跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the criteria to be met for obtaining an eco-label for hand dishwashing detergents

颁布于 2008-12-26 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за критериумите коишто треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
cleaning agents/detergents, ecofriendly products/ecofriendly processes, protection of environment

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен В. на Р.М. бр: 165/2008 од 30.12.2008 Влегува во сила на: 31.12.2008 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Правилник за критериумите коишто треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 29, став 9 од Законот за животната средина ("Службен весник на Република Македонија" бр. 53/05, 81/05, 24/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесе. ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ КОИШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЕКОЛОШКА ОЗНАКА ЗА ДЕТЕРГЕНТИ ЗА РАЧНО МИЕЊЕ НА САДОВИ Член 1 Со овој правилник се пропишуваат критериумите коишто треба да се исполнат за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови. Член 2 Одредени изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: "Детергенти за рачно миење на садови" е група на производи за домашна и професионална употреба во кои се вклучени сите детергенти наменети за рачно миење на: садови, садови од керамика, прибор за јадење, тенџериња, тави, кујнски прибор итн. "Барател" е правно или физичко лице кое поднело барање до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови. Член 3 Критериумите коишто треба да ги исполнуваат детергентите за рачно миење на садови, се дадени во Прилог 1, кој е составен дел на овој правилник. Член 4 Одредбите на овој правилник имаат за цел да се обезбеди: намалување на испуштања на токсични или загадувачки супстанции во водната средина, намалување или превенција на ризиците по здравје или животна средина поврзани со употребата на опасни супстанции, минимизација на отпад од пакување, информација која ќе му овозможи на потрошувачот употреба на производот на начин кој е ефикасен и го минимизира влијанието врз животната средина. Критериумите се одредени на начин кој промовира означување на детергенти за рачно миење на садови кои имаат мало влијание врз животната средина. Член 5 Секој критериум содржи специфични барања за проценка и верификација. За одредени случаи, покрај методите на тестирање утврдени со критериумите може да се употребат и други методи, доколку органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на животната средина (во понатамошниот текст: надлежен орган) прифати дека тие се еквивалентни на предвидените за секој критериум. Доколку за верификацијата не се потребни тестови, надлежниот орган треба да ја заснова одлуката на изјави и документација обезбедена од страна на барателот и/или од независни верификации. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/F2998165B56E734B97598B89346D44D4.pdf#page=28 Во определени случаи, кога е тоа потребно, надлежниот орган може да бара дополнителна документација и може да изврши независна верификација. Надлежниот орган ги зема во предвид признатите системи за управување со животната средина како што се ЕМАS или ИSО 14001 при оценувањето на барањето и исполнувањето на критериумите. Член 6 Барателот кој ги исполнува критериумите за добивање на еколошка ознака за детергенти за рачно миење на садови има право на пакувањата на детергентите за рачно миење на садови да ја стави еколошката ознака, каде во текстуалниот дел на ознаката го става текстот: ДЕТЕРГЕНТИ ЗА РАЧНО МИЕЊЕ НА САДОВИ. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Бр. 07-7502/8 Министер за животна средина 26 декември 2008 година и просторно планирање, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р.

Regulation on the criteria to be met for obtaining an eco-label for hand dishwashing detergents · Nelum