跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the composition and labelling of foodstuffs for people intolerant to gluten

颁布于 2012-05-10 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за составот и означувањето на прехранбените производи за лица нетолерантни на глутен.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
packaging/labelling, food safety and quality

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 62 од 21.5.2012 година 1 од 3 20120621780 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 54 став (5) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство во согласност со министерот за здравство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА СОСТАВОТ И ОЗНАЧУВАЊЕТО НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА ЛИЦА НЕТОЛЕРАНТНИ НА ГЛУТЕН (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат барањата за составот и означувањето на прехранбените производи за лица нетолерантни на глутен. Член 2 Овој правилник се однесува на сите видови храна со исклучок на храната за доенчиња и последователната формула за доенчиња опфатени со Правилникот за храна за посебна нутритивна употреба – млечна храна за доенчиња (1). Член 3 Одделни изрази употребени во овој правилник го имаат следното значење: 1. „прехранбени производи за лица нетолерантни на глутен“ се прехранбени производи за посебна нутритивна употреба специјално произведени, подготвени и/или преработени со цел да ги исполнат посебните диететски потреби на луѓето нетолерантни на глутен; 2. „глутен“ е протеинска фракција од пченица, ‘рж, јачмен, овес или нивни хибриди или деривати од нив, кон која одделни луѓе се нетолерантни и која е нерастворлива во вода и во 0,5 М раствор на натриум хлорид; 3. „пченица“ се сите видови на родот Triticum. Член 4 (1) Прехранбените производи за лица нетолерантни на глутен кои се составени од или содржат една или повеќе состојки произведени од пченица, ‘рж, јачмен, овес или нивни хибриди специјално преработени со цел намалување на содржината на глутен, не треба да содржат глутен во повисоко ниво од 100 mg/kg во готовиот производ. (2) На означувањето, рекламирањето и презентацијата на производите од став (1) на овој член треба да биде присутна ознаката „многу ниска содржина на глутен“. Ознаката „без глутен“ може да биде присутна кај овие производи доколку содржината на глутен не надминува 20 mg/kg во готовиот производ. (3) Овесот содржан во прехранбените производи за лица нетолерантни на глутен треба да биде специјално произведен, подготвен и/или преработен со цел да се избегне негова контаминација со пченица, ‘рж, јачмен или нивни хибриди, при што содржината на глутен во тој овес не треба да надминува 20 mg/kg. (4) Прехранбените производи за лица нетолерантни на глутен кои се составени од или содржат една или повеќе состојки кои се замена за пченица, ‘рж, јачмен, овес или нивните хибриди, не треба да содржат повисоко ниво на глутен од 20 mg/kg во готовиот производ. ∗ Со овој правилник се врши усогласување на Регулативата на Комисијата (EK) бр. 41/2009 од 20 јануари 2009 година за составот и означувањето на храната наменета за лица со интолеранција кон глутен (CELEX број 32009R0041). Службен весник на РМ, бр. 62 од 21.5.2012 година 2 од 3 На означувањето, рекламирањето и презентацијата на овој вид храна треба да биде присутна ознаката „без глутен“. (5) Кога прехранбените производи за лица нетолерантни на глутен содржат состојки кои се замена за пченица, ‘рж, јачмен, овес или нивните хибриди и состојки произведени од пченица, ‘рж, јачмен, овес или нивните хибриди специјално преработени со цел намалување на содржината на глутен, се применуваат одредбите во однос на составот и означувањето од ставовите (1), (2) и (3) на овој член. (6) Ознаките „многу ниска содржина на глутен“ или „без глутен“ од ставовите (2) и (4) на овој член треба да бидат ставени во близина на името под кое се продава храната. Член 5 (1) Без да е во спротивност со одредбите од Правилникот за начинот на означување на храната (2), на означувањето, рекламирањето и презентацијата на следните видови прехранбени производи може да биде ставена ознаката „без глутен“ доколку содржината на глутен не надминува 20 mg/kg во готовиот производ: (а) прехранбени производи за нормална исхрана; (б) прехранбени производи за посебна нутритивна употреба кои се специјално формулирани, преработени или подготвени за да ги исполнат посебните диететски потреби различни од оние на луѓето нетолерантни на глутен, но кои се сепак соодветни, според нивниот состав, да ги исполнат и посебните диететски потреби на луѓето нетолерантни на глутен. (2) На означувањето, рекламирањето и презентацијата на прехранбените производи од став (1) на овој член не треба да биде ставена ознаката „многу ниска содржина на глутен“. Член 6 Овој правилник престанува да важи со пристапувањето на Република Македонија во Европската унија. Член 7 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 08-2084/6 Бр. 21-1158/6 10 мај 2012 година 17 април 2012 година Скопје Скопје Министер за здравство, Агенција за храна Никола Тодоров, с.р. и ветеринарство Директор, Дејан Рунтевски, с.р. (1) Овој правилник е усогласен со Директивата 2006/141/ЕЗ на Комисијата од 22 декември 2006 година за почетна формула за доенчиња и за последователна формула за доенчиња и за изменување на Директивата 1999/21/ЕЗ (CELEX 32006L0141), изменета со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 1243/2008 од 12 декември 2008 година за изменување на Анексите III и VI кон Директивата 2006/141/EC што се однесуваат на барања во однос на составот на одредени формули за новороденчињата (CELEX 32008L1243). Службен весник на РМ, бр. 62 од 21.5.2012 година 3 од 3 (2) Овој правилник е усогласен со Директивата 1987/250/ЕЕЗ на Комисијата од 15 април 1987 година за индикација на јачината на алкохол по волумен при означување на алкохолните пијалоци за продажба на крајниот потрошувач (CELEX број 31987L0250), Директивата 1989/396/ЕЕЗ на Советот од 14 јуни 1989 година за индикатори или маркери за идентификација на сериите (лотови) на прехранбени производи на кои што се однесуваат (CELEX број 31989L0396), Директивата 1990/496/ЕК на Комисијата од 24 септември 1990 година за означување на нутритивните својства на храната (CELEX број 31990L0496), Регулативата 1991/2092/ЕЕЗ на Советот од 24 јуни 1991 година за органско производство на земјоделски проидзводи и индикациите што при тоа се однесуваат на земјоделските производи и прехранбените производи (CELEX број 31991R2092), Директивата 1994/35/ЕК на Европскиот Парламент и Советот од 30 јуни 1994 година за засладувачи што се користат во прехранбените производи (CELEX број 31994L0035), Директивата 1994/54/ЕК на Комисијата од 18 ноември 1994 година за задолжителна индикација на означувањето на оддделни, конкретни прехранбени производи, различни од оние предвидени во Директивата 79/112/ЕЕЗ (CELEX број 31994L054), Директивата 2000/13/ЕК на Европскиот Парламент и на Советот од 20 март 2000 година за приближување на законите на земјите-членки за означување, презентација и рекламирање на храната (CELEX број 32000L0013), Директивата 2002/67/ЕК на Комисијата од 18 јули 2002 година за означување на прехранбени производи што содржат кинин и прехранбени производи што содржат кофеин (CELEX број 32002L0067), Регулативата 2003/1829/ЕК на Европскиот Парламент и Советот од 22 септември 2003 година за генетски модифицирана храна и добиточна храна (CELEX број 32003R1829).

Regulation on the composition and labelling of foodstuffs for people intolerant to gluten · Nelum