Regulation on the content and manner of keeping, storing and maintaining records in the Waste Register
颁布于 2009-03-12 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за содржината и начинот на водење, чување и одржување на евиденцијата во регистарот на отпад.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Waste and hazardous substances
- 关键词
- authorization/permit, procedural matters, registration, data collection/reporting, waste disposal, waste management
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 39 од 20.03.2009 година 1 од 2 20090390698 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ Врз основа на член 115 став 3 од Законот за управување со отпад („Службен весник на Република Македонија“ бр. 68/04, 107/07, 102/08 и 143/08), министерот за животна средина и просторно планирање донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ, ЧУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА ВО РЕГИСТАРОТ НА ОТПАД Член 1 Со овој правилник се пропишуваат содржината и начинот на водење, чување и одржување на евиденцијата во Регистарот на отпад. Член 2 Регистарот на отпадот содржи податоци oд годишните извештаи за постапување со отпад од правни и физички лица, податоци од годишните извештај за постапување со отпад од градоначалник , податоци од годишните извештаи за постапување со отпад од депонии и податоци за издадени дозволи на правни и физички лица. Член 3 Во податоците за годишниот извештај за постапување со отпад од правни и физички лица се внесува: реден број на уписот; назив и седиште на правното лице/ име презиме и живеалиште и единствен матичен број на физичко лице кое постапува со отпад; количина на отпад што се создава, прима од други лица и предава на други лица, како и третиран отпад (шифра на отпад и вид на отпад); забелешка. Член 4 Во податоците за годишниот извештајот за постапување со отпад од градоначалник се внесува: реден број на уписот; име на општина/населено место; седиште; количина на собран и транспортиран комунален и друг вид на неопасен отпад (шифра на отпадот и вид на отпадот); количина на отстранет комунален и друг вид на неопасен отпад (шифра на отпадот и вид на отпад); отстранет инертен отпад (шифра на отпадот и вид на отпадот); забелешка. Член 5 Во податоците за годишниот извештајот од депонија се внесува: реден број на уписот; назив и седиште на депонијата; име на општина/населено место која ја опслужува депонијата; Службен весник на РМ, бр. 39 од 20.03.2009 година 2 од 2 количина на примен комунален и друг вид на неопасен отпад ( шифра на отпадот и вид на отпадот); количина на депониран инертен отпад ( шифра на отпадот и вид на отпадот); количина на отстранет опасен отпад ( шифра на отпадот и вид на отпадот); останати податоци за депонијата; забелешка. Член 6 Во податоците за издадени дозволи на правни и физички лица се внесува: реден број на уписот; назив и седиште на правното лице/име презиме и живеалиште и единствен матичен број на физичко лице; број и вид на дозвола; рок на важење на дозволата и датум на истекување на важноста на дозволата; забелешка. Член 7 (1) Уписот на податоците во Регистарот на отпад се врши по приемот на пристигнатите годишни извештаи од правни и физички лица, извештаите за постапување со отпад од градоначалник како и извештаите за постапување со отпад од депонија . (2) Уписот на податоците во Регистарот на отпад за издадени дозволи се врши со моментот на издавање на дозволите за постапување со отпад. Член 8 (1) Регистарот за отпад се води за секоја година посебно во електронска форма и податоците во него тековно се ажурираат. (2) Податоците во регистарот на отпад се водат на начин кој овозможува пребарување по сите податоци наведени во член 2 на овој правилник. (3) Податоците содржани во Регистарот за отпад се чуваат трајно. Член 9 Престанокот на работата на правното односно физичкото лица заведено во регистарот за отпад како и за други промени во податоците на истите се заведуваат во забелешка. Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот нa објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 1 јануари 2010 година. Бр. 07- 1813/1 12 март 2009 година Министер, Скопје д-р Неџати Јакупи, с.р.