跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the conditions, manner and procedure for implementation and enforcement of prohibitions on the use of certain by-products in animal feed and in technical products of certain animal by-products

颁布于 2010-08-31 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

research.laws.repealedOn

关于这部法律

原标题
Правилник за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхрана на животните и одредени технички производи од нуспроизводи од животинско потекло.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal feed/feedstuffs, processing/handling, authorization/permit, animal by-products

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 1 од 11 20101212365 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 18 став (2) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија” бр.113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОБЛИСКИТЕ УСЛОВИ, НАЧИНОТ И ПОСТАПКАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ И ПРИМЕНА НА ЗАБРАНИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ОДРЕДЕНИ НУСПРОИЗВОДИ ВО ИСХРАНАТА НА ЖИВОТНИТЕ И ОДРЕДЕНИ ТЕХНИЧКИ ПРОИЗВОДИ ОД НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО (∗) ГЛАВА I ОПШТА ОДРЕДБА Член 1 Предмет на уредување Со овој правилник се пропишуваат поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните, како и употребата на одредени технички производи од нуспроизводи од животинско потекло. ГЛАВА II ПОБЛИСКИ УСЛОВИ, НАЧИН И ПОСТАПКА ЗА УПОТРЕБА НА ОДРЕДЕНИ НУСПРОИЗВОДИ И ТЕХНИЧКИ ПРОИЗВОДИ ОД НУСПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ВО ИСХРАНАТА НА ЖИВОТНИТЕ ОДДЕЛ I Поблиски услови, начин и постапка за примена на забраните за употреба на нуспроизводи од животинско потекло Член 2 Забрана за употреба Нуспроизводи од животинско потекло и преработени производи не се употребуваат: 1) за исхрана на животни ако содржат преработени протеини од животинско потекло кои потекнуваат од телата или деловите од тела на животни од истиот вид; 2) за исхрана на фармски животни, со исклучок на животните за производство на крзно, ако се содржани во помии или храна за животни која содржи или е добиена од помии; и 3) како органиски фертилајзери или подобрувачи на почва, со исклучок на ѓубриво, на земјиште со пасишта. ∗ Овој правилник е усогласен со Регулативата (EC) Бр 1774/2002 на Европскиот Парламент и Европскиот Совет од 3 октромви 2002 која ги пропишува правилата за здраствена заштите кои се однесуваат на животинкси нус-производи кои не се наменети за човечка исхрана, 32002R1774, и Регулативата (ЕЗ) бр. 999/2001 на Европскиот парламент и на Советот од 22 мај 2001 година за утврдување правила за спречување, контрола и искоренување на одредени трансмисивни спонгиформни енцефалопатии, 32001R0999. Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 2 од 11 Член 3 Проширување на забраните за употреба на одредени нуспрооизводи од животинско потекло (1) Без исклучок на одредбите од член 2 на овој правилник, не треба да се врши исхрана на преживари со протеини кои потекнуваат од цицачи. (2) Одредбата на став (1) од овој член се однесува и на другите животни освен преживари, а исхраната на тие животни со производи од животинско потекло се врши согласно условите утврдени во Глава II на овој правилник. (3) Одредбите од ставов (1) и (2) од овој член се применуваат без оглед на исклучоците на забраните утврдени во Глава II на овој правилник. (4) При појава на ризик од Трансмисивни Спонгиоформни Енцефалопатии (ТСЕ) не треба да се врши извоз или складирање на храна наменета за домашни животни која содржи протеини од цицачи, или храна за животни наменета за цицачи, освен за кучиња, мачки и животни за крзно која содржи преработени протеини од цицачи. Член 4 Проширување на забраната Одредбите од член 3 став (1) од овој правилник се применуваат и при исхраната на: 1) фармски животни, со исклучок на исхрана на карнивори за производство на крзно, со: а) преработени протеини од животинско потекло: б) желатин по потекло од преживари; в) производи од крв; г) хидролизирани протеини; д) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од животинско потекло; и ѓ) храна за животни која содржи протеини наведени во подточките а), б), в), г) и д) од овој член; и 2) преживари, со протеини од животинско потекло и храна за животни кои содржaт такви протеини. Член 5 Исклучоци и посебни услови во однос на забраните за употреба на одредени нуспрооизводи од животинско потекло Одредбите од член 3 став (1) и (2) на овој правилник не се применуваат при: 1) исхрана на фармски животни со протеини наведени во подточките а), б), в),и г) од оваа точка и храна за животни која е добиена од такви протеини, и тоа: а) млеко, млечни производи и колострум; б) јајца и производи од јајца; в) желатин добиен од непреживари; и г) хидролизирани протеини добирени од делови од непреживари и од кожа и поткожје од преживари. 2) исхрана на непреживни фармски животни со протеини наведени во попдточките а), б) и в) од оваа точка, и со производи добиени од такви протеини: а) рибно брашно, во согласност со условите пропишани во Оддел II од оваа Глава; б) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат, во согласност со условите пропишани во Оддел IV од оваа Глава; и Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 3 од 11 в) производи од крв добиени од непреживари во согласност со условите пропишани во Оддел V од оваа Глава; 3) исхрана на риби со крвно брашно добиено од непреживари во согласност со условите пропишани во Оддел V од оваа Глава; 4) исхрана на фармски животни со храна за животни со растително потекло и храна за животни која содржи такви производи по откривање на незначителни количества на делови од коски доколку процената на ризикот е задоволителна. При процена на ризикот се зема во предвид најмалку количеството и можниот извор на загадување и крајната дестинација на пратката; и 5) исхрана на неодбиени фармски животни од видовите на преживари со рибино брашно во согласност со условите пропишани во Оддел III од оваа Глава. ОДДЕЛ II Поблиски услови, начин и постапка за употреба на рибино брашно во исхраната на животните Член 6 Употреба на рибино брашно во исхрана на животните (1) Рибинто брашно наведено во член 5 точка 2) подточка а) и храната за животните која содржи рибино брашно за исхрана на непреживни животни (со исклучок на карнивори за производство на крзно) се употребува доколку: 1) рибиното брашно е произведено во објект за преработка наменет исклучиво за производство на производи добиени од риба; 2) пред да се стави во промет, секоја пратка од увезеното рибино брашно е анализирана со микроскоп; и 3) храната за животни која содржи рибино брашно е произведена во објект кој не произведува храна за преживари и кој е одобрен за таа цел од страна на Управата за ветеринарство. (2) По исклучок на став (1) точка 3) од овој член: 1) не е потребно посебно одобрение за производство на комплетна храна за животни од храна за животни која содржи рибино брашно за домашни производители на храна за животни: а) кои се регистрирани; б) кои призведуваат комплетна храна за исхрана на животните за користење на самото одгледувалиште; и в) доколку се докаже дека храната за исхрана на животни која содржи рибино брашно кое се користи при производството содржи помалку од 50 % сирови протеини. 2) производството на храна за исхрана на преживари во објект кој исто така врши производство на храна за исхрана на животните која содржи рибино брашно за други видови на животни ќе биде одобрено доколку: а) неспакуваната и спакуваната храна за животни наменета за преживари се чува во простории физички одвоени од оние за неспакувано рибино брашно и неспакувана храна за животните која содржи рибино брашно за време на складирање, транспорт, и пакување; б) храната за животни наменета за преживари е произведена во простории кои се физички одвоени од просториите каде се произведува храна за животни која содржи рибино брашно; Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 4 од 11 в) записите со поединости за набавките и употребата на рибиното брашно и продажбата на храната за животни која содржи рибино брашно се чуваат најмаку пет години и се достапни на барање на официјалниот ветеринар; и г) редовно се спроведуваат рутински тестирања на храната за животни наменета за преживари за да се обезбеди дека забранетите протеини, вклучувајки го и рибиното брашно не се присутни. Член 7 Означување и транспорт на рибино брашно (1) Комерцијалниот документ кој ја придружува пратката на храна за животни која содржи рибино брашно и секое пакување кое содржи такви пратки, терба да бидат јасно означени со зборовите: “содржи рибино брашно – не смее да се користои за исхрана на преживари”. (2) Неспакуваната храна за животни која содржи рибино брашно се транспортира со превозни средства со кои во исто време не се транспортира храна за преживари. Доколку превозното средство потоа се користи за транспорт на храна за животни наменета за преживари, треба темелно да се исчисти за да се избегне вкрстена контаминација. Член 8 Начин на користење и складирање на храната за животни која содржи рибино брашно (1) Храната за животни која содржи рибино брашно не може да се користи и складира на фарми на кои се чуваат преживари. (2) По исклучок на став (1) на овој член, храната за животни која содржи рибино брашно може да се користи и складира на фарми каде се чуваат преживари доколку на фрамата се применети мерки со кои се спречува храната за животни која содржи рибино брашно да се користи за исхрана на преживари. ОДДЕЛ III Поблиски услови, начин и постапка за употреба на рибино брашно за исхрана на неодбиени фармски животни од видовите на преживари – Замени за млеко Член 9 Употреба на рибино брашно и храна за животни која содржи рибино брашно за исхрана на неодбиени фармски животни од видовите на преживари (1) Рибиното брашно од член 5 точка 5) од овој правилник и храната за животни која содржи рибино брашно може да се користи при исхрана на неодбиени фармски животни од видовите на преживари доколку: 1) рибиното брашно е произведено во објект за преработка кој е исклучиво наменет за производство на производи добиени од риба; 2) пред да се стави во промет, секоја пратка на рибино брашно е анализирана со микроскоп; 3) употребата на рибино брашно за исхрана на млади фармски животни од видовите на преживари е одобрено само за производство на замени за млеко, дистрибуирани во сува форма и по растварање во одредено количество на течност, наменето за исхрана на неодбиени преживари како дополна, или замена на пост-колостралното млеко пред завршување на одбивањето; и Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 5 од 11 4) замените за млеко кои содржат рибино брашно наменето за млади фармски животни од видовите на преживари се произведени во објекти кои не произведуваат друга храна за преживари и кои се одобрени за таа цел. (2) По исклучок од став (1) точка 4) од овој член, производството на друга храна за преживари во објекти кои произведуваат и замени за млеко кои содржат рибино брашно наменето за млади фармски животни од видовите на преживари може да се одобри доколку: 1) неспакуваната или спакуваната друга храна за животни наменета за преживари се чува во простории кои се физички одвоени од оние за неспакувано рибино брашно и неспакувани замени за млеко кои содржат рибино брашно за време на складирање, транспорт и пакување; 2) другата храна за животни наменета за преживари се произведува во простории физички одвоени од просториите каде се произведуваат замените за млеко кои содржат рибино брашно; 3) записите со поединости за набавките и употребата на рибиното брашно и продажбата на замените за млеко кои содржат рибино брашно се чуваат најмаку пет години и се достапни на барање на официјалниот ветеринар; и 4) редовно се спроведуваат рутински тестирања на другата храната за животни наменета за преживари за да се обезбеди дека забранетите протеини, вклучувајки го и рибиното брашно не се присутни. Резултатите од тестирањата се чуваат најмалку пет години и се достапни на барање на официјалниот ветеринар. Член 10 Означување и транспорт на замените за млеко (1) Комерцијалниот документ кој ги придружува замените за млеко кои содржат рибино брашно наменети за млади фармски животни од видовите на преживари, и секое пакување кое содржи такви пратки, мора да бидат јасно означени со зборовите “содржи рибино брашно – смее да се користои само за исхрана на неодбиени преживари”. (2) Неспакуваните замени за млеко кои содржат рибино брашно наменети за млади фармски животни од видовите на преживари ќе бидат транспортирани со превозни средства со кои во исто време не се транспортира друга храна за преживари. Доколку е применливо, кога превозното средство последователно се користи за транспорт на друга храна за животни наменета за преживари, треба темелно да се исчисти за да се избегне вкрстена контаминација. Член 11 Начин на користење и складирање на замените за млеко (1) На фарми каде се чуваат преживари, треба да се применат мерки за да се спречи замените за млеко кои содржат рибино брашно да се користат за исхрана на преживари кои не се опфатени со член 5 точка 5) од овој правилник. (2) Управата за ветеринарства воспоставува листа на фарми каде замените за млеко кои содржат рибино брашно се користат преку систем на претходна најава од страна на фармата или друг систем кој обезбедува усогласеност со овие одредби. Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 6 од 11 ОДДЕЛ IV Поблиски услови, начин и постапка за употреба на дикалциум фосфат и трикалциум фосфат во исхраната на животните Член 12 Употреба на дикалциум фосфат и трикалциум фосфат во исхрана на животните (1) Дикалциум фосфат и трикалциум фосфат од член 5 точка 2) подточка 2) од овој правилник и храна за животни која содржи такви протеини при исхрана на непреживни фармски животни, (со исклучок за исхрана на карнивори за производство на крзно) се употребува доколку таквата храна е произведена во објекти кои се одобрени за таа цел и кои не вршат подготовка на храна за преживари. (2) По исклучок на став (1) од овој член: 1) не е потребно посебнои одобрение за производство на комплетна храна за животни од храна за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат за домашни производители на храна за животни кои: а) се регистрирани; б) призведуваат комплетна храна за животните за користење на самото одгледувалиште; и в) доколку се докаже дека храната за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат кои се користат при нејзиното производството содржи помалку од 10 % вкупен фосфор. 2) производството на храна за преживари во објект кој врши и производство на храна за исхрана на животните која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат за други видови на животни се одобрува доколку: а) неспакуваната и спакуваната храна за животни наменета за преживари е произведена во простории физички одвоени од оние каде се произведува храна за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат; б) неспакуваната храна за животни наменета за преживари се чува во простории физички одвоени од оние за неспакуван дикалциум фосфат, неспакуван трикалциум фосфат и неспакувана храна за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат; и в) записите со поединости за набавките и употребата на дикалциум фосфатот или трикалциум фосфатот и продажбата на храната за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат се чуваат најмаку пет години и се достапни на барање на официјалниот ветеринар. Член 13 Означување и транспорт на храната за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат (1) На етикетатат и пропратниот документ на храната за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат треба јасно да бидат означени зборовите: “содржи дикалциум/трикалциум фосфат од животинско потекло - не смее да се користи за исхрана на преживари”. (2) Неспакуваната храната за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат треба да се транспортира со превозни средства со кои во исто време не се транспортира храна за преживари. Доколку превозното средство последователно се користи за транспорт на храна за животни наменета за преживари, истото треба темелно да се исчисти за да се избегне вкрстена контаминација. Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 7 од 11 Член 14 Начин на користење и складирање на храна за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат (1) Храна за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат не се користи и складира на на фарми на кои се чуваат преживари. (2) По исклучок на став (1) на овој член, храна за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат може да се користи и складира не на фарми каде се чуваат преживари доколку на фрамата се применети мерки со кои се спречувае храната за животни која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат да се користи за исхрана на преживари. ОДДЕЛ V Поблиски услови, начин и постапка за употреба на производи од крв и крвно брашно во исхраната на животните Член 15 Употреба на производи од крв во исхраната на животните (1) Производите од крв од член 5 точка 2) подточка в) од овој правилник и крвно брашно од член 5 точка 3) од овој правилник и храната за животни која содржи такви протеини можат да се користат при исхрана на непреживни фармски животни и риби, доколку крвта е: 1) добиена од одобрени кланици во кои не се врши колење на преживари и кои се регистрирани дека не вршат колење на преживари; и 2) транспортирана директно до објект за преработка во превозно средство наменето исклучиво за транспорт на крв од непреживари. Доколку превозното средство претходно се користело за транспорт на крв од преживари, по чистењето, а пред транспорт на крвта од непреживари официјалниот ветеринар извршил инспекција на истото. (2) По исклучок на став (1) од овој член, може да се врши собирање на крв од непреживари наменета за производство на производи од крв и крвно брашно за користење во исхрана на непреживни фармски животни и риби, во кланици во кои се врши и колење на преживари, доколку кланицата има признат систем на контрола кој обезбедува најмалку дека: 1) колењето на непреживарите е физички одвоено од колењето на преживарите; 2) просториите за собирање, складирање, транспорт и пакување на крв со потекло од преживари се физички одвоени од крвта со потекло од непреживари; и 3) се врши редовно земање на мостри и анализа на крвта со потекло од непреживари за да се открие присуство на протеини од преживари. Член 16 Услови за производство на производи од крв и крвно брашно (1) Производите од крв и крвното брашно треба да бидат произведени во објект во кој се врши исклучиво преработка на крв од непреживари. (2) По исклучик на став (1) на овој член, може да се врши производство на производи од крв и крвно брашно за исхрана на непреживни фармски животни и риби во објекти кои вршат преработка на крв од преживари, кои имаат воспоставено признаен систем на контрола за спречување на вкрстена контаминација кој обезбедува најмалку дека: Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 8 од 11 1) преработката на крв од непреживари се врши во затворен систем физички одвоен од системот за преработката на крв од преживари; 2) неспакуваната суровина и неспакуваниот краен производ со потекло од преживари за време на складирање, транспорт и пакување се чува во простории физички одвоени од оние за неспакувани суровини и неспакувани крајни производи со потекло од непреживари; и 3) се врши редовно земање на мостри и анализи на производи од крв и крвно брашно од непреживари за откривање на присуство на протеини од преживари. Член 17 Услови за производство на храна за животни која содржи производи од крв или крвно брашно (1) Храната за животни која содржи производи од крв или крвно брашно треба да биде произведена во објекти кои не вршат подготовка на храна за преживари или фармски животни, со исклучок на риби, и кои се одобрени за таа цел. (2) По исклучок на став (1) од овој член: 1) не е потребно посебно одобрение за производство на комплетна храна за животни која содржи производи од крв или крвно брашно за домашни производители на храна за животни кои: а) се регистрирани; б) кои чуваат само непреживни животни во случај да користат производи од крв, или само риби во случј да користат крвно брашно; в) произведуваат комплетна храна за животни за користење на самото одгледувалиште; и г) доколку се докаже дека храната за животни која содржи производи од крв или крвно брашно кои се користат при нејзино производството содржи помалку од 50 % вкупно протеини; и 2) производството на храна за преживари во објекти кои исто така вршат производство на храна за животни која содржи производи од крв или крвно брашно за непреживни фармски животни или риби ќе биде одобрено доколку: а) неспакуваната и спакуваната храна за животни наменета за преживари или фармски животни, со исклучок на риби, е произведена во простории физички одвоени од оние каде се произведува храна за животни која содржи производи од крв или крвно брашно; б) неспакуваната храна за животни за време на складирање, транспорт и пакување се чува во физички одвоени простории, и тоа: храната за животни наменета за преживари се чува одвоено од производите од крв и од храна за животна која содржи производи од крв; и храната за животни наменета за фармски животни, со исклучок на риби, се чува одвоено од крвното брашно и од храна за животни која содржи крвно брашно. в)записите со поединости за набавките и употребата на производите од крв и крвно брашно и продажбата на храната за животни која содржи такви производи се чуваат најмаку пет години и се достапни на барање на официјалниот ветеринар. Член 18 Означување и транспорт на храна за животни која содржи производи од крв или крвно брашно (1) На етикетата, која го придружува комерцијалниот документ или доколку е соодветно, на здравствениот сертификат на храната за животни која содржи производи од крв или крвно брашно треба јасно да бидат означени зборовите: “содржи производи од крв - не смее да се користи за исхрана на преживари” или “содржи крвно брашно – треба да се користи само за исхрана на риби”, како што е соодветно. Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 9 од 11 (2) Неспакуваната храна за животни која содржи производи од крв треба да се транспортира со превозни средства со кои во исто време не се транспортира храна за преживари и неспакувана храна за животни која содржи крвно брашно и со превозни средства со кои во исто време не се транспортира храна за фармски животни, со исклучок на риби. Доколку превозното средство последователно се користи за транспорт на храна за животни наменета за преживари или фармски животни, со исклучок на риби, истото треба темелно да се исчисти за да се избегне вкрстена контаминација. Член 19 Начин на користење и складирање на храната за животни која содржи производи од крв или крвно брашно (1) Храната за животни која содржи производи од крв не може да се користи и складира на фарми на кои се чуваат преживари, и истото не е дозволено за храна за животни која содржи крвно брашно на фарми на кои се чуваат фармски животни, со исклучок на риби. (2) По исклучок на став (1) од овој член, храната за животни која содржи производи од крв може да се користи и складира на фарми каде се чуваат преживари или фармски животни, со исклучок на риби, доколку на фармата се применети мерки со кои се спречува храната за животни која содржи производи од крв или крвно брашно да се користи за исхрана на преживари или за исхрана на други видови, со исклучок на риби. ГЛАВА III УСЛОВИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА Член 20 Складирање и транспорт (1) Неспакуваните преработени животински протеини, со исклучок на рибино брашно, и неспакуваните производи, вклучувајки храна за животни, органските ѓубриња и подобрувачи на почвата кои содржат такви протеини, треба да се складираат и транспортираат во за таа цел одредени капацитети. Магацинот или превозното средство можат да се користат и за други цели единствено по чистење, и по спроведена контрола од страна на официјалниот ветеринар. (2) Неспакуваното рибино брашно од член 5 точка 2) подточка а) на овој правилник, неспакуваниот дикалциум фосфат и неспакуваниот трикалциум фосфат од член 5 точка 2) подточка б) на овој правилник, производите од крв од член 5 точка 2) подточка в) на овој правилник и крвното брашно од член 5 точка 3) на овој правилник треба да се скалдираат и транспортираат во магацини и превозни средства наменети за таа цел. (3) По исклучок од став (2) од овој член: 1) магацините и/или превозните средства можат да се користат за складирање и транспорт на храна за животни која содржи ист протеин; 2) магацините и/или превозните средства, по чистење и по спроведена контрола од страна на официјалниот ветеринар можат да се користат за други цели; и 3) магацините и/или превозните средства за транспорт на рибино брашно можат да се користат за други цели доколку објектот поседува признат систем на контрола за да спречи вкрстена контаминација кој вклучува најмалку: а) водење на записи за материјалите кои се транспортираат и за чистење на превозното средство; и Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 10 од 11 б) редовно земање на мостри и анализи на транспортираната храна за животни за да се открие присуство на рибино брашно. (4) Официјалните ветеринари спроведуваат проверки на лице место за да ја верификуваат правилната примена на контролниот систем од став (3) точка 3) од овој член. Член 21 Услови за производство, складирање и транспорт на храна за животни со потекло од нуспроизводи од животинско потекло (1) Производство на храна за животни, вклучувајки и храна за домашни миленици, која содржи производи од крв со потекло од преживари или преработени животински протеини, со исклучок на рибино брашно, не се врши во објекти кои произведуваат храна за фармски животни, со исклучок на храна за карнивори за производство на крзно. (2) Неспакуваната храна за животни вклучувајки и храна за домашни миленици, која содржи производи од крв со потекло од преживари или преработени животински протеини, со исклучок на рибино брашно, за време на складирање, транспорт и пакување треба да се чува во простории физички одвоени од просториите за неспакувана храна за фармски животни, со исклучок на храната за карнивори за производство на крзно. (3) Храната за домашни миленици и храната за животни наменета за карнивори за производство на крзно која содржи дикалциум фосфат или трикалциум фосфат од член 5 точка (2) подточка б) на овој правилник, и производи од крв од член 5 точка 2) подточка в) на овој правилник треба да бидат произведени и транспортирани во согласност со член 12 став (1), член 13 став (2), член 17 став (1) и член 18 став (2) на овој правилник. Член 22 Услови за извоз на преработени животински протеини добиени од преживари (1) Извоз на преработени животински протеини добиени од преживари, и на производи кои содржат такви преработени животински протеини не може да се врши. (2) По исклучок на став (1) од овој член, дозволен е извоз на преработена храна за домашни миленици вклучувајки и конзервирана храна за домашни миленици која содржи преработени животински протеини добиени од преживари која била подложена на соодветен третман и која е означена во согласност со одредбите од Законот за нуспроизводи. (3) Извоз на преработени животински протеини добиени од непреживари и на производи кои содржат такви протеини може да се врши доколку: 1) тие се наменети за употреба која не е во спротивност со одредбите од член 3 од овој правилник; и 2) е склучен договор со земјата на дестинација, пред извозот, кој вклучува дека земјата на дестинација ќе ја почитува крајната употреба и нема да изврши повторен извоз на преработените животински протеини или производи кои содржат такви протеини за употреба забранета со член 3 од овој правилник. (4) Одредбите од став (3) од овој член не се применуваат при извоз на: 1) рибино брашно, доколку се обезбеди исполнување на условите од Оддел III на Глава II на овој правилник; 2) производи кои содржат рибино брашно; и 3) храна за домашни миленици. Службен весник на РМ, бр. 121 од 15.09.2010 година 11 од 11 ГЛАВА IV ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 23 Влегување на сила Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”, а ќе се применува од 1 октомври 2010 година. Бр. 11-2374/2 Министер за земјоделство, 31 август 2010 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.

Regulation on the conditions, manner and procedure for implementation and enforcement of prohibitions on the use of certain by-products in animal feed and in technical products of certain animal by-products · Nelum