Regulation on the collection and safe disposal of by-products of animal origin, and technical and technological conditions in terms of building, equipment and staff to be met by legal persons performing the collection and safe disposal of by-products of animal origin as well as technical and technological requirements to meet vehicles for the transport of by-products of animal origin
颁布于 2014-02-10 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за начинот на собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло и техничко-технолошките услови кои во поглед на објектот, опремата и кадарот треба да го исполнуваат правните лица кои вршат собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло како и технички-технолошките услови што треба да ги исполнуваат превозните средства за превоз на нус производи од животинско потекло.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- residues
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 1 од 8 20140351064 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 6 став (6) од Законот за нус производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија" број 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе П Р А В И Л Н И К ЗА НАЧИНОТ НА СОБИРАЊЕ И НЕШТЕТНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА НУС ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО И ТЕХНИЧКО ТЕХНОЛОШКИТЕ УСЛОВИ КОИ ВО ПОГЛЕД НА ОБЈЕКТОТ, ОПРЕМАТА И КАДАРОТ ТРЕБА ДА ГО ИСПОЛНУВААТ ПРАВНИТЕ ЛИЦА КОИ ВРШАТ СОБИРАЊЕ И НЕШТЕТНО ОТСТРАНУВАЊЕ НА НУС ПРОИЗВОДИТЕ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО КАКО И ТЕХНИЧКИ-ТЕХНОЛОШКИТЕ УСЛОВИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ПРЕВОЗНИТЕ СРЕДСТВА ЗА ПРЕВОЗ НА НУС ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО (*) Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишува начинот на собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло и техничко-технолошките услови кои во поглед на објектот, опремата и кадарот треба да го исполнуваат правните лица кои вршат собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло како и техничко технолошките услови што треба да ги исполнуваат превозните средства за превоз на нус производи од животинско потекло. Член 2 Начин на собирање и нештетно отстранување на Категорија 1 Материјали Категорија 1 Материјали се собираат и нештетно отстрануваат на следниот начин: 1) со горење (инценерација) како отпад во инсталации за горење одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 14 од Законот за нус производи од животинско потекло, и тоа: (а) директно, без претходна преработка, или (б) доколку бара Агенцијата за храна и ветеринарство по преработката со стерилизација под притисок и постојано обележување на произлезениот материјал; 2) со согорување (коинценерација) како отпад во инсталации за согорување одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 14 од Законот за нус производи од животинско потекло и тоа: () Со овој правилник се врши усогласување со Регулатива (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот Парламент и на Советот од 21 октомври 2009 година во која се пропишани здравствените барања за нуспроизводи од животинско потекло и нивни деривати кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002, CELEX број 32009R1069 и со Регулативата на Комисијата (ЕУ) бр. 142/2011 од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нуспроизводи од животинско потекло и нивни деривати кои не се наменети за исхрана на луѓето и спроведување на Директивата 97/78/EЗ на Советот во однос на одредени примероци и предмети кои се ослободени од контрола на ветеринарно инспекциско место на граничен премин според истата Директива, CELEX број 32011R0142. Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 2 од 8 (а) директно, без претходна преработка, или (б) доколку бара надлежниот орган по преработката со стерилизација под притисок и постојано обележување на произлезениот материјал; 3) со стерилизација под притисок и постојано обележување на произлезениот материјал и негово закопување во одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство депонија согласно член 14 од Законот за нус производи од животинско потекло освен животни под сомнеж дека се инфицирани со трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии (во понатамошниот текст: ТСЕ) или во кои присуството на ТСЕ службено е потврдено и животни кои се убиваат во контекст на мерките за искоренување на ТСЕ; 4) со закопување во одобрена депонија на Категорија 1 материјали, добиени во текот на третманот на отпадните води; 5) со користење како гориво за согорување со или без претходна преработка и 6) со користење за производство на преработени производи и тоа: козметички производи; активни медицински помагала, кои може да се вградуваат; медицински помагала; ветеринарни медицински препарати; медицински препарати; преработени производи кои не се наменети за исхрана на фармските животни и не се за апликација на почва од која фармските животни се хранат и преработени производи наменети за исхрана на крзнени животни. Член 3 Начин на собирање и нештетно отстранување на Категорија 2 Материјали (1) Категорија 2 Материјали се собираат и нештетно отстрануваат на следниот начин: 1) со горење (инценерација) како отпад во инсталации за горење одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 14 од Законот за нус производи од животинско потекло, и тоа: (а) директно, без претходна преработка, или (б) доколку бара надлежниот орган по преработка со стерилизација под притисок и постојано обележување на произлезениот материјал; 2) со согорување (коинценерација) како отпад во инсталации за горење одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 3 од Законот за нус производи од животинско потекло: (а) директно, без претходна преработка, или (б) доколку бара надлежниот орган по преработка со стерилизација под притисок и постојано обележување на произлезениот материјал; 3) со закопување во одобрена депонија по претходна преработка со стерилизација под притисок и постојано обележување на произлезениот материјал; 4) со користење за производство на органски ѓубрива или подобрувачи на почва со претходна стерилизација под притисок и доколку е содветно со постојано обележување на произлезениот материјал; 5) компостирање или трансформација во биогас, и тоа: (а) по претходна преработка со стерилизација под притисок и постојано обележување на произлезениот материјал, или (б) по или без претходна преработка, во случај на: ѓубриво, дигестивен тракт со содржина, млеко и млечни производи, колострум, јајца и производи од јајца кои не преставуваат ризик за ширење на било која заразна болест; Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 3 од 8 6) со примена на почва без преработка, во случај на ѓубриво, содржина на дигестивен тракт a без дигестивниот тракт, млеко и производи од млеко кои не преставуваат ризик за ширење на било која заразна болест; 7) со силирање, компостирање или трансформирање во биогас во случај на материјали кои потекнуваат од водни животни; 8) со користење како гориво за согорување со или без претходна преработка и 9) со користење за производство на преработени производи и тоа: козметички производи; активни медицински помагала, кои може да се вградуваат; медицински помагала; ветеринарни медицински препарати; медицински препарати; преработени производи кои не се наменети за исхрана на фармските животни и не се за апликација на почва од која фармските животни се хранат и преработени производи наменети за исхрана на крзнени животни. Член 4 Начин на собирање и нештетно отстранување на Категорија 3 материјали (1) Категорија 3 Материјали се собираат и нештетно отстрануваат на следниот начин: 1) со горење (инценерација) како отпад во инсталации за горење одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 14 од Законот за нус производи од животинско потекло со или без претходна преработка; 2) со согорување (коинценерација) како отпад во инсталации за согорување одобрени од Агенцијата за храна и ветеринарство согласно член 3 од Законот за нус производи од животинско потекло со или без претходна преработка; 3) со закопување во одобрена депонија по претходна преработка; 4) со преработка, освен во случај кога Категорија 3 материјалите се промениле во текот на разградувањето или расипувањето во степен кој претставува ризик за јавното здравство и здравјето на животните, и се користат за: производство на храна наменета за исхрана на фармски животни, освен за храна наменета за исхрана на крзнени животни и освен во случај на кожа и поткожје, копита, пердуви, волна, рогови, влакна и крзно кои потекнуваат од мртви животни кои не покажувале знаци на болест која се пренесува преку производот на луѓето и животните, масни ткива кои потекнуваат од животни кои не покажуваат знаци на болести кои се пренесуваат преку материјалот на луѓето и животните и кои се заклани во кланица и се сметаат погодни за исхрана на луѓето или животните и поминале анте мортем преглед во согласност со Законот за безбедност на храната и кујнски отпад од интернационалниот транспорт; производство на храна наменета за исхрана на крзнени животни и која не е наменета за исхрана на фармски животни или за примена на почва од која се исхрануваат фармските животни; производство на храна за домашни миленици и производство на органски ѓубрива или подобрувачи на почва; 5) со преработка на сурова храна за домашни миленици; 6) со компостирање или трансформација во биогас; 7) со силирање, компостирање или трансформирање во биогас во случај на материјал кој потекнува од водни животни; 8) со користење како гориво за согорување со или без претходна преработка во случај на школки и ракови без меките ткива и месо; Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 4 од 8 9) со користење за производство на преработени производи и тоа: козметички производи; активни медицински помагала, кои може да се вградуваат; медицински помагала; ветеринарни медицински препарати; медицински препарати; преработени производи кои не се наменети за исхрана на фармските животни и не се за апликација на почва од која фармските животни се хранат и преработени производи наменети за исхрана на крзнени животни; 10) со стерилизација под притисок или со метод различен од стерилизација под притисок во однос на параметрите кој се аплицираат како што се времето, температурата, притисокот и големината на парчињата,компостирање или трансформирање во биогас, во случај на кујнски отпад, освен од интернационалниот транспорт и 11) со примена на почва без претходна обработка, во случај на сурово млеко и колострум и нивните производи кои не претставуваат ризик за болест кој се пренесува преку производот на луѓето и животните. Член 5 Собирање и превезување на нус производите од животинско потекло (1) Нус производите од животинско потекло и преработените производи од нив се собираат, идентификуваат, превезуваат без непотребно одлагање за да се спречи ризик по јавното здравство и здравјето на животните. (2) За време на превозот, пратките на нус производите од животинско потекло треба да бидат придружувани со комерцијален документ, и во случаи кога е утврдено со закон и со ветеринарно-здравствен сертификат. Овие документи треба да се чуваат и да бидат достапни за увид на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство. (3) По исклучок од став (2) на овој член може да се врши превоз на шталско ѓубре помеѓу две точки кои се наоѓаат на истата фарма или помеѓу фарми без комерцијален документ. (4) Правните и физичките лица кои при вршење дејност создаваат нус производи од животинско потекло треба да имаат во функција постапки и системи за идентификација на: 1) други правни и физички лица на кои им се доставуваат нус производите од животинско потекло и изведените производи од нив и 2) правни и физички лица од кои истите се доставуваат. (5) Комерцијалниот документ и ветеринарно-здравствениот сертификат треба да содржат податоци за потеклото, одредиштето, количината и кога е содветно опис на нус производите од животинско потекло и преработените производи од нив. (6) Собирањето, превозот и остранувањето на кујнскиот отпад од Категорија 3 материјалите се врши согласно прописите за заштита на животната средина без да го загрози здравјето на луѓето и без да се нанесе штета на животната средина. (7) За спроведување на одредбите овој член може да се донесат мерки во врска со следното: 1) каде се бара ветеринарно-здравствен сертификат, имајќи го во предвид нивото на ризик по јавното здравство и здравјето на животните, кој произлегува од одредени производи; 2) каде по пат на отстапување од член 5 став (2) на овој правилник имајќи го предвид ниското ниво на ризик по јавното здравство и здравјето на животните кој произлегува од одредени нус производи од животинско потекло или производи добиени од нив, транспортот може да се случи без документи; Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 5 од 8 3) постојат услови за идентификација, вклучувајќи и обележување и оделување на различните категории на материјали во текот на транспортот и 4) постојат услови за спречување на ризици по јавното здравсто и здравјето на животните кои произлегуваат во текот на собирањето и транспортот на нус производите од животинско потекло, вклучувајќи услови за безбеден транспорт на тие производи со контејнери, возила и амбалажа. Член 6 Идентификација на нус производите од животинско потекло (1) Правните и физичките лица кои при вршењето на дејноста создаваат нус производи од животинско потекло, ги преземаат следниве активности: 1) пратките со нус производи од животинско потекло и преработените производи за време на собирањето и транспортот да ги обележат и да ги чуваат одделно на начин да можат да се идентификуваат; 2) имаат во функција постапки и системи за идентификација на секоја категорија на метеријали и производите изведени од нив и 3) пратките од нус производи од животинско потекло или преработени производи од нив ги испраќаат во пакувања, контејнери или возила, кои се јасно обележани за време на транспортот по целата површина на пакувањето, контејнерот или на дел од површината на пакувањето, контејнерот или возилото или се применува етикета или симбол како што следува: (а) во случај на Категорија 1 Материјали се употребува црна боја; (б) во случај на Категорија 2 Материјали, освен ѓубриво и содржина на дигестивен тракт, се употребува жолта боја; (в) во случај на Категорија 3 Материјали, се употребува мешавина на зелена со плава боја, за да се гaрантира дека јасно се разликува од црната и жолтата боја и (г) за увезените пратки, се применуваат точките (а), (б) и (в) од овој став. (2) За време на транспортот и складирање, прикачената етикета на пакувањето, контејнерот или возилото треба: 1) јасно е назначена категоријата на нус производи од животинско потекло и преработените производи од нив и 2) да ги содржи видливо и читливо следните зборови: (a) во случај на Категорија 3 Материјал, „не е наменето за исхрана на луѓето"; (б) во случај на Категорија 2 Материјал, освен ѓубре и содржина на дигестивен тракт, и производи добиени од нив, „не е наменето за исхрана на животните"; (в) кога Категорија 2 Материјал е наменет за исхрана на животни од зоолошка градина, циркуски животни, рептили и птици од дивината, крзнени животни, диви животни, кучиња од регистрирани одгледувачници, кучиња и мачки од прифатилишта и ларви и црви за риболовни мамки, на етикетата се наведува „за исхрана на (видот на животни)" заедно со името на специфичните видови на животните за кои е наменет материјалот за исхрана; (г) во случај на Категорија 1 Материјал и произведени производи од него и нивната намена е: депонирање, „само за депонирање"; производство на храна за домашни миленици, „само за производство на храна за домашни миленици" и Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 6 од 8 производство на преработени производи, и тоа козметички производи, активни медицински помагала за вградување, медицински помагала, ин витро дијагностички медицински помагала, ветеринатно-медицински производи и медицински производи, „само за производство на преработени производи. Не е за исхрана на луѓето или животните или за примена на почва"; (д) во случај на млеко, производи на база на млеко, производи добиени од млеко, колострум и производи од колострум, „не се за исхрана на луѓето"; (ѓ) во случај на желатин произведен од Категорија 3 Материјал, „желатинот е погоден за исхрана на животните"; (е) во случај на колаген произведен од Категорија 3 материјал, „колагенот е погоден за исхрана на животните“; (ж) во случај на суровини за производство на храна за домашни миленици, „само како храна за домашни миленици"; (з) во случај на риба и производи добиени од риби наменети за исхрана на риби кои се третираат и пакуваат пред дистрибуцијата, се обележува јасно и читливо името и адресата на потеклото на преработувачкиот објект за производство на храна за животни и: во случај на рибино брашно од диви риби, ги содржи следниве зборови, „содржи рибино брашно од диви риби, може само да се користи за исхрана на сите видови фармски риби" и во случај на рибино брашно од фармски риби, ги содржи зборовите „содржи рибино брашно од фармски риби само од (се наведува видот на рибата) видови, може да се користи за исхрана на фармски риби на други видови риби"; (ѕ) во случај на производи од крв од коњи кои не се наменети за исхрана, „крв и производи од крв од коњи. Не се за исхрана на луѓето и животните"; (и) во случај на рогови производи од рогови, со исклучок на брашно од рогови, копита и производи од копита со исклучок на брашно од копита наменети за производство на органски ѓубрива и збогатувачи на почвата, „не се за исхрана на луѓето и животните"; (ј) во случај на органски ѓубрива и збогатувачи на почвата, „органски ѓубрива и збогатувачи на почвата / не за напасување на фармски животни или употреба на растенијата по 21 ден од примената"; (к) во случај на материјал од собирните центри кој се користи за исхрана на животни од зоолошките градини, крзнени животни, кучиња од регистрирани одгледувачници, кучиња и мачки од прифатилишта и ларви и црви за риболовни мамки, се наведува името и адресата на собирниот центар и се наведува „не е за исхрана на луѓето"; (л) во случај на ѓубриво и содржина од дигестивен тракт, „ѓубриво"; (љ) во случај на интермедијарни производи надворешното пакување ги содржи зборовите „само за медицински производи / ветеринарни медицински производи / медицински помагала/ активна медицински помагала за вградување/ ин витро дијагностички медицински помагала / лабораториски реагенси“; (м) во случај на истражувачки и дијагностички примероци, ги содржи зборовите "за истражувачки и дијагностички цели", вметнати во текстот на етикетата утврдена во став 1) од овој член; (н) во случај на трговски примероци, зборовите „трговски примероци кои не се наменети за исхрана на човекот“, вметнати во текстот на етикетата утврдена во став 1) од овој член и (њ) во случај на предмети за изложби, зборовите „трговски примероци кои не се наменети за исхрана на луѓето“,вметнати во текстот на етикетата утврдена во став 1) од овој член. (3) Одредбата од став (2), точка s) од овој член не се применува за следните ѓубрива и збогатувачи на почва: Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 7 од 8 (a) во спакувани пакети за продажба кои не тежат повеќе од 50 килограми наменети за употреба од страна на крајниот потрошувач и (б) во големи пакувања, кои не тежат повеќе од 1000 кг., под услов да: производителот е овластен од надлежниот орган на земјата на потекло доколку производот се применува на почва и на пакувањето е наведено дека производот не е наменет за примена на почва на кое имаат пристап фармските животни. (4) Одредбите од ставовите 1, 2 и 3 од овој член не се применуваат на: (а) млеко, производи врз база на млеко и производи добиени од млеко од страна на операторите на преработувачките објекти за преработка на млеко, кои се одобрени од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство доколку ги добиваат од клиенти на кои претходно им ги испорачале и (б) ѓубриво кое се превезува помеѓу две точки кои се наоѓаат на иста фарма или помеѓу фарми. Член 7 Возила и контејнери (1) Нус производите од животинско потекло и преработените производи од нив се собираат и транспортираат во запечатени нови пакувања, или покриени контејнери или возила отпорни на истекување. (2) Возилата и контејнерите кои се употребуваат повеќекратно, како и сите делови од опремата или помагала за повеќекратна употреба, а кои доаѓаат во контакт со нус производите од животинско потекло или преработените производи од нив, треба да се: (а) чистат перат и дезинфицираат по секоја употреба, до степен кој е потребен за да се избегне вкрстена контаминација; (б) одржуваат во чиста состојба и (в) очистат и исушат пред употреба. (3) Контејнерите за повеќекратна употреба треба да се наменети и да се користат само за превоз на одредени нус производи од животинско потекло и преработени производи од нив, во степен кој е неопходен за да се избегне вкрстена контаминацијата. (4) Контејнерите за повеќекратна употреба може да се користат со претходно овластување од официјалниот ветеринар за: (а) превоз на различни нус производи од животинско потекло и преработени производи од нив, под услов тие да се исчистат и дезинфицираат помеѓу различната употреба, на начин со кој се спречува вкрстената контаминација и (б) за превоз на производи наменети за исхрана на луѓето по ревозот на нус производи од животинско потекло и преработени производи од нив од Категорија 3 материјали и тоа производи од животинско потекло и производи кои во својот состав содржат производи од животинско потекло, кои повеќе не се наменети за исхрана на луѓето од комерцијални причини, проблеми во производството и дефекти на амбалажата или други дефекти кои не се ризик за јавното здравство и здравјето на животните по нивното користење, под услови со кои се спречува вкрстена контаминација. (5) Материјалите за пакување треба да се согорат или нештетно отстранат на соодветен начин согласно инструкциите од официјалниот ветеринар. (6) Превозот на нус производите од животинско потекло наменети за суровини за производство на храна за животни и на сурова храна за домашни миленици треба да се врши при соодветна температура, во случај на нус производи од животинско потекло од месо и производи од месо кои се наменети за цели различни од исхрана на луѓето се превезуваат на максимум 7 С ° освен доколку се користат за исхрана на животните. Службен весник на РМ, бр. 35 од 18.02.2014 година 8 од 8 (7) Непреработените Категорија 3 материјали наменети за суровина за производство на храна за животни и на храна за домашни миленици треба да се складираат и превезуваат разладени, замрзнати или силажирани, освен ако: (a) се преработуваат во рок од 24 часа по собирањето или по завршувањето на складирањето во разладена или замрзната форма, доколку понатамошниот транспорт се извршува во превозни средства во кои се одржува температурата како температурата на која се складираат и (б) во случај на млеко, производи на база на млеко и производи добиени од млеко кои не се подложни на стерилизација, УХТ, ХТСТ или комбиниран ХТСТ се превезуваат разладени и во изолирани контејнери поради карактеристиките на материјалот и доколку ризиците не можат да се намалат со други мерки. (8) Изработката на возилата наменети за превоз под температурен режим треба да го гарантираат одржувањето на соодветната температура во текот на превозот и можноста истата да се следи. Член 8 Исклучоци при собирање и превоз на Категорија 3 материјали (1) За собирањето и превозот на Категорија 3 материјали кои се состојат од млеко, производи врз база на млеко и производи добиени од млеко од страна на одобрените или регистрирани оператори на преработувачките објекти за преработка на млеко не се применуваат одредбите од член 7 ставови (1), (2), (3), (4) и (5) на овој правилник доколку ги добиваат од клиенти на кои претходно им ги испорачале. (2) За собирање и транспорт на ѓубриво помеѓу две точки кои се наоѓаат на иста фарма или помеѓу фарми не се применуваат одредбите од член 7 ставови (1), (2), (3), (4) и (5) на овој правилник доколку операторот гарантира спречување на ризици за јавното здравство и здравјето на животните. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за начинот на собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло и техничко-технолошките услови кои во поглед на објектот, опремата и кадарот треба да го исполнуваат правните лица кои вршат собирање и нештетно отстранување на нус производите од животинско потекло како и техничко-технолошките услови што треба да ги исполнуваат превозните средства за превоз на нус производи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија" бр. 157/09). Член 10 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија". Бр.02-1134/1 Министер за земјоделство, 10 февруари 2014 година шумарство и водостопанство, Скопје Љупчо Димовски, с.р.