Regulation on the criteria in terms of facilities, equipment and personnel that the approved institution that performs testing of the properties of individual types of livestock and the procedure and method of testing for individual types of livestock
颁布于 2014-12-13 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за критериумите во поглед на објектите, опремата и кадрите кои ги исполнува одобрената институтција која врши тестирање на својствата на одделните видови на добиток и постапка и начинот на тестирање кај одделни видови на добит.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal production, cattle, genetic resources, sheep/goats, procedural matters, processing/handling, standards, swine
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 533 став 9 од Законот за сточарството (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08, 116/10 и 25/15), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ВО ПОГЛЕД НА ОБЈЕКТИТЕ, ОПРЕМАТА И КАДРИТЕ КОИ ГИ ИСПОЛНУВА ОДОБРЕНАТА ИНСТИТУЦИЈА КОЈА ВРШИ ТЕСТИРАЊЕ НА СВОЈСТВАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ВИДОВИ НА ДОБИТОК И ПОСТАПКАТА И НАЧИНОТ НА ТЕСТИРАЊЕ КАЈ ОДДЕЛНИ ВИДОВИ НА ДОБИТОК Член 1 Со овој правилник се пропишуваат критериумите во поглед на објектите, опремата и кадрите кои ги исполнува одобрената институција која врши тестирање на својствата на одделните видови на добиток и постапката и начинот на тестирање кај одделни видови на добиток. Член 2 Одобрената институција која врши тестирање на својствата на одделните видови на добиток во поглед на објектите треба да ги исполнува следниве критериуми: да се изолирани со ограда која не овозможува пристап на луѓе и добиток; на влезот во оградениот дел да има дезинфекциона бариера во која постојано треба да има соодветно средство за дезинфекција на возила; да ги исполнуваат минималните зоотехнички норми, а особено соодветна контрола на микроклиматот (оптимална температура, влажност, квалитет на воздухот и осветлување во зависност од видот на животните и во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните; да вклучуваат одделни објекти (простории) за чување на приплодните машки грла (стадо машки приплодни грла) од ист вид; да имаат индивидуални бокосови за чување на машките приплодни грла по број усогласен со димензионираниот број на машки индивидуи кој произлегува од големината на популацијата во согласност со интензитетот на селекција кај машките грла дефиниран во одгледувачката програма и со димензии во зависност од видот на домашното животно, а во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните и принципите на безбедност при работа; да имаат одделна просторија за чување на храна, простирка, прирачен алат и опрема за потребите на стадото на машки приплодни грла; да имаат одделна просторија за чување на болните машки приплодни грла; да имаат одделна просторија за престој и работа на вработените и да имаат одделен простор за чување на арското ѓубре, урина и други биолошки материи. Член 5 Одобрената институција која врши тестирање на својствата на одделните видови на добиток треба да располага со соодветна опрема за контрола на својствата кои се предмет на следење (одгледувачки цели), во согласност со одгледувачката програма, а во зависност од видот на домашните животни и особено треба да има: вага за мерење на живата маса на животните; компјутер и софтвер за обработка на податоците и други мерни инструменти кои соодветствуваат со намената на потребните мерења. Член 4 Одобрената институција која врши тестирање на својствата на одделните видови на добиток во поглед на кадрите треба да има најмалку еден вработен со најмалку МИ/1 степен на образование од областа на земјоделството (сточарска насока) или од областа на ветеринарната медицина. Член 5 Постапката и начинот на тестирање кај одделни видови на добиток се пропишани во Правилникот за методите и постапките за мерење на својствата и прогнозирање на генетската вредност на добитокот (“1). Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.08-10906/3 Министер за земјоделство, 15 декември 2014 година шумарство и водостопанство, Скопје м-р Михаил Цветков, ср. (4) Правилникот се усогласува со: Одлука на Комисијата од 20 јуни 2006 година за утврдување на методите за следење на продуктивноста и методите за оценување на генетската вредност на добитокот за одгледување на чистокрвни животни од ви- дот говеда заведен како документ број С (2006)2576 2006/427/ЕЕЗ; Одлука на Комисијата од 10 мај 1990 година за утврдување на методите за следење на особините И проценката на генетската вредност на приплодни чистокрвни Овци и кози 90/256/ЕЕЗИ Одлука на Комисијата од 18 јули 1989 година за утврдување на методите за следење на функционалноста и оценување на генетската вредност на чистокрвните приплодни и хибридни приплодни свињи - 89/507/ЕЕЗ