跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on the ban of use of animal protein in animal nutrition

颁布于 2014-02-14 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Решение за забрана на употреба на протеини од животинско потекло во исхраната на животните.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Livestock
关键词
animal feed/feedstuffs, authorization/permit

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 36 од 19.02.2014 година 1 од 2 20140361073 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 55 став (2) точка 3) и став (5) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11 и 123/12) директо рот на Агенцијата за храна и ветеринарство, донесе РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА НА УПОТРЕБА НА ПРОТЕИНИ ОД ЖИВОТИНСКО ПО ТЕКЛО ВО ИСХРАНАТА НА ЖИВОТНИТЕ Член 1 Се забранува употреба на протеини од животинско потекло во храна за животни, пре микси, крмни смеси, додатоци за храна за животни и концентрати кои содржат такви про изводи при исхрана на животни кои се употребуваат за исхрана на луѓето или за други цели, и тоа со: 1) месно-коскено брашно добиено со преработка на категорија 1 и 2 нус производи од животинско потекло; 2) нус производи од животинско потекло и деривати од кожи и поткожје, чапунки, пердуви, волна, рогови, влакна и крзно кои потекнуваат од угинати животни кои не пока жувале знаци на болест која се пренесува преку тие производи на луѓето и животните; 3) масно ткиво од животни кои не покажувале знаци на болест која се пренесува преку тој производ на луѓето и животните, а биле заклани во кланица при што при спроведениот ante-mortem преглед биле прогласени за погодни за исхрана на луѓето; 4) кујнски отпад; 5) дикалциум фосфат и трикалциум фосфат со потекло од животните; 6) преработени протеини од животинско потекло; 7) колаген и желатин со потекло од преживари; 8) производи од крв и 9) хидролизирани протеини со животинско потекло. Член 2 Забраната од член 1 на ова решение не се однесува на исхрана на: 1) преживари со: – млеко, производи на база на млеко, производи добиени од млеко, колострум и произ води од колострум; – јајца и производи од јајца; – колаген и желатин добиени од непреживари; – хидролизирани протеини добиени од делови од непреживари или од кожи и поткожје на преживари и – крмна смеса која содржи производи наброени во алинеите 1), 2), 3) и 4) на оваа точка. 2) непреживари со следните суровини за храна за животни и крмни смеси: – хидролизирани протеини добиени од делови од непреживари или од кожи и поткожје на преживари; – рибино брашно и крмна смеса која содржи рибино брашно; – дикалциум фосфат и трикалциум фосфат со потекло од животните и крмна смеса која содржи такви фосфати и Службен весник на РМ, бр. 36 од 19.02.2014 година 2 од 2 – производи од крв добиени од непреживари и крмна смеса која содржи такви произво ди од крв. 3) аквакултура со преработени протеини од животинско потекло, со исклучок на риби но брашно, добиени од непреживари и крмна смеса која содржи такви преработени протеи ни од животинско потекло; 4) неодбиени преживари со замени за млеко кои содржат рибино брашно и 5) фармски животни со суровини за храна за животни со растително потекло и крмни смеси кои содржат суровини за храна за животни кои содржат незначителни количини на делови од коски добиени од недозволени животински видови. Член 3 Ова решение влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Републи ка Македонија”. Бр. 02-937/3 14 февруари 2014 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р.