跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the form and content of forms for cross-border transport of hazardous waste

颁布于 2003-05-29 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за формата и содржината на обрасците за прекугранично пренесување на опасен отпад.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Waste and hazardous substances
关键词
certification, transboundary movement of waste, waste management

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 21 став 5 од Законот за заштита и унапредување на животната сре дина и природата (�Службен весник на Република Македонија� бр. 69/96, 13/99, 41/2000, 96/2000 и 45/2002), министерот за животна средина и просторно планирање, донесува П Р А В И Л Н И К ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАСЦИТЕ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНО ПРЕ НЕСУВАЊЕ НА ОПАСЕН ОТПАД Член 1 Со овој правилник се пропишува формата и содржината на обрасците за прекугранично пренесување на опасен отпад согласно Законот за ратификација на Базелската конвенција за контрола на прекугранично пренесување на опасниот отпад и негово одлагање Анекс V А и Анекс V Б (�Службен весник на Република Македонија� бр. 49/97). Член 2 Известување со упатството за начинот на пополнување (Прилог 1) и патниот налог со упатството за начинот на пополнување (Прилог 2) се поднесуваат на обрасци кои се соста вен дел на овој правилник. Член 3 Овој правилник влегува во сила од денот на објавувањето во �Службен весник на Ре публика Македонија�. Бр. 01-2170/1 Министер, 29 мај 2003 година Љубомир Јанев, с.р. Скопје 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Упатство за пополнување на патниот налог (образец за превоз) Полиња 1 - 2. Податоците во овие полиња се внесуваат идентично со податоците од полињата 1, 2 и 10 на образецот за известувањето. Поле 3. Во ова поле се впишува бројот од образецот за известување за соодветната пра тка и се назначува дали се работи за еднократен превоз (единечно движење) или повеќе кратен превоз (генерално известување). Поле 4. Во ова поле во случаите на повеќе пратки се впишува серискиот број на пра тката во однос на вкупниот број на пратки (на пр. 4/11 за четвртата пратка од планираните единаесет). Полиња 5 - 7. Во овие полиња се впишува име, полната адреса, броеви на телефони, те лефакси или телекси на сите превозници на отпадот ако ги има повеќе и името, полната адреса, броевите на телефоните, телефаксите или телекси на лицето за контакт потребно во случај на инцидент. Кога се работи за повеќе превозници, податоците за секој од нив се внесуваат во прилогот. Полиња 8 - 9. Податоците во овие полиња се впишуваат идентично со податоците од полињата со исти редни броеви на образецот за известување. Полиња 10 - 12. Во овие полиња се впишуваат видот на транспортот, бројот на лицен ца и/или регистарскиот број на превозното средство како и потписот на превозникот или лице кој е овластен за потпишување. Секоја промена на превозникот мора да содржи цело име, адреса, броеви на телефони и телефакси, број на лиценца и број на регистрацијата на превозното средство, датум на претоварот на пратката со место на претоварот, како и пот пис на превозникот (или потпис на лице овластено за потпишување). Првиот датум на утоварот мора да биде идентичен со датумот на почетокот на прекуграничниот превоз. Полиња 13 - 16. Податоците во овие полиња се внесуваат идентично со податоците од полињата со исти редни броеви на образецот за известување. Поле 17. Во ова поле се впишуваат количината во килограми или во литри за секоја пратка и кога тоа е можно да се приложи образецот за мерењето. Поле 18. Во ова поле да се впишува начините на пакување и бројот на пакувањето. Поле 19. Податоците во ова поле треба да се внесуваат идентично со податоците од по лињата 17, 18 и 19 на образецот за известување. Поле 20. Во ова поле се наведуваат некои превентивни мерки кои се однесуваат на пра тката посебни побарувања при ракување со отпадоците вклучително и одредби за итност во случај на инцидент, а кои се однесуваат на преработувачите на отпад и вработените кои ракуваат со отпадот. Поле 21. Се впишува точниот датум на почетокот на превозот. Оваа дата треба да се совпадне со датата на почетокот на превозот внесена во полето 10 на овој образец. Поле 22. Пред почетокот на превозот на пратката овластеното лице на извозникот/про изводителот на отпадот мора да го потврди овој образец со свој потпис и дата. Со тоа исто така се заверува вистинитоста на сите податоци и постоењето на финансиска гаранција ко ја ќе биде во сила во текот на прекуграничниот превоз на отпад. Поле 23. Го заверува увозникот (ако не е преработувач/одлагач) на отпадот при прие мот на отпадот на преработка/одлагање. Се внесуваат примените отпадоци во килограми и/или во литри, датата на приемот, името на увозникот, потпис и дата од овластено лице. Потпишана копија од образецот се дава на превозникот. Во соодветниот квадрат се озна чува со впишување на �Х� дали пратката е примена или одбиена. Ако пратката е одбиена, примачот мора итно да го извести својот надлежен орган. Ако пратката е прифатена во рок од три дена примачот на отпадот мора да испрати потпишана копија до извозни 10 11 кот/производител на отпадот и до надлежен орган на заинтересираните држави. Оригина лот од патниот налог мора да ја следи секоја пратка од почетокот на превозот се до нејзи ното пристигнување на одлагањето/преработување. Поле 24. Ова поле го пополнува одлагачот/преработувачот на отпадот при приемот на отпадот на обработка или одлагање. Во квадратите се впишува �примено� или �одбиено�, примена количина, датум на прием и име на лицето кое го примило отпадот. Ако пратката е одбиена, примачот мора итно да го извести својот надлежен орган. Ако пратката е при фатена, во рок од три дена примачот на отпадот мора да испрати потпишана копија до из возникот/давател на известувањето и до надлежниот орган на заинтересираните држави. Поле 25. Ова поле го пополнува одлагачот /преработувачот на отпадот поради заверка на преработката/одлагањето на отпадот. Се впишуваат датумот на преработката/одлагање то и постапката на обработка/одлагање на отпадот. Поле 26 - 28. Пополнувањето на овие полиња не е посебно барано со Базелската кон венција. Податоците во нив служат за контрола од страна на царинските испостави на др жавите извозници, државите на транзитот и државите на увозот. Одделни држави бараат царинските испостави да достават копија од образецот за превоз до надлежниот орган на државата кога отпадот го напушта подрачјето на таа држава. Општи напомени: Извозникот/производителот на отпадоците ги пополнува полињата од 1 - 9 и од 13-22. Превозниците ги пополнуваат полињата од 10-12 (првиот поле 10, вториот поле 11 и последниот поле 12). Увозникот (ако не е истовремено и преработувач) го пополнува и поле 23. Преработувачот ги пополнува полињата 24 и 25. Полињата 26 и 27 се пополнуваат од царински органи на секоја држава при влез и из лез. Образецот за превоз (патниот налог) треба да го придружува секој товар. Во случај на генерална нотификација (известување) неопходно е секоја пратка да биде придружувана со пооделен патен налог. Во тој случај потребно е да се приложи и копие од известување то (нотификацијата) со што е дозволено прекуграничното пренесување. Извозникот/производителот на отпадоците го пополнува патниот налог пред испраќа њето на отпадоците. Првиот превозник го пополнува и го потпишува поле 10. Копие од потпишаниот патен налог остава кај извозникот/давателот на известувањето. При трансфер на отпадоците секој нареден превозник го пополнува поле 11 односно поле 12 на ист начин како и првиот превозник. Во случај кога превозниците се повеќе од три тогаш истите податоци за нив се приложуваат во прилог на патниот налог при што се кое наредно предавање на пратката на друг превозник копија од потпишаниот патен налог треба да остане кај претходниот превозник. Кога преработувачот ќе ги прими отпадоците овластеното лице од негова страна го по полнува полето 24 и копие од истото дава на последниот превозник. Исто така преработу вачот копие треба да испрати и до извозникот, надлежен орган на државата извозничка, државата увозничка и други заинтересирани надлежни органи. Кога ќе заврши преработката на отпадоците, преработувачот го пополнува полето 25 од образецот и испраќа копие до извозникот, надлежниот орган на државата извозничка, др жавата увозничка и надлежните органи. Оригиналот од образецот за превоз останува кај преработувачот. Копијата со завереното поле 25 да се достави во рок не пократок од 180 дена сметано од денот на приемот на отпадоците.

Regulation on the form and content of forms for cross-border transport of hazardous waste · Nelum