Regulation on the detailed conditions for performing particular public services regarding the implementation of measures and activities for conducting the bookkeeping, determining the genetic quality and the yield in livestock breeding
颁布于 2013-04-12 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за поблиските услови за вршење на одделна јавна услуга спроведување на мерки и активности за спроведување на матичното книговодство, утврдување на генетскиот квалитет и приносот во сточарството.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal production, genetic resources, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
,,Службен весник на Република Македонија број 60/13’’ Врз основа на член 59 став 2 од Законот за сточарството (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 116/10 и 23/13), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ОДДЕЛНА ЈАВНА УСЛУГА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИ И АКТИВНОСТИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МАТИЧНОТО КНИГОВОДСТВО, УТВРДУВАЊЕ НА ГЕНЕТСКИОТ КВАЛИТЕТ И ПРИНОСОТ ВО СТОЧАРСТВОТО Член 1 Со овој правилник се пропишуваат поблиските условите кои треба да ги исполни вршителот на задачите кои како јавни услуги се изведуваат во сточарството согласно член 62 алинеја 1 и 2 од Законот за сточарството. Член 2 Поблиските просторни, технички и кадровски услови кои треба да ги исполни вршителот на јавната услуга спроведување на стручни задачи, мерки и активности од Заедничка основна програма за одгледување на добиток (во натамошниот текст: ЗОПОД) како и развојно истражувачки задачи од подрачјето на изведувањето на програмите за одгледување за потребите на ЗОПОД се следните: 1) Поседување на соодветен простор и тоа: простории каде може да се реализираат лабораториски анализи и испитувања за спроведување на матичното книговодство, мониторингот, утврдувањето на генетскиот квалитет и приносот во сточарството; простор кој овозможува брза, стручна и квалитетна обработка на податоците по меѓународно прифатени и споредливи методи и простор за работа каде е овозможено прибирање и чување на податоци и нивна обработка. 2) Соодветна техничка опременост и тоа: да поседува Лидтинов бастум, Вилхенсов шестар, Импрегнирана добиточна пантлика и лабораториска опрема за анализа на хемискиот состав на суровото млеко која овозможува професионално и квалитетно прибирање на податоците за матичното книговодство, мониторингот, утврдувањето на генетскиот квалитет и приносот во сточарството согласно меѓународно прифатени и споредливи методи и да поседува персонални компјутери и програмски пакети (хардвер и софтвер) кој овозможуваат брза, стручна и квалитетна обработка на податоците по меѓународно прифатени и споредливи методи. ,,Службен весник на Република Македонија број 60/13’’ 3) Соодветна кадровска екипираност и тоа: да има вработено најмалку пет лица со научен степен доктор на науки од научна област биотехнички науки, подрачје добиточно производство и пчеларство и да има вработено најмалку пет лица дипломирани инжињери од научна област анимална биотехнологија - сточарство. Член 3 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 08-9588/4 12.04.2013 година Скопје Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски