Regulation on the criteria for determining the zones sensitive to urban wastewater discharge
颁布于 2011-08-03 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за критериумите за утврдување на зоните чувствителни на испуштањето на урбани отпадни води.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Water
- 关键词
- pollution control, effluent waste water/discharge, freshwater pollution, surface water, waste domestic sources, waste non-domestic sources, basin/catchment/watershed, zoning, inland waters
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
26 септември 2011 СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Бр. 130 - Стр. 61 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ 2900. Врз основа на член 103, став (3) од Законот за во дите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10 и 51/11), министерот за жи вотна средина и просторно планирање во согласност со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанс тво и министерот за здравство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗО НИТЕ ЧУВСТВИТЕЛНИ НА ИСПУШТАЊЕТО НА УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат критериумите за утврдување на зоните на водните тела кои се чувстви телни на испуштање на урбани отпадни води. Член 2 Целата на овој правилник е контрола на емисиите што се испуштаат во водните тела и заштита на живот ната средина од штетното влијание на испуштените ур бани отпадни води. Член 3 Зоните чувствителни на испуштање на урбани от падни води можат да бидат чувствителни и помалку чувствителни, што се утврдува согласно квалитетот на водното тело, намената на водата на тоа водно тело и неговите природни својства и карактеристики. Член 4 (1) Зоните се определуваат како чувствителни на испуштањето на урбани отпадни води за секое водно тело одделно според следните критериуми: Еутрофичност на водното тело, при што природ ното површинско слатководно водно тело, или друго слатководно тело ќе се смета за еутрофично кога содр жи концентрација на вкупен азот повисока од 15 mg/l, односно содржи концентрација на вкупен фосфор по веќе од 2 mg/l или друг нутриент односно хранлива со стојка, или постои опасност да достигне толкава кон центрација во иднина, односно постои опасност да ста не еутрофично во иднина доколку не се преземат за штитни мерки за контрола на испуштањето на урбани те отпадни води во природно површинското слатковод но водно тело, односно не се преземат мерки за кон трола на содржината на хранливи состојки на ефлуен тот кој се испушта во водното тело од прочистени или непрочистени урбани отпадни води; ∗ Со овој правилник се врши усогласување со Директивата 91/271/EEЦ на Советот за третман на урбани отпадни води, (Celex бр. 31991L0271). Консумирање на водата од страна на човекот, при што областите на површинските водни тела се намене ти за црпење на вода за консумирање од страна на чо векот, кои содржат концентрација на нитрат повисока од 50mg/l, или постои опасност да достигне толкава концентрација во иднина доколку не се преземат за штитни мерки; и Загаденоста на отпадните урбани отпадни води, при што поради квалитетот на урбаните отпадни води што се испуштаат од населени места со повеќе од 2000 е.ж. е потребно повеќе од биолошко односно секундар но прочистување со цел да не се наруши квалитетот на површинското водно тело. (2) При определување на нутриентот односно хран ливата состојка и неговата концентрација од став (1) точка 1 од овој член, кој доведува или може во иднина да доведе до опасност од еутрофикација на површин ското водно тело, односно при разгледувањето на тоа кој нутриент, односно хранлива состојка би требало да се намали со дополнително прочистување, треба да се земе во предвид дали како реципиент на испуштените урбани отпадни води се јавуваат површинско слатко водно водно тело (на пример езеро и акумулација или затворен залив) за кое се знае дека има слаба размена на вода, што може да резултира со акумулирање на ну триентот. Нутриент е фосфатот и нитратот со нивните соединенија кој може да се појави во водите. Член 5 (1) Зоните се определуваат како помалку чувстви телни на испуштањето на урбани отпадни води за секое водно тело одделно, само доколку испуштањето на ур баната отпадна вода нема да влијае негативно на мор фологијата, хидрологијата или на специфичните хидро лошки услови што постојат во таа област или да влијае негативно на животната средина. (2) При определувањето на помалку чувствителни те зони треба да се води сметка за ризикот од пренесу вање на ефлуентот во соседните зони каде што може да предизвика штетно влијание врз животната средина или врз зоните од член 4 од овој правилник, вклучувај ќи ги и чувствителните зони надвор од територија на Република Македонија. Член 6 Овој Правилник влегува во сила осмиот ден од де нот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-5687/5 Министер за животна средина и 3 август 2011 година просторно планирање, Скопје Абдилаќим Адеми, с.р. Министер за здравство, Министер за земјоделство, Никола Тодоров, с.р. шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, с.р.