跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the composition, number of members and work method of the expert council for plant health

颁布于 2012-07 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за составот, бројот на членови и методот на работа на стручниот совет за здравје на растенијата.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Cultivated plants
关键词
institution, plant protection, governance
类别
agriculture

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 68 став (1) и (5) од Законот за здравјето на растенијата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/05, 81/08, 20/09, 57/10, 17/11 и 148/11), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОСТАВОТ, БРОЈОТ НА ЧЛЕНОВИ И МЕТОДОТ НА РАБОТА НА СТРУЧНИОТ СОВЕТ ЗА ЗДРАВЈЕ НА РАСТЕНИЈАТА Член 1 Со овој правилник се пропишува составот, бројот на членови и методот на работата на Стручниот совет за здравје на растенијата. Член 2 () Стручниот совет за здравје на растенијата (во понатамошниот текст: Стручен совет) е составен од седум члена вклучувајќи го и претседателот. (2) Членовите на Стручниот советот за здравје на растенијата како стручно советодавно тело од областа на здравјето на растенијата се експерти од следните области: ентомологијата; нематологијата; вирусологијата; бактериологијата; микологијата; молекуларната биологија и хербологијата. Член 3 () Стручниот совет работи и одлучува на седници. (2) Стручниот совет на првата седница донесува Деловник за работата на советот. (5) Стручниот совет работи доколку се присутни повеќе од половина од именуваните членови. (4) Седниците на Стручниот совет се одржуваат во седиштето на Фитосанитарната управа два пати годишно, а доколку е потребно и повеќе. (5) Административно-техничките работи за потребите на (Стручниот совет ги врши Фитосанитарната управа. Член 4 () Стручниот совет за секоја седница изготвува извештај. (2) Извештајот од Стручниот совет треба да содржи предлози за преземање на мерки од областа на здравјето на растенијата. (5) Предложените мерки на Стручниот совет треба да бидат во согласност со најсовремените технички и научни достигнувања во областа на здравјето на растенијата. (4) Стручниот совет извештајот од став (1) на овој член го доставува преку Фитосанитарната управа до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна во рок од 3 дена по одржувањето на седницата. (5) Извештајот на Стручниот совет го потпишува претседателот на Стручниот совет. Член 5 (1) Стручниот совет извештајот за својата работа со предлог мерките го донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. (2) Членот на Стручниот совет кој не се согласува со предлог мерките кои се внесени во извештајот на Стручниот совет, има право да даде издвоено мислење со образложение кон извештајот. (5) Издвоеното мислење на членот на Стручниот совет е составен дел од извештајот. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр.17- 475/4 Министер за земјоделство, јули 2012 година шумарство и водостопанство, Скопје

Regulation on the composition, number of members and work method of the expert council for plant health · Nelum