跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the conditions for veterinary service holdings

颁布于 2008-04-09 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за условите што треба да ги исполнува ветеринарската служба на одгледувалиште.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
hygiene/sanitary procedures, education, animal welfare

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. „Службен весник на РМ“ бр. 54 од 24.04.2008 година 1 од 3 20080540959 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 44 став (4) од Законот за ветеринарно здравство (“Службен весник на Република Македонија“ број 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА УСЛОВИТЕ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВА ВЕТЕРИНАРСКАТА СЛУЖБА НА ОДГЛЕДУВАЛИШТЕ Член 1 (1) Со овој правилник се пропишуваат условите кои треба да ги исполнува објектот, просториите и опремата на ветеринарна служба на одгледувалиште. Член 2 Ветеринарната служба на одгледувалиште (во натамошен текс: ветеринарна служба) треба да биде сместена во посебен објект во рамките на одгледувалиштето, или во управниот објект на одгледувалиштето во ограден економски двор, или просторија која е физички одвоен дел од производниот сточарски објект со посебен влез. Член 3 (1) Објектот во кој е сместена ветеринарната служба треба да има најмалку: 1. просторија за ветеринарните работници; 2. просторија или простор за преглед и лечење на животните; 3. просторија или простор за извршување на основните лабораториски испитувања и патоанатомско испитување; 4. просторија или простор за чистење, перење и стерилизација на инструментите и другиот прибор и помагала; 5. просторија за складирање на ветеринарно медицинските препарати и другиот санитетски материјал; 6. посебен санитарен чвор со гардероба за ветеринарните работници. (2) Просторот за преглед и лечење на животните, за извршување на основните лабораториски и патоанатомски испитувања и просторот за чистење, перење и стерилизација на инструментите и другиот прибор и помагала може да се смести во една заедничка или повеќе простории. (3) По исклучок од став 2 на овој член просторот за преглед и лечење на животните како и просторот за патоанатомските испитувања може да се смести во одвоен дел на еден или повеќе производни објекти или во просторија со посебна намена. Во границите на истиот простор или просторија треба да се предвиди посебно одвоен простор за изолација на животните со содветни боксови зависно од видот на животните. Член 4 (1) Просторијата за ветеринарните работници треба да биде најмалку со големина за сместување на ветеринарните работници во една смена. Во просторијата за ветеринарните работници, треба да има содветен број на бироа и дополнителна опрема за секој ветеринарен работник, како и соодветен простор под клуч за службената евиденција, документација и печати. „Службен весник на РМ“ бр. 54 од 24.04.2008 година 2 од 3 (2) За непосредна употреба и потреба на докторите по ветеринарна медицина треба да се обезбеди најмалку еден компјутер со соодветени апликативни програми. Член 5 (1) Просторот или просторијата за основните лабораториски и патоанатомски испитувања треба да има подна површина од материјал кој лесно се мие и дезинфицира. Површината на ѕидовите, кои се одалечени најмалку еден метар од работната маса треба да бидат, во висина од најмалку 1,60 м, обложени со ѕидни керамички плочки или изработени од цврст и мазен материјал, со светла боја кој овозможува миење и дезинфекција. (2) Просторот или просторијата за основните лабораториски и патоантаомски испитувања треба да поседува соодветна опрема и уреди за основни лабораториски исптувања: работен стол со соодветна големина со работна површина изработена од материјал кој лесно се мие и дезинфицира; соодветен сад за миење споен на систем за одвод на отпадни води со довод на питка ладна и топла вода, со температура од најмалку 85°C; како и соодветен лабораторискиот прибор, инструменти и садови, и лабораториски хемикалии за основните ориентациони микроскопски и физичко-хемиски испитувања и патоанатомски испитувања во зависност од видот и категоријата на животни и типот на лабораториски испитувања кои се изведуваат. Член 6 (1) Просторијата или просторот за чистење, миење и стерилизација на инструментите и другиот прибор и помагала треба да има под од материјал кој лесно се мие и не е лизгав, со следната опрема и уреди: работен стол со соодветна големина изработен од материјал кој лесно се мие и дезинфицира; соодветен дводелен сад за миење (садопер) со довод на питка ладна и топла вода со температура најмалку од 85°C, споен на систем за одвод на отпадни води; сув и влажен стерилизатор со соодветна големина; соодветно сандаче и метален добош за стерилизираниот материјал; емајлирани фотографски садови и тацни; ладилник (комора за замрзнување) со можност за одржување на температурата од -18°C до -20°C за привремено чување на материјалот за дијагностички испитувања; затворен сад за отпадоци со ножно отварање. (2) Во составот на истата просторија или во посебна просторија треба да се оспособи простор за перење на облеката со соодветна машина за перење. Член 7 (1) Просторијата за складирање на ветеринарно медицински препарати и другиот санитетски материјал треба да биде опремена со соодветен број на сандачиња со систем за заклучување и полици за држење на ветеринарно медицински препарати и друг санитетски материјал. (2) Во посебна просторија или во одвоен простор од иста просторија со обезбедена вентилација треба да се наоѓа компресиониот ладилник од најмалку 120 л. корисен волумен осигуран со контролен термометар. (3) Просторијата од став 1 на овој член треба да биде обезбедена со ѕиден термометар. (4) Прозорците на просторијата треба да бидат затемнети, а вратата заклучена. (5) Отровите, средствата за дератизација, дезинсекција и дезинфекција треба да се чуваат во посебни означени сандачиња под клуч. „Службен весник на РМ“ бр. 54 од 24.04.2008 година 3 од 3 Член 8 (1) Просторијата или просторот за преглед или лечење во зависност од видот и категоријата на животните треба да има опрема за фиксирање односно бокс за преглед или лечење. Член 9 (1) Објектот на ветеринарната служба треба да располага со одвоен санитарен чвор за вработените со еден или по потреба со два тоалети за лицата од различен пол. Во предпросторот на тоалетот треба да се постави уред за миење, бришење и сушење на дланките. (2) За ветеринарните работници треба да се обезбеди туш кабина или бања со топла вода и соодветни санитарии. (3) Во состав на предпросторот на санитарниот чвор може да се уреди простор за гардероба опремен со гардеробно сандаче за секој работник. Член 10 (1) Ветеринарната служба треба да има соодветен број на прибори и инструменти за хируршки, интерни, породилни и превентивни зафати, зависно од дејноста односно видот и категоријата на животните на кои се одвива дејноста, прибор за секција на умрените и закланите животни, земање на материјал за лабораториско испитување, прибор за соборување и фиксација на животните при зафати и преглед, како и средства за лична заштита при работа. (3) Доколу ветеринарната служба изведува вештачко осеменување треба да има соодветен број на прибори и инструменти зависно од дејноста односно видот и категоријата на животните на кои се одвива дејноста. Член 11 (1) Ветеринарната служба треба да има најмалку еден доктор по ветеринарна медицина со лиценца за работа. Член 12 (1) Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-5314/1 9 април 2008 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р.

Regulation on the conditions for veterinary service holdings · Nelum