евиденција за откупените количини на тутун од претходниот ден се води во тековниот а најдоцна наредниот ден до 12 часот преку ИСЕТ. Евиденцијата за обработените количини на тутун се води еднаш месечно, за обработените количини во претходниот месец. Член 4 Формата и содржината на евиденцијата за вкупно откупените количини на тутун од член 3 став 1 на овој правилник се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. Член 5 Формата и содржината на дневната евиденција за откупените количини на тутун од член 3 став 2 на овој правилник се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 6 Формата и содржината на евиденцијата за обработените количини на тутун од член 3 став 3 на овој правилник се дадени во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на водењето, доставувањето на евиденцијата и формата и содржината на образецот на евиденцијата за откупените и обработените количини на тутун („Службен весник на Република Македонија“ бр.165/11, 11/12, 52/14 и 183/15). Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”. Бр.29 -6593/4 Министер за земјоделство, 18 ноември 2020 година шумарство и водостопанство, Скопје Arjanit Hoxha, с.р. Службен весник на РСМ, бр. 278 од 23.11.2020 година 2 од 4 Службен весник на РСМ, бр. 278 од 23.11.2020 година 3 од 4 Службен весник на РСМ, бр. 278 од 23.11.2020 година 4 од 4