Regulation on the detailed content and the manner of preparation of short-term action plans for ambient air protection
颁布于 2014-07-11 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за деталната содржина и начинот на подготвување на краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Air and atmosphere
- 关键词
- air quality/air pollution, emissions, monitoring, policy/planning, pollution control, protection of environment, public health, meteorology
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 148 од 10.10.2014 година 1 од 3 20141484656 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 27-a став (4) од Законот за квалитетот на амбиентниот воздух („Службен весник на Република Македонија” бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12 и 163/13), министерот за животна средина и просторно планирање во согласност со министерот за здравство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДЕТАЛНАТА СОДРЖИНА И НАЧИНОТ НА ПОДГОТВУВАЊЕ НА КРАТКОРОЧНИТЕ АКЦИОНИ ПЛАНОВИ ЗА ЗАШТИТА НА АМБИЕНТНИОТ ВОЗДУХ Член 1 Со овој правилник се пропишува деталната содржина и начинот на подготвување на краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух. Член 2 Краткорочните акциони планови за заштита на амбиентниот воздух (во понатамошниот текст: краткорочни акциони планови) содржат информации и податоци за: 1) Основни карактеристики за зоните/агломерациите; 2) Состојба со квалитетот на воздухот во зоните/агломерациите; 3) Анализа на климатолошката и метеоролошката состојба; 4) Дефинирање на локацијата каде се надминати праговите на алармирање; 5) Анализа во однос на појавата на праговите за алармирање; 6) Влијанието на поедините дејности/сектори на локацијата; 7) Дефинирање и податоци за изворите на загадувањето; 8) Анализа на состојбата и факторите/причините кои допринеле за појава на надминувањата; 9) Мерки и препораки за намалување на времетраењето на надминувањето на прагот на алармирање со цел заштита на здравјето на луѓето и животната средина; 10) Детален опис на мерките кои се планираат, со дефинирани рокови и институции и останати чинители за нивна реализација; 11) Дефинирање на надлежни органи, институции и инсталации за спроведување на краткорочните акциони планови; 12) Известување на јавноста и 13) Прилози со останати документи од интерес за подготовка на краткорочни акциони планови. Член 3 (1) Информациите од член 2 точки 4) и 5) на овој правилник особено треба да содржат податоци со кои се определува во кои случаи се смета дека постои односно не постои ризик за надминување на прагот за алармирање. (2) Ризик за надминување на прагот на алармирање постои доколку: измерените концентрации на поедините загадувачки супстанци се поголеми од 80% од вредноста на прагот на алармирање и Службен весник на РМ, бр. 148 од 10.10.2014 година 2 од 3 во зоните и агломерациите има голема густина на сообраќај и големи стационарни извори, особено во зимскиот период во специфични метеоролошки услови. (3) Ризик за надминување на прагот на алармирање не постои доколку: ниедна од вредностите на измерените концентрации на поедините загадувачки супстанции за период од најмалку пет години не надминува 80% од вредноста на прагот на алармирање и ниедна од вредностите на измерените концентрации на поедините загадувачки супстанци не е поголема од 65% од вредноста на прагот на алармирање, доколку се достапни податоци за пократок временски период (од 1 до 4 години). (4) Ризик за надминување на прагот на алармирање во област поголема од 100km2 не постои, ако измерената концентрација на поедините загадувачки супстанци надминува 80% од вредноста на прагот на алармирање само на едно мерно место. Член 4 Заради намалување на времетраењето на надминувањето на прагот на алармирање во краткорочните акциони планови се наведуваат мерки и активности кои треба да се превземат и тоа: 1) Во областа на сообраќајот: ограничување, пренасочување или забрана на сообраќајот на подрачјето каде што е надминат прагот на алармирање согласно член 59 став (2) од Законот за квалитетот на амбиентниот воздухот, освен за јавниот превоз, такси возилата и возилата за специјална намена, при што во време на забраната на сообраќајот на улиците и приодите кон одреденото подрачје за забрана се поставуваат знаци на забрана; обезбедување на посебен сообраќаен режим за тешките товарни возила; користење на возила со алтернативни горива, хибридни возила, како и јавен превоз на електричен погон (трамвај); користење на велосипеди и ограничување на брзината на возење. 2) Инсталациите кои поседуваат А или Б интегрирана еколошка дозвола, а се со седиште во општините во кои се надминуваат праговите на алармирање да работат со редуцирано производство од нивните капацитети во однос на капацитетот со кој работеле во моментот на констатација на состојбата со висока концентрација на загадувачки супстанци во воздухот; 3) Административните и комерцијалните установи коишто се загреваат со сопствени ложишта во текот на надминувањето на прагот на алармирање да користат горива кои помалку ја загадуваат животната средина и 4) Зголемен инспекциски надзор на индустриските капацитети од страна на Државниот инспекторат за животна средина и овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори на единиците на локална самоуправа и градот Скопје. Член 5 Заради заштита на здравјето на населението при времетраењето на надминувањето на прагот на алармирање во краткорочните акциони планови се наведуваат препораки согласно член 2 точка 9) од овој правилник согласно кои треба да се однесува населението и тоа: упатства и совети за жителите во подрачјето каде што е надминат прагот на алармирање, за ограничено/намалено движење на отворен простор, особено за Службен весник на РМ, бр. 148 од 10.10.2014 година 3 од 3 здравствено осетливата популација (мали деца, бремени жени, постари луѓе, хронично болни); препорака да не се употребуваат уреди за затоплување на просториите и готвење на фосилни горива, особено оние без ефикасно согорување и одведување на димните гасови; препорака да се одложат чистења со средства кои содржат корозивни хемикалии, поправки во кои се користат лепаци, бои, лакови, употреба на пестициди и сите останати работи кои не се итни и неопходни, а при кои се загадува воздухот во просториите; препораки за намалување на сообраќајот на моторни возила со апел да се користат средствата за јавен превоз, а патничките возила да не се користат без поголема потреба и препорака за одлагање на јавни собири, спортски и културни манифестации и други масовни собири на граѓаните на отворени простори. Член 6 (1) Мерките од член 4 од овој правилник се определуваат врз основа на процена на потенцијалот на намалување на ризикот од опасност по здравјето на луѓето и соодветно на тоа се одредува времетраењето на мерката. (2) Ако пред предвиденото времетраење на мерката настане подобрување на квалитетот на воздух, спроведувањето на мерката може предвремено да се прекине. Член 7 Краткорочни акциони планови се подготвуваат преку собирање и обработка на податоци и информации од: државната и локалните мониторинг мрежи за квалитет на воздух; инвентарите на емисии на загадувачки супстанции во воздухот; оценката на квалитетот на воздухот на Република Македонија и оценката на метеоролошките услови и географските фактори кои што можат да имаат влијание врз квалитетот на воздухот, генерално и во кратки временски интервали. Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-7649/1 Бр. 08-7522/2 11 јули 2014 година 12 септември 2014 година Скопје Скопје Министер за животна средина и просторно планирање, Министер за здравство, Нурхан Изаири, с.р. Никола Тодоров, с.р.