Regulation on the amount of costs for granting the breeder's right and on the amount of the fee for maintaining the breeder's right
颁布于 2011-05-04 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за висината на трошоците за доделување на селекционерското право и за висината на надоместокот за одржување на селекционерското право.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Cultivated plants
- 关键词
- breeders' rights, fees/royalties, plant variety, intellectual property rights
- 类别
- agriculture
在哪里阅读
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член П став (4), член 13 став (д), член 14 став (д) од Законот за селекционерски права (“Службен весник на Република Македонија" бр.52/09), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕЛЕКЦИОНЕРСКОТО ПРАВО И ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕЛЕКЦИОНЕРСКОТО ПРАВО Член 1 Со овој правилник се пропишува висината на трошоците за постапката на поднесување на пријавата, за проверка на пријавата, за доделување на селекционерско право, донесување на решение и за годишен надоместок за одржување на правото. Член 2 Висината на трошоците за проверка на пријавата, издавање на решение за доделување на селекционерското право и објавување на решението во „Службен весник на Република Македонија“ изнесува 200 евра. Член 3 Висината на надоместокот за одржување на селекционерското право, кој носителот на правото го плаќа годишно изнесува: За првата, втората и третата година - 35 евра годишно. За четвртата година - 40 евра. За петтата година - 45 евра. За шестата година - 55 евра. За седмата година - 60 евра. За осмата година - 65 евра. За деветтата година - 75 евра. За десеттата година - 80 евра. За единаесеттата година - 85 евра. За дванаесеттата година - 95 евра. За тринаесеттата година - 100 евра. За четиринаесеттата година - 110 евра. За петнаесетата година и за секоја наредна година до крајот на траењето на селекционерското право - 150 евра. Член А Трошоците од член 2 и надоместокот од член 3 од овој правилник се уплаќаат во денарска противвредност според средниот курс на Народна банка на Република Македонија на денот на плаќањето. Член 5 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија". Бр.18-90/3 4 мај 2011 година Министер, Скопје ЈБупчо Димовски, с.р.