跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the cultivation procedures, minimum areas for accommodation of different types of animals and maximum number of animals per hectare

颁布于 2010-11-26 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за постапките за одгледување, минимум површините за сместување на различни видови животни и максимален број на животни по хектар.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal production, ecological production/organic production, animal welfare

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Врз основа на член 21, став (6) од Законот за органско земјоделско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр.146/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСТАПКИТЕ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ, МИНИМУМ ПОВРШИНИТЕ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ И МАКСИМАЛЕН БРОЈ НА ЖИВОТНИ ПО ХЕКТАР Член 1 Со овој правилник поблиску се пропишуваат постапките за органско сточарско производство, минимум површините за сместување на различни видови животни и максимален број на животни по хектар. Член 2 (1) Органското сточарско производство се организира со одгледување на: а) животни на отворени места кои може да бидат само делумно покриени; б) тревопасни животни на кои, секогаш кога условите дозволуваат, им е овозможен на пристап до пасишта; в) живина на отворено, најмалку една третина од нивниот живот и на места покриени со вегетација кои се обезбедени со заштитни прегради и на кој птиците имаат лесен пристап до соодветен број на корита за хранење и поење; г) живина во затворен простор во кој има доволни количества кабаста храна и соодветни материјали за да се задоволат нивните етолошки потреби; д) животни во објекти во кои изолацијата, загревањето и вентилацијата во објектите обезбедуваат кружење на воздухотот, природно проветрување и светлина, а степенот на прав, температурата, релативната влажност на воздухот и концентрацијата на гасовите се одржуваат во граници кои не се штетни по здравјето на животните; ѓ) животни во објекти во кои густината на сместувањето во објектите овозможуваат удобност, добросостојба и задоволување на потребите специфични за животните, особено за видот, расата, и возраста на животното. Треба да се земе предвид и однесувањето на животните, што особено зависи од големината на животното и полот на животното, така што да имаат доволно простор за природно да стојат, лесно да легнат, да се свртат, да се тимарат, да ги заземат сите природни положби на телото и да ги направат сите природни движења, како што е протегнувањето или павтање со крилјата. (2) Најмалата површина за сместување во затворен и отворен простор и другите карактеристики за сместување на различните видови и категории животни се дадени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (3) Органско сточарско производство може да се организира и со одгледување на животни во објекти кои: (*) Сп пвпј правилник се врши успгласуваое сп Регулативата на Кпмисијата (ЕЗ) бр.889/2008 пд 5 септември 2008 гпд. сп кпја се утврдуваат правилата за спрпведуваое на Регулативата на Спветпт (ЕЗ) бр. 834/2007 за прганскп прпизвпдствп и етикетираое на прганските прпизвпдивп пднпс на прганскптп прпизвпдствп, етикетираое и кпнтрпла, CELEX бр. 32008R0889. а) имаат рамна и нелизгава подна површина, при што најмалку половината од внатрешната површина наведена во Прилог 1 на овој правилник е од полна конструкција, без употреба на штици или решетки; б) имаат удобно, чисто и суво место за лежење/одмарање, со доволно голема површина, направено од полна конструкција, но не од штици, со место за одмор покриено со сув прекривен материјал, слама или друг природен материјал која може да се збогати со било кој минерален производ наведен во Листата на ѓубриња и средства за подобрување на својствата на почвата; в) имаат доволно голем простор на подната површина за собирање на птичјиот измет; г) имаат седала со големина соодветна на големината на групата и на самите птици; д) имаат влезни/излезни отвори со големина соодветна за птиците, а овие отвори треба да имаат комбинирана должина од најмалку 4 м на 100 м2 површина од просторијата наменета за птиците; ѓ) имаат најмалку една третина од подната површина направена од полна конструкција, без штици или решетки и да е покриена со прекривен материјал како што се слама, иверки, песок или бусен доколку се одгледува живина; е) имаат вкупна употреблива површина во просториите за живината наменета за производство на месо не поголема од 1600м2; ж) имаат простор за максимално 4.800 пилиња или 3.000 несилки или 5.200 бисерки или 4.000 женски мошусни или пекиншки патки, или 3.200 машки мошусни или пекиншки патки или други патки или 2.500 кастрирани петли, гуски или мисирки; з) имаат најмногу 16 часа светлина дневно, со непрекинат ноќен период на одмарање без вештачко осветлување во траење од најмалку 8 часови; ѕ) немаат кафези доколку во нив се одгледува живина или прасиња; и) немаат поединечени простории за сместување доколку во нив се одгледуваат телиња или маторици, освен за во последните фази од бременоста и за време на доењето; ј) имаат доволно простор за движење на свињите во кој им е овозможено слободно да ријат и к) имаат пристап до поток, бара, езеро или базен доколку се одгледуваат водени птици, секогаш кога тоа го дозволуваат временските и хигиенските услови, со цел да се задоволат потребите специфични за нивниот вид, како и барањата за благосостојба на животните. Член 3 За да се спречи употребата на интензивни начини на одгледување, живината треба или да се одгледува дури не достигне одредена најмала возраст или пак да потекнува од бавнорастечки раси живина. Таму каде што субјектот не користи бавнорастечки раси живина, најмалата возраст во моментот на колење изнесува: а) 81 ден за кокошки; б) 150 дена за кастрирани петли; в) 49 дена за пекиншки патки; г) 70 дена за женски мошусни патки; д) 84 дена за машки мошусни патки; ѓ) 92 дена за обични патки; е) 94 дена за бисерки; ж) 140 дена за машки мисири и гуски за месо и з) 100 дена за женски мисирки. Член 4 (1) Животните од редовното производство може да бидат внесени на органско сточарско стопанство заради одгледување, само тогаш кога органските животни не се во доволен број и ако се во согласност со одредбите од став (2) и (4) од овој член. (2) Младите цицачи кои потекнуваат од редовното производство, кога по прв пат се создава стадото или јатото, се одгледуваат според правилата за органско производство веднаш после одбивањето од цицање и се применува следното: a) за биволи, телиња и ждребиња, да бидат помлади од шест месеци; б) за јагниња и јариња, да бидат помлади од 60 дена и в) за прасиња, да тежат помалку од 35 кг. (3) Заради возобновување на стадото или јатото, возрасните машки и непарени женски цицачи кои потекнуваат од сточарски стопанства со редовно производство треба последователно да се одгледуваат според правилата на органското производство согласно Законот за органско земјоделско проиводство. За бројот на женските цицачи годишно се пресметува следното: а) најмногу до 10% за возрасните добиточни раси на копитари или говеда, вклучувајќи ги и биволите и бизоните и 20% за возрасните добиточни раси на свињи, овци и кози, како женки; б) за единиците со помалку од 10 животни од копитари или говеда, или со помалку од пет животни од свињи, овци и кози, било какво возобновување треба да биде ограничено на најмногу едно животно годишно. (4) Процентите наведени во став (3) од овој член може да се зголемат до 40%, за што субјектот треба да има одобрение од контролното/сертификациско тело, во случаите кога: се презема големо проширување на стопанството; се менува расата; се почнува со нова добиточна специјализација и расата е во опасност од изумирање и во тој случај животните од таа раса не мора нужно да бидат непарени. Член 5 (1) Животните од редовното производство може да бидат присутни во органското стопанство, ако се одгледуваат на единици каде објектите и парцелите се јасно одделени од единиците каде се произведува согласно правилата за органско производство иако станува збор за друг вид. (2) Животните од редовното производство може да ги користат органските пасишта за ограничен временски период секоја година ако органските животни да не се истовремено присутни на истото пасиште. (3) Органските животни може да пасат на заедничка земја ако: земјата не била третирана со средства кои не се дозволи во органското производство за време од најмалку три години и било кој добиточен производ од органските животни, во текот на користењето на земјата, нема да се смета за органско производство, освен ако се докаже соодветно одвојување од животните од редовното производство. (4) Во времето на преселба, животните може да пасат на неорганска земја кога се преместуваат одејќи од едно до друго пасиште. Внесот на неорганската храна, во облик на трева или друга вегетација која животните ја пасат, во текот на преселбата, не треба да надмине 10% од вкупниот сразмер на храна годишно. Оваа вредност се пресметува како процент на сува материја од добиточна храна од органско земјоделство. (5) Субјектите треба чуваат соодветна документација за постапките од став (1), (2), (3) и (4) од овој член. Член 6 (1) Минималните површини за сместување на различни видови животни се дадени во Прилог 1. (2) Максималниот број на животни по хектар се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник, престанува да важи Правилникот за органско сточарско производство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 60/06). Член 8 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Министер за земјоделство, Бр. 08-8103/6 шумарство и водостопанство 26 ноeмври 2010 г. Љупчо Димовски Скопје

Regulation on the cultivation procedures, minimum areas for accommodation of different types of animals and maximum number of animals per hectare · Nelum