Regulation on the designation of geographical areas suitable for the production of wines with a geographical designation
颁布于 2011-03-30 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за означување на географските области погодни за производство на вина со географски назив.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- classification/declassification, geographical indication, viticulture/oenological practices, traceability, food safety and quality
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО.ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 40 став 2 од Законот за виното (,,Службен весник на Република Македонија" бр. 50/10), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ НА ГЕОГРАФСКИТЕ ОБЛАСТИ ПОГОДНИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИНА СО ГЕОГРАФСКИ НАЗИВ Член 1 Со овој правилник се пропишува означувањето на географските области погодни за производство на вина со географски назив. Член 2 Географска област на потекло на регионално вино (или трпезно вино со географска ознака ВГО} е реон. Географската област - реон за производство на регионално вино е целата територија под лозови насади на Република Македонија. Член 3 Географска област на потекло погодна за производство на вино со контролирано потекло (ВКП} е виногорје. Географските области- виногорја погодни за производство на вино со контролирано потекло (ВКП) се: Скопско, Велешко, Тиквешка, Гевгелиско-Валандовско, Струмичко-Радовишко, Овчеполско, Кочанско- Виничко, Кумановско, Кратовска, Пијанечко, Прилепско, Битолско, Преспанско, Охридско, Кичевско и Тетовско виногорје. Листата на географски области погодни за производства на вина со географски назив во Република Македонија по катастарски општини е даден во Прилог кој е составен дел на овој правилник. Член4 Географските области на потекло погодни за производство на вино со контролирано и гарантирано потекло (ВКГП) се локалитет, месности и/или ограничени лозарски единици. Географските области - локалитет, месности и/или ограничени лозарски единици погодни за приоизводство на вино со контролирано и гарантирано потекло (ВКГП) се утврдуваат со елеборатот врз основа на заеднички хомогени, климатски и педолошки карактеристики на географската област и други производни карактеристики имајќи ја во предвид постојната традиција за производство на вино. Името на локалитетот, месноста и/или ограничените лозарски единици се утврдуваат врз основа на името на месноста. Обележувањето на локалитетот, месноста и/или ограничените лозарски единици се врши согласно катастарскиот премер во Република Македонија. Член 5 Производниот потенцијал на секоја парцела насадена со винова лоза за производство на регионално вино изнесува до 18.000 кг /ха, со рандман до 70%. Производниот потенцијал на секоја парцела насадена со винова лоза за производство на вина со контролирано потекло изнесува до 15.000 кг/ха, со рандман до 65%. Производниот потенцијал на секоја парцела насадена со винова лоза за производство на вина со контролирано и гарантирано потекло изнесува до 8.000 кг/ха, со рандман до 55%. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.08-2325/4 30 март 2011 година Скопје Министер, Љупчо Димовски, с.р.