跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the detailed conditions to be fulfilled by legal persons working with high poisonous substances and products in terms of personnel, organizational and technical conditions and other conditions and manner of use of high poisonous substances

颁布于 2011-09 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица кои работат со многу отровни супстанции и производи во однос на кадровските, организационо-техничките и други услови и начинот на употреба и користењето на многу отровни супстанции.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants, Waste and hazardous substances
关键词
plant protection, toxicity/poisoning, hazardous substances, procedural matters, processing/handling, education
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 35 став 3 од Законот за производи за заштита на растенијата ( „ Службен весник на Република Македонија “ бр. 110/07, 20/09, 17/11 и 53/11 ) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во согласност со министерот за животна средина и просторно планирање и министерот за здравство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КОИ РАБОТАТ СО МНОГУ ОТРОВНИ СУПСТАНЦИИ И ПРОИЗВОДИ ВО ОДНОС НА КАДРОВСКИТЕ, ОРГАНИЗАЦИОНО - ТЕХНИЧКИТЕ И ДРУГИ УСЛОВИ И НАЧИНОТ НА УПОТРЕБА И КОРИСТЕЊЕТО НА МНОГУ ОТРОВНИ СУПСТАНЦИИ И ПРОИЗВОДИ (  ) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови кои треба да ги исполнуваат правните лица кои работат со многу отровни супстанции и производи во однос на кадровските, организационо - техничките и други услови и начинот на употреба и користењето на многу отровни супстанции и производи. Член 2 Правните лица од член 1 од овој правилник кои вршат промет и производство на многу отровни супстанции и производи, покрај условите пропишани со овој правилник, треба да ги исполнуваат и условите во согласност со Правилникот за поблиските услови по однос на простор, опрема и кадар што треба да ги исполнуваат правните лица што произведуваат опасни хемикалии и Правилникот за поблиските услови во однос на просторот и опремата кои треба да ги исполнуваат правните лица кои вршат промет со опасни хемикалии. Член 3 Правните лица од член 1 од овој правилник треба да обезбедат отстранување на отпадните материи настанати при ракување со многу отровните супстанции и производи, отпадната амбалажа, како и опасните супстанции со изминат рок на употреба согласно прописите за управување со опасен отпад. Опасниот отпад кој неможе да се отстрани на соодветен начин, треба да се чува на соодветно место заштитен од неовластен пристап од страна на невработени лица или животни, со што ќе се оневозможи контаминација на животната средина. () Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 91/414 ЕЕC од 15 јули 1991 година за ставање на производите за заштита на растенијата на пазарот, CELEX бр. 31991L0414. Член 4 (1) Правните лица кои работат со многу отровни супстанции означени како Т+ треба да имаат вработено стручно оспособен кадар за работа со отрови и тоа : најмалку еден вработен со завршено високо образование ( хемиски, фармацевтски, технолошки или земјоделски факултет ) со намалку 3 години работно искуство во областа; и најмалку еден вработен со завршено средно образование од областа на хемиската, фармацевтската, хемиско - технолошката или земјоделската струка. (2) Правните лица од став (1) од овој член треба да назначат одговорно лице со високо образование под чиј надзор ќе се одвива работата со многу отровни супстанции означени како Т+. Член 5 (1) Просториите во кои се извршува работата со многу отровни супстанции и производи треба да бидат изградени од цврсти, хемиски и физички отпорни и инертни материјали кои нема да ги апсорбираат многу отровните супстанции и производи. Внатрешните површини на просториите, како и полиците, ормарите, витрините, работните површини и другата опрема треба да бидат изработени од отпорни и инертни материјали кои ќе оневозможат нивна реакција со овие супстанции и производи во случај на било каков контакт со нив, како и ќе овозможат брзо и лесно чистење и безбедно манипулирање. Во овие простории треба да биде вградена соодветна вентилација заради проветрување на истите, како и брзо и ефикасно отстранување на отровните честички и пареите кои настануваат при работа со многу отровните супстанции и производи. (2) Просториите од став (1) на овој член треба да се доволно осветлени и климатизирани, како и дизајнирани и конструирани така да можат да ги задржат разлеаните или истурените супстанции или производи, односно да не се дозволува нивно истекување или растурање во околината. Член 6 Правните лица од член 1 од овој правилник треба да имаат гардероба, санитарен јазол за вработените и просторија за вршење на административни работи ( работен дел за престој и работа на стручните лица и во него може да бидат сместени литература, упатства за работа и сл.). Член 7 (1) Правните лица од член 1 од овој правилник треба да имаат обезбедено соодветна опрема за лична заштита на вработените ( заштитна облека и обувки, ракавици, капи, заштитни маски и очила, респиратори и останата заштитна опрема во согласност со прописите за заштита при работа, а согласно работата која ја извршуваат ), како и дополнителна опрема за собирање на растурените или разлеаните производи. (2) Правните лица од став (1) од овој член во своите простории треба да имаат обезбедено средства за давање прва помош и деконтаминација во случај на незгоди настанати како резултат на работата со многу отровните супстанции и производи, како и противпожарен апарат. Член 8 (1) Многу отровните супстанции и производи означени како Т+ треба да се чуваат во согласност со условите утврдени од нивните производители. Тие треба да бидат спакувани во нивната оригинална амбалажа, сместени на прегледно и безбедно место и групирани во зависност од степенот на токсичност и видот на употреба, така што во секој момент е можен пристап до нив. При распределбата на овие супстанции треба да се води сметка тие да бидат групирани во зависност од нивните карактеристики и на начин на кој ќе се оневозможи нивна меѓусебна интеракција и тоа : експлозивни ( Е ), оксидирачки ( О ), запалливи ( F ) и корозивни ( С ). Одговорното лице потребно е да спроведува редовна контрола на овие супстанции и производи, како и на нивната амбалажа. (2) Супстанциите и производите од став (1) од овој член треба да се чуваат одделно од останатите супстанции и производи со дополнителна заштита. Член 9 (1) Многу отровните супстанции и производи означени како Т+ треба да се употребуваат во согласност со одобрението за регистрација на производите за заштита на растенијата, како и во согласност со упатствата, предупредувањата и известувањата на етикетата. (2) Правните лица од член 1 од овој правилник треба да ракуваат и да ги употребуваат многу отровните супстанции и производи означени како Т+ во согласност со прописите за заштита при работа, согласно работата која ја вршат. Член 10 (1) Правните лица од член 1 од овој правилник треба да имаат изработено пишани упатства кои ќе се однесуваат на: начинот на употреба и користење на многу отровните супстанции и производи означени како Т+; начинот на употреба и користење на опремата и приборот, како и начинот на нивно чистење и одржување; начинот на одржување на хигиената и мерките на безбедност; начинот на давање на прва помош во случај на незгода; и постапките за деконтаминација во случај на изложување на многу отровните супстанции и производи. (2) Упатствата од став (1) од овој член треба да бидат истакнати на видливо место во просториите каде се работи со многу отровните супстанции и производи. Член 11 Уредите и опремата кои ги користат правните лица од член 1 од овој правилник треба да ги исполнуваат следните услови : да бидат погодни за употреба според техничките карактеристики и капацитетот; да овозможуваат редовно и лесно одржување и чистење; да обезбедуваат заштита од секаков вид загадување; и да обезбедуваат сигурност при ракувањето со опремата. Член 12 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „ Службен весник на Република Македонија “ . Бр:17- 461/8 Министер за земјоделство, Септември 2011 год шумарство и водостопанство Скопје Љупчо Димовски, с.р. Министер за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, с.р. Министер за здравство Никола Тодоров, с.р.

Regulation on the detailed conditions to be fulfilled by legal persons working with high poisonous substances and products in terms of personnel, organizational and technical conditions and other conditions and manner of use of high poisonous substances · Nelum