跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the content of the emergency plan

颁布于 2009-12-28 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за содржината на планот за итни мерки.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
hazards, genetically modified organism (GMO), policy/planning, protection of environment, public health, risk assessment/management

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 163 од 31.12.2009 година 1 од 5 20091633461 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 38 став (4) од Законот за генетски модифицирани организми (“Службен весник на Република Македонија” број 35/08), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА ПЛАНОТ ЗА ИТНИ МЕРКИ Член 1 Со овој правилник се пропишува содржината на планот за итни мерки во случај на ненамерно ослободување на генетски модифицирани организми. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: План за итни мерки во случај на ненамерно ослободување на генетски модифицирани организми (во натамошниот текст: ГМО) во животната средина е документ во кој се предвидени групи на методи, постапки и мерки, разработени и замислени за ограничување и спречување на ненамерното ослободување на ГМО и неговото ширење во околината каде се случило ненамерното ослободување на ГМО и спречување или ограничување на последиците врз животната средина и здравјето на луѓето од таквото ширење. Ненамерно ослободување на ГМО е секој вонреден настан, појава на несакан ефект, несреќа или редица настани кога при работа со ГМО ќе дојде до непредвидено ширење на ГМО во животната средина коешто може да претставува тогашна или подоцнежна опасност за животната средина или за здравјето на луѓето. Метод е група на активности кои се засновани врз научни сознанија и сознанија стекнати од праксата кои се заемно поврзани и зависни и се преземаат со цел да спречат ненамерно ослободување на ГМО и неговото непредвидено ширење, како и да се намалат негативните последици од таквото ослободување врз животната средина и здравјето на луѓето. Постапка е процес во кој временски е утврден редот на преземање на активности кои се заемно поврзани, a која се спроведува со цел да го спречи ненамерното ослободување на ГМО и неговото непредвидено ширење. Мерка е активност која се спроведува со цел да го спречи ненамерното ослободување на ГМО и неговото непредвидено ширење, како и да се намалат негативните последици од таковото ослободување врз животната средина и здравјето на луѓето. Член 3 Во Планот за итни мерки (во натамошниот текст: Планот) се определуваат методи, постапки и мерки кои во случај на ненамерно ослободување на ГМО се преземаат од страна на нотификаторот, персоналот што работи со ГМО државните органи, органите на единицата на локалната самоуправа, другите органи и организации кои вршат јавни овластувања, јавните установи, правните лица од јавниот и приватниот сектор (во натамошниот текст: субјекти) и органите за заштита и спасување и управување со кризи, со цел заштита на животната средина и на здравјето на луѓето и спречување на ненамерното ослободување на ГМО и неговото непредвидено ширење. Член 4 Службен весник на РМ, бр. 163 од 31.12.2009 година 2 од 5 (1) Во Планот се определуваат методи, постапки и мерки кои се покажале како оправдани, од искуствата стекнати во минати случаи на слични настани во Република Македонија или во друга држава, за ограничување или спречување на последиците на ненамерно ослободување на ГМО. (2) Планот содржи: 1) методи и постапки на контрола на ГМО во случај на ненамерно ослободување на ГМО во животната средина; 2) методи за деконтаминација на погодените подрачја од ненамерното ослободување на ГМО со кои се искоренува присуството на ГМО во тие подрачја или се намалува; 3) методи за отстранување или за дезинфекција на растенијата, животните, почвата и стварите кои биле изложени за време на или по ненамерното ослободување на ГМО; 4) методи за изолирање на подрачјето зафатено со ненамерното ослободување на ГМО; 5) планови за заштита на здравјето на луѓето и животната средина во случај на појава на несакан ефект; 6) методи за процена на можните последици и закани за животната средина и за здравјето на луѓето; 7) мерки потребни за заштита на местото на намерното ослободување на ГМО и 8) мерки потребни за спречување на натамошното ширење на ГМО. Член 5 Методите и постапките на контрола на ГМО, методи за процена на можните последици и закани за животната средина и за здравјето на луѓето кои се определуваат во Планот треба да се засновани врз проценката на ризикот за животната средина при што особено се земаат во предвид елементите од оценката поврзани со: карактеристиките на ГМО, на дејностите и на постапките значајни во случај на ненамерно ослободување на ГМО, вклучително податоците за чувањето на ГМО; ГМО кои во случај на ненамерно ослободување би можеле да се ослободат во животната средина, нивните штетни особини и степенот за безбедност за животната средина; мерките за задржување кои се најзначајни за спречување на ширењето; можните настани и други причини кои можат да предизвикат ненамерно ослободување на ГМО, можните видови и обемот на ширењето; главните карактеристики на животната средина во која можат да се ослободат ГМО, земајќи ги во предвид сите делови од животната средина и биотопската разновидност; можните начини и патишта на непредвиденото ослободување на ГМО во животната средина; можните штетни ефекти и моменталните или подоцнежните последици на ненамерното ослободување на ГМО за животната средина и за здравјето на луѓето; и какви било посебни опасности што произлегуваат од местоположбата каде што се вршат работи поврзани со ГМО. Член 6 Методите за декомнтаминација на погодените подрачја од ненамерното ослободување на ГМО и методите за отстранување или за дезинфекција на растенијата, животните, почвата и стварите кои биле изложени за време на или по ненамерното ослободување на ГМО се утврдуваат во Планот на начин кој јасно го опишува известувањето на субјектите за кои е предвидено преземање на постапки и активности од Планот при што се определуваат: субјектите и органите за заштита и спасување и управување со кризи кои треба во случај на настан или несреќа на ненамерно ослободување на ГМО да се известат, вклучувајќи го времето и начинот на известување; Службен весник на РМ, бр. 163 од 31.12.2009 година 3 од 5 лицето овластено од нотификаторот за изготвување на известувањето и начинот на неговото доставување до субјектите; содржината на известувањето за настанот или несреќата што се доставува на одделни субјекти; и начинот на размената на информации со субјектите за времетраење на загрозеноста и спроведувањето на Планот. Член 7 Методите за изолирање на подрачјето зафатено со ненамерното ослободување на ГМО и мерките потребни за заштита на местото на ненамерно ослободување на ГМО и кои се определуваат во Планот се утврдуваат на начин со кој нотификаторот обезбедува: препознавање на настаните и на други ситуации кои можат да предизвикаат ненамерно ослободување на ГМО, создавање услови за нивно искоренување и ограничување на обемот на настанот или несреќата; постојано следење на текот на настанот или несреќата и откривањето на присуството на ГМО; утврдување и следење на влијанијата на настанот или несреќата врз животната средина и на нивните последици; начин на активирање на Планот во случај на ненамерно ширење на ГМО и на водење и усогласувањето на предвидените активности и мерки; известување на одговорните лица што работат со ГМО за настанот или несреќата и за намалувањето на ризикот за вработените и на другите лица кои учествуват при отстранувањето и последиците од ненамерното ширење на ГМО; и потребни средства и опремата за спроведување на мерките, вклучително со податоците за локацијата на расположивите средства и на опремата. Член 8 Во мерките од член 7 на овој правилник се определуваат и лицата кои кај нотификаторот вршат: активирање на Планот во случај на настан или несреќа; предупредување и давање упатства во врска со намалувањето на ризикот; известување и соработка со субјектите кои согласно Планот учествуваат при отстранување на загрозеноста и на последиците од ненамерното ослободување на ГМО; и спроведување на поедини технички и други организациски мерки коишто ги обезбедува нотификаторот. Член 9 (1) Во Планот како посебен прилог се утврдуваат еден или повеќе планови за заштита на здравјето на луѓето и животната средина во случај на појава на несакан ефект во кој се наведуваат: податоците наменети за известување и предупредување кои нотификаторот при настанот или несреќата ги доставува до органите за заштита и спасување и управување со кризи, како и до други субјекти кои треба со тоа известување или предупредување да го запознае населението, вклучително и времето и начинот на известувањето; лицето овластено од нотификаторот за изготвување на податоците со кои се известува и предупредува населението, и кое е овластено известувањето и предупредувањето да го достави до органите за заштита и спасување и управување со кризи, како и до други субјекти, вклучувајќи го и Министерството за животна средина и просторно планирање, и начинот и фреквенцијата на известувањето на субјектите за моментните услови и мерки за време на спроведувањето на мерките определени со Планот. Службен весник на РМ, бр. 163 од 31.12.2009 година 4 од 5 (2) Податоците од став (1) на овој член се однесуваат на: видот, местото и времето на настанот или несреќата; обемот на погоденото подрачје каде што се можни влијанија на настанот или несреќата; можните штетни влијанија за животната средина и здравјето на луѓето и можните последици од настанот или несреќата; и заштитните и самозаштитните мерки на населението ако тие се потребни. Член 10 (1) Во мерките потребни за спречување на натамошното ширење на ГМО, како и во методите и постапките за контрола на ГМО нотификаторот во Планот одредува одговорно лице кое ќе се грижи за проверување на соодветноста на Планот за времетраење на работата со ГМО и негово дополнување кога тоа е потребно односно најмалку еднаш годишно. (2) Во мерките од став (1) на овој член се определуваат временските интервали на проверка на соодветноста на активности утврдени во Планот, а особено на оние кои се однесуват на оценката на загрозеноста, на утврдувањето на организациските и техничките мерки и одредувањето на субјектите вклучени во преземање на постапките и активностите при ненамерно ослободување на ГМО. (3) Во мерките од став (1) на овој член се определуваат временските интервали на проверка на исполнување на условите потребни за измени или дополнување на Планот, кои се однесуваат на дознавање и располагање на нови информации за работење со ГМО во кои можат значајно да влијаат на нивото на ризикот; дознавање и располагање на нови информации кои можат да влијаат на проценката на загрозеност; располагање со нови сознанија за можни или потребни мерки во случај на несреќа; и/или потреба да се одредат нови или други субјекти за спроведување на поедини постапки или активности определени во планот. (4) Со Планот се определуваат и постапки и активности за одржување и ажурирање на податоците и информациите кои во случај на настан или несреќа треба да бидат на располагање за непосредна и брза употреба. Член 11 (1) Заради обезбедување на лесна разбирливост и спроведливост на Планот, методите, постапките и мерките кои се содржани во Планот се утврдуваат во прилозите кои се составен дел на Планот. (2) Планот се состои од следните прилози: списокот на лицата, субјектите и органите за заштита и спасување и управување со кризи, службите и организациите вклучени во спроведувањето на организациските и техничките мерки на нотификаторот, со сите потребни податоци за нивно брзо известување и информирање; збирката на јавните податоци потребни за спроведување на Планот и на податоците за правни или физички лица, кои во случај на настан или несреќа можат да понудат дополнителни потребни информации; програмата за обука и вежби за случај на настан или несреќа на ненамерно ослободување на ГМО; и упатствата за однесување на вработените во случај на настан или несреќа во врска со намалувањето на ризикот за нивното здравје и за заемната помош при настанот или несреќата. Службен весник на РМ, бр. 163 од 31.12.2009 година 5 од 5 Член 12 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 07-11401/1 28 декември 2009 година Министер, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р.

Regulation on the content of the emergency plan · Nelum