跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the content of the fishing base

颁布于 2008-02-20 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за содржината на риболовната основа.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Fisheries and aquaculture
关键词
aquaculture, fishery management and conservation, fishing gear/fishing method, inland fisheries, monitoring

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 16 став 7 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА РИБОЛОВНАТА ОСНОВА Член 1 Со овој правилник се пропишува содржината на риболовната основа. Член 2 Риболовната основа содржи: 1. податоци за риболовната вода: детален попис на сите риболовни води со нивните имиња и приложена географска карта на која истите се обележани. 2. хидрографски и климатски карактеристики: должина, ширина и површина за сите протечни води; длабочина и површина за сите стоечки води и основни климатски карактеристики на географското подрачје. 5. основни физичко - хемиски карактеристики како што се: боја, мирис, температура, провидност, киселост, електрична спроводливост, содржина на хлор, заситеност со кислород, вкупен јаглерод диоксид, нитрати, амоњак, фосфати, силикати. 4, основни биолошки карактеристики: состав, структура и застапеност на поедини видови макрофити, како и процент на покриеност на истражуваната маса; доминантен види биомаса на фитопланктон и зоопланктон; биомаса, состав и застапеност на поедини видови на макрозообентос И останати поважни видови риби. 5. видови и количини на рибите - ихтиомаса: квалитативно - квантитативен состав на ихтиопопулацијата со застапеност на поедини видови во проценти односно масен удел на поединечен вид во вкупната ихтиомасаи годишен прираст на рибите со поголемо економско значење изразен во килограми по хектар. 6. дефинирање на риболовни води со модел за стопанисување и дефинирање на услови за риболовни пунктови кои се лоцираат на риболовни води со посебен режим на користење на водата и големи осцилации на нивото на водата; 7. дефинирање на води со можност за аквакултура: видови риби со технологија на одгледување; локација на објектите и капацитет на објектите. 8. мерки за заштита и одржување на рибите: организација на рибочуварска служба (број на рибочувари со основен план за физичка заштита на рибите); следење на состојбата на водата, заболување и помор на риба како и невообичаено однесување на рибите; планирање на селективен и мелиоративен излов; утврдување на најмалата големина на риби по видови под која не смеат да се ловат; утврдување на периодот на природен мрест по видови за секоја риболовна вода; определување на природни плодишта и посебни мерки за заштита на природни плодишта. 9. програма за порибување: количина и видови на риби по видови и возрасни категории одредени врз основа на биолошкиот потенцијал за секоја риболовна вода за период од б години со динамика на годишно нивои период на порибување за поедина риболовна вода со одредени видови риби. 10. количини на дозволен улов по видови риби за рекреативен и стопански риболов за период од 6 години со динамика на годишно ниво; 11. време во кој е дозволен лов на рибите; 12. минимум и максимум риболовни средства и 15. економска основа за користење на риболовната вода со предлог за висина на надомест. Член 5 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија". Бр. 08 - 2654/1 Министер за земјоделство, 20 февруари 2008 година шумарство и водостопанство, Скопје Ацо Спасеноски, ср.

Regulation on the content of the fishing base · Nelum