跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the declaration and labelling of different plant protection products placed on the market

颁布于 2012-01 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за декларирање и означување на другите производи за заштита на растенијата пласирани на пазарот.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
plant protection, biological control agents, packaging/labelling, internal trade
类别
agriculture

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 30 од Законот за производи за заштита на растенијата ( „ Службен весник на Република Македонија “ бр. 110/07, 20/09, 17/11 и 53/11 ) министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ДЕКЛАРИРАЊЕ И ОЗНАЧУВАЊЕ НА ДРУГИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА ПЛАСИРАНИ НА ПАЗАРОТ Член 1 Со овој правилник се пропишува декларирањето и означувањето на другите производи за заштита на растенијата пласирани на пазарот. Член 2 На оригиналното пакување на производите што се пуштаат во промет треба да стои декларација со следните податоци : 1. Трговскиот назив и заштитниот знак на производот ; 2. Називот и адресата на носителот на решението за упис во регистарот за други производи за заштита на растенијата ; 3. Назив и адреса на производителот ; 4. Бројот на решението за упис во регистарот за други производи за заштита на растенијата и датум на негово издавање ; 5. Типот на препаратот ( на пример : гранули, прав или течност ) ; 6. Состав на производот ; 7. Видот на дејството на производот ( на кои видови на растенија и целни штетни организми дејствува производот, време на користење, количеството во кое се применува производот, број на третирања, временско растојание меѓу третирањата ) и начинот на користење ; 8. Можни влијанија на ефикасноста на производот ; 9. Времетраење на каренцата ; 10. Дополнителни предупредувања и известувања за заштита на луѓето и животната средина ; 11. Мерки за заштита на лицата кои ракуваат со производите и вршат нивна апликација, со наведување на бараната заштитна опрема; знаци на труење и мерки за прва помош кај луѓето ; 12. Класификација во согласност со прописите за класификација кои се соодветни на прописите на ЕУ ; 13. Датум на истекување на рокот на употреба на производот ( месец и година ) и сериски број ; 14. Нето количеството на производот ( нето маса или нето волумен на производот во единица амбалажа ) ; 15. Начин и услови на складирање и чување на производите ; 16. Видливо предупредување “ Пред употреба на производот задолжително да се прочита упатството за примена ” ; 17. Начин на миење на амбалажата, опис на постапката за чистење на уредите за примена,постапување со остатоците од производот и празната амбалажа ; 18. Упатство за постапување во случаи на ненамерно испуштање на производот во животната средина ; 19. Упатство за комбинирање со други препарати и нивна компатибилност ; и 20. Други дополнителни податоци за производот, доколку се потребни. Член 3 Декларацијата може да биде отпечатена на амбалажата или да биде приложена кон пакувањето. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „ Службен весник на Република Македонија “ . Бр:17- 548/5 Министер за земјоделство, Јануари 2012 год шумарство и водостопанство Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the declaration and labelling of different plant protection products placed on the market · Nelum