Regulation on the content of the annual plan for the protection and management of fish and the content of the annual report on the implementation of the annual plan
颁布于 2008-02-20 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за содржината на годишниот план за заштита и стопанисување со рибите и содржината на годишниот извештај за реализација на годишниот план.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Fisheries and aquaculture
- 关键词
- fishery management and conservation, data collection/reporting
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 17 став 8 и член 18 став 2 од Законот за рибарство и аквакултура („Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА ЗАШТИТА И СТОПАНИСУВАЊЕ СО РИБИТЕ И СОДРЖИНАТА НА ГОДИШНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГОДИШНИОТ ПЛАН Член 1 Со овој правилник се пропишува содржината на годишниот план за заштита и стопансисување со рибите и содржината на годишниот извештај за реализација на годишниот план. Член 2 Годишниот план за заштита и стопансисување со рибите содржи: 1. податоци за концесионерот; назив на правното лице односно име и презиме на физичкото лице; седиште на правното лице односно адреса на физичкото лице; ЕМБГ односно ЕМБС на концесионерот и контакт телефон, е-та! адреса, факс. 2. податоци за риболовната вода од која се користат рибите; 5. мерки за заштита и одржување на рибите: организација на рибочуварска служба (број на рибочувари со основен план за физичка заштита на рибите); следење на состојбата на водата, заболување и помор на риба како и невообичаено однесување на рибите; планирање за постапка со рибите во случај на недостаток со вода и/или поплавии посебни мерки за заштита на природни плодишта. 4. план на порибување по количини, видови и период на порибување согласно риболовната основа; 5. количини на планиран улов по видови риби за рекреативен и стопански риболов за односната година согласно риболовната основа; 6. риболовна динамика за: а. стопански, мелиоративен и селективен риболов: влез и излез од риболовната вода по часови; број на ловни денови во месецот; вид и број на риболовен алати број на рибари и риболовци по риболовен ден. р. рекреативен риболов: број на риболовни денови. 7. планирани финансиски средства за: порибување; физичка заштита; инвестиции во набавка на опрема; одржување и унапредување на животната средина и обука и воведување на нови технологии. Член 5 Годишниот извештај за реализација на годишниот план за заштита и стопансисување со рибите покрај основните податоци за концесионерот и риболовната вода од која се користат рибите, содржи: опис на мерките и активностите преземени за заштита и одржување на рибите, бројот на ангажирани рибочувари, вкупен број на работни часови реализирани за физичка заштита на рибите, мерките преземени за заштита на природните плодишта и активностите преземени за следење за состојбите на водата и начинот на нивното извршување. Доколку во годината за која се однесува извештајот, на риболовната вода имало појава на невообичаено однесување на рибите, нивно заболување или помор концесионерот треба да ги наведе преземените активности. мерки преземени за извршеното порибување, односно податоци за видовите риби со кои е извршено порибувањето, нивната количина во килограми и периодот на порибување. податоци за вкупната количина на уловената риба за стопански и рекреативен риболов изразена во килограми и проценти во однос на планираниот улов согласно риболовната основа. податоци за број на денови во кои се вршел стопански, мелиоративен и селективен риболов по месеци, вкупен број на часови реализирани за вршењето на риболовот и број на рибари по риболовен ден како и начинот на вршење на риболовот (вид и број на риболовен алат). За вршењето на рекреативниот риболов, треба да се наведе бројот на риболовци кои ја посетиле риболовната вода како и вкупниот број на риболовни денови. податоци за потрошените финансиски средства за извршеното порибување и дополнителното вршење на физичката заштита и податоци за потрошените финансиски средства за реализирани инвестиции во набавка на опрема и воведување на нови технологии, реализирани средства за заштита, одржување и унапредување на животната средина и извршени обуки од областа на рибарството. Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр. 08 - 2631/1 Министер за земјоделство, шумарство и 20 февруари 2008 година водостопанство, Скопје Ацо Спасеноски, ср.