Regulation on the form and content and method of issuing and revoking of the official identification badge and form of the official veterinary identification badge/card
颁布于 2008-04-18 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација и формата на беџот на официјалниот ветеринар како и форм.и содрж. и начинот на издавање и одземање на службената легитимација на овластениот ветеринар.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- legal proceedings/administrative proceedings, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
„Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 1 од 5 20080520893 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 105 став (3) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНАТА ЛЕГИТИМАЦИЈА И ФОРМАТА НА БЕЏОТ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ВЕТЕРИНАР КАКО И ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗДАВАЊЕ И ОДЗЕМАЊЕ НА СЛУЖБЕНАТА ЛЕГИТИМАЦИЈА НА ОВЛАСТЕНИОТ ВЕТЕРИНАР Член 1 (1) Со овој правилник се пропишува формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација и формата на беџот на официјалниот ветеринар како и формата и содржината и начинот на издавање и одземање на службената легитимација на овластениот ветеринар. Член 2 (1) Службената легитимација на официјалниот ветеринар се издава на образец со димензија 6 X 9,5 cантиметри во светло сина боја кој е пластифициран и е сместен во троделна кожна обвивка со црна боја со димензија 7 X 31 cантиметри. (2) Образецот на службената легитимација на официјалниот ветеринар е сместен во внатрешната горна страна од кожната обвивка. (3) Предната страна на образецот на службената легитимација на официјалниот ветеринар содржи: „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“; „МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО “; „Управа за ветеринарство“; “место за фотографија со димензии 2,5 X 3 cантиметри”; „СЛУЖБЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА“; „ОФИЦИЈАЛЕН ВЕТЕРИНАР“, а под неа се впишуваат податоци за името и презимето на официјалниот ветеринар. Во долниот дел на златно-жолта подлога со црвена боја е отпечатен серискиот број. (4) На задната страна на образецот од став 1 на овој член е отпечатен грбот на Република Македонија и го содржи следниот текст: „Имателот на оваа легитимација е овластен да ги врши сите дејствија предвидени со Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007). Под текстот се впишуваат податоци за датумот на издавање на службената легитимација и регистерскиот број, место за печат, место за потпис на министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство. (5) Беџот се прикачува на внатрешната долна страна од кожната обвивка, во облик на штит со димензии 6 X 9,5 cантиметри, кој во горниот дел содржи сериски број, истоветен со серискиот број на легитимацијата и натписите „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ и „ОФИЦИЈАЛЕН ВЕТЕРИНАР“. (6) Образецот на службената легитимација на официјален ветеринар е даден во прилог бр. 1 кој е составен дел на овој правилник. (7) Формата и содржината на беџот на официјалниот ветеринар е дадена во прилог бр. 2. „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 2 од 5 Член 3 (1) Службената легитимација на овластениот ветеринар се издава на образец со димензија 6 X 9,5 cантиметри во светло сина боја кој е пластифициран и е сместен во дводелна кожна обвивка со црна боја со димензија 7 X 31 cантиметри. (2) Образецот на службената легитимација на овластениот ветеринар е сместен во внатрешната десна страна од кожната обвивка. (3) Предната страна на образецот на службената легитимација на овластениот ветеринар содржи: „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“; „МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО“; „Управа за ветеринарство“; “место за фотографија со димензии 2,5 X 3 cантиметри”; „СЛУЖБЕНА ЛЕГИТИМАЦИЈА“; „ОВЛАСТЕН ВЕТЕРИНАР“, а под неа се впишуваат податоци за името и презимето на овластениот ветеринар. Во долниот дел на златно-жолта подлога со црвена боја е отпечатен серискиот број. (4) На задната страна на образецот од став 1 на овој член е: отпечатен грбот на Република Македонија и го содржи следниот текс: „Имателот на оваа легитимација е овластен да ги врши сите дејствија предвидени со Законот за ветеринарно здравство („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 113/2007). Под текстот се впишуваат податоци за датумот на издавање на службената легитимација и регистерскиот број, место за печат, место за потпис на министерот за земјоделство, шумарство и водстопанство. (5) Образецот на службената легитимација на овластен ветеринар е даден во прилог бр. 3 кој е составен дел на овој правилник. Член 4 (1) Службената легитимација се издава за време додека службеното лице согласно Законот за ветеринарно здравство има статус на официјален ветеринар и на овластен ветеринар. (2) Официјалниот ветеринар и овластениот ветеринар на кого ќе му престане звањето официјален ветеринар и овластен ветеринар, ја враќа службената легитимација на Управата за ветеринарство. Член 5 (1) Официјалниот ветеринар и овластениот ветеринар кој ќе ја загуби службената легитимација или на друг начин ќе остане без неа, должен е веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа писмено да ја извести Управата за ветеринарство и да поднесе барање за издавање на нова легитимација со приложување доказ дека губењето на легитимацијата ја огласил за неважечка. (2) Во случај на губење на легитимацијата, официјалниот ветеринар и овластениот ветеринар ја огласува за неважечка на сопствен трошок. Член 6 (1) Службената легитимација се заменува со нова, во случај на дотраеност или оштетување, односно промена на личните податоци. Член 7 (1) Службената легитимација која се враќа или заменува се поништува. За поништувањето на службената легитимација се составува записник кој го потпишува имателот на легитимацијата и лицето овластено за издавање на службената легитимација. „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 3 од 5 Член 8 (1) Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер, Ацо Спасеноски, с.р. „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 4 од 5 „Службен весник на РМ“ бр. 52 од 18.04.2008 година 5 од 5