Regulation on the conditions to be met by facilities, equipment and skilled staff that perform the veterinary inspection at border crossings
颁布于 2010-02-25 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за условите кои треба да ги исполнуваат објектите, опремата и стручниот кадар потребни за вршење на ветеринарна инспекција на граничен премин.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 组织
- European Union
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock, Food and nutrition
- 关键词
- animal health, inspection, international trade, education, hygiene/sanitary procedures, food safety and quality
- 类别
- *
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 1 од 9 20100400726 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 82 став (3) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОБЈЕКТИТЕ, ОПРЕМАТА И СТРУЧНИОТ КАДАР ПОТРЕБНИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНА ИНСПЕКЦИЈА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН Член 1 Со овој правилник се пропишуваат условите кои треба да ги исполнуваат објектите, опремата и стручниот кадар потребни за вршење на ветеринарна инспекција на граничен премин. Член 2 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1) Надлежен орган е Управата за ветеринарство; 2) Ветеринарно инспекциско место на граничен премин (во натамошниот текст: инспекциско место) е секоја инспекциска испостава, лоцирана на надворешната граница и одобрена од Владата на Република Македонија, за спроведдување на ветеринарни прегледи на животни, производи или нуспроизводи од животинско потекло кои влегуваат на, или поминуваат низ територијата на Република Македонија од други држави; и 3) Инспекциски центар е објект кој заради географската локација или големината на граничниот премин е дел од инспекциското место, кој ги исполнува условите во однос на објектите, опремата и стручниот кадар потребни за вршење на ветеринарна инспекција на граничен премин. Член 3 (1) Објектите на инспекциското место од член 2 точка 2) треба да се распоредени на начин кој овозможува да претставуваат една комплетна работна единица. (2) Во случај кога инспекциското место се состои од повеќе објекти лоцирани на едно место, географската локација на групата објекти треба да ги задоволува условите за определување на инспекциското место и да има ист назив. (3) Инспекциското место треба да ги содржи сите објекти наведени во членовите 5, 9 и 10 од овој правилник, каде пратките со живи животни и производи од животинско потекло кои се внесуваат во Република Македонија подлежат на проверка и преглед на документи, идентитет и физички-клинички преглед. (4) Доколку заради географската локација или големината на граничниот премин, а со цел поефикасно спроведување на ветеринарните проверки и прегледи на категориите пратки со живи животни и производи од животинско потекло за кои е определено инспекциското место, истото, може да се состои од повеќе од еден објект или да е инспекциски центар. Член 4 (1) Инспекциското место, покрај објектите од член 3 став (3) од овој правилник, треба да поседува опрема и стручен кадар, како и да ги спроведува постапките во инспекциското место, како што е пропишано во овој правилник. Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 2 од 9 (2) Просториите кои се користат како инспекциско место или секој инспекциски центар во рамките на инспекциското место се под контрола на официјален ветеринар на граничен премин. (3) Просториите од став (2) на овој член треба да бидат во состојба да се користат во секое време кога за тоа има потреба. Член 5 (1) Објектите во инспекциско место треба да бидат изградени, опремени, одржувани и да функционираат во согласност со условите утврдени во овој правилник и во согласност со другите прописи од областа на ветеринарното здравство. (2) Доколку се врши увоз или транзит на производи од животинско потекло кои не се целосно усогласени од хигиенска гледна точка, во тој случај се применуваат одредбите од член 81 став (2) и член 95 став (4) од Законот за ветеринарно здравство. (3) Минималната инфраструктура за секое инспекциско место се состои од следниве елементи притоа земајќи го во предвид ефективното работно растојание меѓу нив: 1) канцеларија со комуникациска опрема во која се вклучени: телефон, факс, информационeн систем за гранична ветеринарна инспекција, фотокопир, сета неопходна документација, како и архивски капацитет за чување документи од извршените проверки и прегледи на пратките со живи животни и производи од животинско потекло; 2) заеднички простории, кои се состојат од соблекувални, тоалети и мијалници за персоналот кој работи на инспекциското место, кој може да се дели само со персоналот кој е вклучен во официјалните контроли; 3) простор за растовар на пратките од транспортните средства, кој е затворен или покриен со кров; 4) по исклучок од точка 3) од овој став, просторот за растовар на пратки на непакувана волна, непакувани збирни животински протеини кои не се наменети за исхрана на луѓе, непакувано шталско ѓубриво или птичјо ѓубриво или непакувани течни масла и масти, кои се транспортираат со бродови, не треба да биде покриен со кров; 5) за производи од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе, за кои е неопходен температурен режим на одржување, врската меѓу транспортните средства и просториите за растовар треба да биде заштитена и изолирана од надворешни временски влијанија; 6) по исклучок од точка 5) од овој став, во случај на риба, постапките за растовар и натовар на пратки со риба, на пристаништето треба да се извршат на начин кој ќе оневозможи контаминација, и тоа: растоварот и постапките со рибата на пристаништето да се изведува брзо; производите од риба да се сместат без одлагање во заштитена околина на соодветна температура во зависност од природата на производот; опремата и манипулацијата со производите од риба да не предизвикува непотребно оштетување на деловите кои се јадат; 7) просторија за проверки и прегледи на производи од животинско потекло и за земање примероци за понатамошни тестирања, при што просторијата во која се земаат примероците не треба да биде одделена од просторијата за проверки и прегледи; 8) соодветни простории за складирање, кои овозможуваат истовремено чување на задржаните пратки на температура на ладење, на замрзнување или на собна температура, под контрола на официјалниот ветеринар на граничен премин, до добивање на лабораториските резултати или резултатите од други испитувања. (4) Инспекциско место определено за категории на производи од животинско потекло кои се чуваат разладени, замрзнати и на собна температура, треба да има капацитет за Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 3 од 9 истовремено складирање на соодветни количини производи од животинско потекло од секоја температурна категорија одделно. (5) Официјалниот ветеринар на граничен премин треба во секое време да има можност за непосреден пристап во соодветниот простор за складирање од став (4) на овој член. (6) Користењето на комерцијалните објекти за складирање блиску до инспекциското место и во рамките на истото пристаниште или царинска зона е дозволено само доколку се под контрола на официјалниот ветеринар на граничен премин, и доколку овозможуваат задржаниот производ од животинско потекло да се складира во одделна заклучена просторија или зона, која е целосно оградена од сите други производи од животинско потекло. (7) Складирање во одделни неповрзани контејнери, кои се трајно сместени покрај просторот за растовар, може да се врши, само во случај кога контејнерите се поврзани со просторот за растовар на начин кој овозможува растоварот да биде заштитен од надворешни временски влијанија. (8) Дополнително складирање на секоја категорија производи од животинско потекло во истите транспортни средства со кои се донесени пратките на инспекциското место лоцирано на копнен (патен и железнички) граничен премин, аеродромски граничен премин или граничен премин на пристаниште е дозволено само под контрола на официјален ветеринар на граничен премин. (9) Ракувањето со производите од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе и со производите од животинско потекло кои не се наменети за исхрана на луѓе се врши во одделен простор за растовар, одделни простории за проверка и преглед и одделни капацитети за складирање. (10) По исклучок на став (9) од овој член и во случај на инспекциски места кои се определени само за пакувани производи од животинско потекло, просторот за растовар може да биде заеднички, доколку се обезбеди во текот и по растоварот јасна одвоеност на производите од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе од производите од животинско потекло кои не се наменети за исхрана на луѓе, со цел да се спречи меѓусебна контаминација. (11) По исклучок на став (9) од овој член и врз основа на спроведена анализа на ризик од страна на надлежниот орган, инспекциските места кои имаат ограничен капацитет на пратки од било која категорија, како за производи од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе така и за производи од животинско потекло кои не се наменети за исхрана на луѓе, можат се користат истите простории за растовар, проверка, преглед и складирање за сите производи од животинско потекло за кои е определено инспекциското место. (12) Во случај на став (11) од овој член, растоварот, проверката, прегледот и складирањето на пратките треба да се врши во различни временски интервали, а помеѓу секоја манипулација и проверка и преглед на пратките, да се изврши чистење и дезинфекција на просториите. (13) За исклучоците наведени во став (11) и став (12) од овој член како и за спроведената анализа на ризик се известува Комисијата на Европската унија. Член 6 (1) Во случај кога инспекциското место е разделено во различни инспекциски центри, тие треба да: се лоцирани во рамките на истата назначена царинска зона или област каде е лоцирано инспекциското место на кое му припаѓаат; се лоцирани на разумна оперативна оддалеченост од назначената централна канцеларија на инспекциското место и се под контрола на официјалниот ветеринар на граничен премин; Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 4 од 9 чуваат посебна евиденција за извршените ветеринарни проверки и прегледи на пратките во центарот. (2) Инспекциските центри од ставот (1) на овој член не е неопходно да поседуваат: архива, терминал од информациониот систем за гранична ветеринарна инспекција или фотокопир; целата легислатива и документи кои се однесуваат на ветеринарните проверки и прегледи, туку само соодветните документи за ветеринарните проверки и прегледи кои се вршат во центарот. Член 7 Инспекциското место треба да е изградено на начин кој ќе обезбеди соодветно ниво на хигиена и ќе оневозможи меѓусебна контаминација, при што: 1) Просториите на инспекциското место или инспекцискиот центар каде производите од животинско потекло се растовараат, се прегледуваат или складираат треба да се со: ѕидови со мазна површина која лесно се мие, чисти и дезинфицира; подови со површина која спречува лизгање, која лесно се мие, се чисти, дезинфицира и со соодветна дренажа; чист таван, кој лесно се чисти; соодветно природно и вештачко осветлување; соодветен довод на топла и ладна вода во сите простории за проверка и преглед на пратките. 2) Инспекциското место и инспекциските центри, во секое време треба најмалку да поседуваат: опрема (или достапна опрема) за мерење на тежината на пратките кои се предмет на проверка и преглед; опрема потребна за отворање и испитување на пратките, кои се предмет на проверка и преглед; соодветно сместена опрема за чистење и дезинфекција на инспекциско место, или ефикасен и документиран систем за чистење и дезинфекција од страна на надворешен сервис; опрема за одржување на температурата на соодветно ниво во простории со контролиран температурен режим. 3) Просториите во кои се врши инспекција, треба најмалку да поседуваат: работна маса со мазна површина, која е лесна за миење и дезинфекција; опрема за земање примероци – пила, нож, отворач за конзерви, опрема за земање примероци од пратки и контејнери; трака за запечатување и нумерирани пломби или етикети со јасни ознаки, заради точна следливост; термометар за мерење температура на површината и во длабочината, вага за мерење, а за свежите производи од животинско потекло pH метар; опрема за топење или микробранова печка; соодветен простор за привремено складирање на земените примероци под температурен режим, се до нивното доставување во лабораторија; контејнери за транспорт на земените примероци. 4) Инспекциското место и инспекциските центри со ограничена определба треба да ја поседуваат опремата наведена во точките 2) и 3) од овој член, соодветна за производите од животинско потекло со кои се манипулира при проверка и преглед. Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 5 од 9 Член 8 (1) Официјалниот ветеринар на граничен премин треба да биде присутен на инспекциското место или инспекцискиот центар за време на проверката и прегледот на пратките. (2) Инспекциско место треба да има доволен број на вработени за спроведување на сите потребни проверки и прегледи. (3) На официјалниот ветеринар на граничен премин може да му помагаат и официјални ветеринарни помошници, кои работат под негова надлежност при: проверка на документи; проверка на идентитет и физички преглед, земање примероци и вршење општи анализи; и административни работи и постапки. (4) Официјалниот ветеринар на граничен премин е одговорен за крајната одлука од извршената проверка и преглед на пратките. (5) На инспекциското место се чува евиденција за обуките на персоналот кои се однесуваат на проверките и прегледите на инспекциското место. Член 9 Инспекциското место определено за инспекција на живи животни треба да поседува: 1) достапен приод кон патот наменет за транспорт на живи животни така што животните се поштедени од непотребно чекање; 2) простории (кои треба да се лесни за чистење и дезинфекција) за натовар и растовар на различни превозни средства, инспекција, хранење, напојување и лечење на животните, со адекватен простор, осветлување и вентилација за бројот животни кои се прегледуваат; 3) доволен број ветеринарен и помошен персонал, во однос на бројот на животни кои просечно се внесуваат на инспекциското место, посебно обучен за спроведување проверки и прегледи на придружните документи и клинички преглед; 4) доволно големи простории на располагање на персоналот одговорен за спроведување на ветеринарните проверки и прегледи, вклучувајќи соби за пресоблекување, тушеви и клозети; 5) соодветни простории за земање и спроведување на примероци за рутински проверки утврдени во соодветните прописи во Република Македонија од областа на ветеринарното здравство; 6) услуги што ги дава специјализирана лабораторија за вршење тестови на земените примероци на инспекциското место; 7) служба за превземање, во непосредна близина на инспекциското место, со објекти и опрема за сместување, хранење, напојување, лекување и по потреба, колење на животните; 8) во случаи кога инспекциските места служат како места за запирање или трансфер на животните за време на транспортот, погодни простории за соодветен растовар, напојување, хранење и кога е потребно сместување, лекување или колење на место и начин што ги поштедува животните од непотребно страдање; 9) соодветна опрема која овозможува брза размена на информации со другите инспекциски места; 10) опрема и капацитети за чистење и за дезинфицирање. Член 10 (1) Во состав на инспекциското место определено за инспекција на живи животни може дополнително да има и центри за карантин. (2) Центрите за карантин од став (1) на овој член треба да имаат: Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 6 од 9 1) простории (кои треба да се лесни за чистење и за дезинфекција) за товарење и растоварање на разни превозни средства, инспекции, хранење, напојување и лечење на животните, со адекватен простор, осветлување и вентилација за бројот животни кои се прегледуваат; 2) доволно големи простории на располагање на персоналот одговорен за спроведување на ветеринарните проверки и прегледи, вклучувајќи соби за пресоблекување, тушеви и клозети; 3) соодветни простории за земање и спроведување на примероци за рутински проверки утврдени во соодветните прописи во Република Македонија од областа на ветеринарното здравство; 4) служба за превземање, во непосредна близина на инспекциското место, со објекти и опрема за сместување, хранење, напојување, лекување и по потреба, колење на животните; 5) соодветна опрема која овозможува брза размена на информации со другите инспекциски места; и 6) опрема и капацитети за чистење и за дезинфицирање. (3) Центрите за карантин од став (1) на овој член треба да: 1) бидат сместени под постојан надзор и одговорност на официјален ветеринар; 2) бидат доволно оддалечени од имоти или други места каде се чуваат животни кои би можеле да се инфицираат од заразни болести; и 3) имаат ефикасен систем за контрола која обезбедува соодветен надзор на животните. Член 11 (1) До спроведувањето на информациониот систем за гранична ветеринарна инспекција согласно Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружува пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, официјалниот ветеринар одговорен за прегледите на инспекциско место во назначената централна канцеларија во електронска или хартиена форма треба да располага најмалку со: 1) ажурирана листа на одобрени трети земји или делови од трети земји за увоз на пратки во Република Македонија; 2) копии од прописи во Република Македонија од областа на ветеринарното здравство во кои се наведени ветеринарно-здравствените сертификати или други документи кои ја пратат пратката; 3) ажуриран список на одобрени објекти од трети земји за увоз на производи од животинско потекло во Република Македонија или список на национални одобрени објекти, во случај на нехармонизирани производи од животинско потекло; 4) копии од сите решенија за безбедносни мерки за увоз, транзит и извоз на пратки во Република Македонија; 5) ажуриран список на определените инспекциски места во Република Македонија со сите детали за нив; 6) ажуриран список на одобрени од надлежниот орган слободни зони, слободни складови и царински складови и одобрени оператори кои директно ги снабдуваат прекуграничните средства за поморски транспорт во Република Македонија; 7) ажуриран список на одобрени од надлежниот орган објекти за прием на канализирани производи од животинско потекло во Република Македонија; Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 7 од 9 8) копии од други прописи во Република Македонија од областа на ветеринарното здравство за други постапки, проверки и прегледи на инспекциското место. (2) Доколку податоците не се внесени во информациониот систем за гранична ветеринарна инспекција на инспекциско место, во електронска или хартиена форма, се чува следнава евиденција: 1) ажурирани информации за пратки на кои им бил забранет увозот или влезот во Република Македонија и кои биле вратени; 2) информациите од став (1) на оваа точка се доставуваат до Земјите членки на Европската унија и до Комисијата на Европската унија; 3) регистер со основните податоци за пратките кои се внесуваат во Република Македонија, и тоа: 1. идентификација на ветеринарното инспекциско место на граничен премин a) име и број на кодот на инспекциското место 2. идентификација на пратката а) вид на пратката и код б) број/ количина/ единици в) анекс Б број г) трета земја на потекло (ИСО код) д) име и одобрен број на објектот на потекло ѓ) земја Членка на дестинација/ земја на дестинација (ИСО код) 3. извршени прегледи а) преглед на документи (да/ не/ не-соодветни) б) преглед на идентитет (да/ не/ не-соодветни) в) физички преглед (да/ не/ не-соодветни) г) лабораториски испитувања (да/ не/ не-соодветни) 4. резултат а) прифатена (дата) б) одбиена (дата) в) уништена (дата) г) обработена (дата) 4) регистер на сите пратки кои се одбиени, уништени или одобрени за друга употреба освен за исхрана на луѓе и тоа: 1. ветеринарно инспекциско место на граничен премин а) име и код на ветеринарното инспекциско место на граничен премин б) име на одговорниот официјалниот ветеринар на граничен премин 2. пратка а) вид и код на пратката б) број/ количина/ единици в) ветеринарно-здравствен серртификат сериски број дата име и институција на ветеринарот кој го потпишува ветеринарно-здравствениот сертификат институција на потекло на ветеринарот земја на потекло сериски број на `Анекс Б` 3. трговци а) име и адреса на одгледувалиштето и/ или објектот на потекло (одобрен број каде што е неопходно) б) име и адреса на извозникот Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 8 од 9 в) име и адреса на увозникот 4. движење на пратката а) трета земја на потекло б) трета земја на испорака в) регион на потекло (каде постои) г) земја членка на дестинација/ земја на дестинација д) примач и адреса на дестинација (одобрен број каде што е потребно) ѓ) средства за транспорт број на авионски лет патен и железнички сообраќај: регистерски број на возилото или број на вагон морски сообраќај: име на бродот број на контејнер (доколку постои) 5. повторен извоз а) дата и време (доколку е можно) на повторниот извоз б) точка на поаѓање (доколку е различна од ветеринарното инспекциско место на граничен премин на влез) в) дестинација (доколку е можно) г) средства за транспорт број на авионски лет патен и железнички сообраќај: регистерски број на возилото или број на вагон морски сообраќај: име на бродот број на контејнер 6. причина за повторен извоз а) преглед на документи: а1) надвор од надлежностите на инспекциското место а2) отсуство на сертификат/ лиценца а3) погрешен сертификат/ лиценца копија наместо оригинал други неправилности а4) грешки во документацијата трета земја регион дополнителни гаранции заштитна клаузула б) преглед на идентитет б1) несоодветност на сертификатот/ лиценцата и стоката б2) отсуство на соодветна ознака или бренд б3) негативен резултат од визуелниот преглед стока средства за транспорт благосостојба на животните в) физички преглед г) пратката не одговара на правилата и прописите од областа на ветеринарното здравство преглед од страна на официјален ветеринар на граничен премин лабораториски тест благосостојба на животните 7. забелешки. 5) во регистерот од став (4) на оваа точка се евидентираат сите случаи кои имаат рок за извршување или рок за одговор од страна на официјалниот ветеринар на граничен премин Службен весник на РМ, бр. 40 од 24.03.2010 година 9 од 9 во случај на одбиена, транзитна или канализирана пратка и кога е потребно и извршување на изречените дополнителни мерки; 6) регистер на сите земени примероци за лабораториски тестирања на инспекциското место, како и поединости од добиените резултати (позитивни и негативни) од овие тестови; 7) евиденција или податоци или извештај за одделни производи од животинско потекло кои подлежат на намален интензитет на физички прегледи, доколку е потребно и во електронска форма. Член 12 (1) Надлежниот орган остварува соработка со другите органи вклучени во инспекцијата на пратките кои доаѓаат од трети земји во Република Македонија. (2) Физичкиот преглед и прегледот на идентитет, освен проверката на пломбата, треба да се спроведат во инспекцискиот објект. (3) Прегледите од став (2) на овој член се спроведуваат на начин кој овозможува да се избегне можноста од меѓусебна контаминација, а кога е потребно се земаат во предвид и контролираните температурни услови под кои се транспортираат производите од животинско потекло. (4) Во случај на непакувани производи од животинско потекло наменети за исхрана на луѓе, сите прегледи од став (2) на овој член треба да се спроведат под хигиенски услови и заштита на овие производи во текот на растоварувањето и товарањето од надворешните временски услови. (5) Официјалниот ветеринар на граничен премин превзема соодветни мерки за нештетно уништување на отпадоците од животинско потекло кои се растовараат во просторот кој е под негова надлежност. (6) За спроведените мерки од став (5) од овој член официјалниот ветеринар на граничен премин чува евиденција за извршените проверки и прегледи и за откриените недостатоци. (7) Доколку мерките од став (5) се во надлежност на друг орган, официјалниот ветеринар на граничен премин соработува со овој орган и му ги става на располагање сите неопходни информации. (8) Официјалниот ветеринар на граничен премин треба да има познавање за слободните зони, слободните складишта, царински складишта или лиферанти на бродови во рамките на областа на инспекциско место или во блиската област. (9) Официјалниот ветеринар на граничен премин спроведува редовни прегледи во складиштата или лиферантите наведени под став (8) од овој член и за тоа води евиденција која треба да се чува во канцеларијата на инспекциското место. Член 13 Одредбите од член 5 став (13) и член 11 став (2) точка 2) од овој правилник ќе се применуваат со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија. Член 14 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од први јануари 2012 година. Бр. 11-15987/3 25 февруари 2010 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р.