跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the content, form and manner of adoption of the plan for performing inspection supervision

颁布于 2007-10-04 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за содржината, формата и начинот на донесување на планот за вршење на инспекциски надзор.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
inspection, policy/planning, protection of environment

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен В. на Р.М. бр: 128/2007 од 19.10.2007 Влегува во сила на: 20.10.2007 Извор: МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Правилник за содржината, формата и начинот на донесување на планот за вршење на инспекциски надзор Врз основа на член 208 став (4) од Законот за животна средина ("Службен весник на РМ" бр.53/05, 81/05 и 24/07), министерот за животна средина и просторно планирање донесува ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА, ФОРМАТА И НАЧИНОТ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА ПЛАНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишува содржината, формата и начинот на донесување на планот за вршење на инспекциски надзор (во понатамошниот текст: планот) од страна на директорот на Државниот инспекторат за животна средина односно градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје. Член 2 Содржина и форма на планот за инспекциски надзор (1) Содржината и формата на планот кој го донесува директорот на Државниот инспекторат за животна средина се дадени во прилог 1 кој е составен дел на овој правилник. (2) Содржината и формата на планот кој го донесува градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје се дадени во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. Член 3 Начинот на донесување на планот за вршење на инспекциски надзор (1) Овластениот инспектор за животна средина до градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје доставува предлог план за вршење инспекциски надзор за наредната година најдоцна до 15 ноември во тековната година. (2) Државниот инспектор за животна средина и државниот инспектор за заштита на природата до директорот на Државниот инспекторат за животна средина доставува предлог план за вршење инспекциски надзор за наредната година најдоцна до 15 ноември во тековната година. (3) Врз основа на предлог планот од став (1) на овој член, градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје подготвува план за наредната година најдоцна до 1 декември во тековната година и истиот го доставува до Државниот инспекторат за животна средина најдоцна до 10 декември во тековната година. (4) Директорот на Државниот инспекторат за животна средина доставува мислење и забелешки по планот од став (3) од овој член најдоцна до 31 декември во тековната година. (5) Градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во град Скопје добиените мислења и забелешки согласно став (4) на овој член соодветно ги вградува во планот за наредната година. (6) Врз основа на предлог планот од став (2) на овој член директорот на Државниот инспекторат за животна средина го подготвува планот за наредната година најдоцна до 15 декември во тековната година и истиот го доставува на мислење до министерот за животна средина и просторно планирање. (7) Планот од член (1) од овој правилник директорот на Државниот инспекторат за животна средина односно градоначалникот на општината, градоначалникот на градот Скопје и градоначалникот на општината во градот Скопје го донесува секоја година најдоцна до 15 јануари во тековната година. http://www.slvesnik.com.mk/Issues/770CE683D6EAB14C8F54675010DC9647.pdf#page=26 Влегување во сила Член 4 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на неговото објавување. Бр. 07-5247/4 4 октомври 2007 година Министер за животна средина и Скопје просторно планирање, Џелил Бајрами, с.р.

Regulation on the content, form and manner of adoption of the plan for performing inspection supervision · Nelum