跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on technical requirements that must be met by fishing stations

颁布于 2008-02-20 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за техничките барања што треба да ги исполнуваат риболовните пунктови.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition, Fisheries and aquaculture
关键词
fish products, hygiene/sanitary procedures, inland fisheries, transport/storage, food safety and quality

在哪里阅读

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 72 став 3 од Законот за рибарство и аквакултура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/08), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ БАРАЊА ШТО ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ РИБОЛОВНИТЕ ПУНКТОВИ Член 1 Со овој правилник се уредуваат техничките барања што треба да ги исполнуваат риболовните пунктови. Член 2 Риболовните пунктови треба да имаат: простор за прием на риба, простор за одржување на риба, продажен простор, простор за чување на риболовен алат и опрема и простории за сместување на рибарите. Член 5 Риболовните пунктови треба да бидат видно означени и оградени. Член 4 Просторот за прием на риба е покриен простор на риболовниот пункт со минимум површина од Тбт2 и треба да има: вода за пиење и хигиенска вода, пулт за прием на рибата, лесно одржлива подлога, вага за мерење на рибата и садови за чување и мерење на рибата. Садовите за чување и мерење на рибата треба да се изработени од непропустлив и нерѓосувачки материјал. Член 5 Просторот за одржување на риба е затворен простор со димензии во зависност од количината на риба по видови и килограми, утврдени во риболовната основа. Просторот за одржување на риба треба да ги исполнува условите утврдени во прописите за безбедност на храна. Член 6 Во случај кога продажбата на риба се врши на мало, во риболовниот пункт треба да има обезбедено определен покриен простор за продажба на мало, вага за мерење на рибата, ладилник за продажба на риба, односно наменска маса со сув мраз и струја, вода и одвод. Член 7 Просторот за чување на риболовен алат и опрема може да биде отворен, затворен и полузатворен и во него да треба да има обезбедено место за магацин за риболовниот алат, магацин за риболовната опрема, магацин за чување дополнителна опрема и посебен простор за чување на гориво. Член 8 Во просториите за сместување на рибарите треба да има обезбедено вода, струја и санитарен чвор. Член 9 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престанува да важи Правилникот за хигиенско-техничките услови на пунктовите за поаѓање и враќање од риболов (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/94). Член 10 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија". Бр. 08 - 2635/1 Министер 20 февруари 2008 година за земјоделство, шумарство и водостопанство, Скопје Ацо Спасеноски, ср.