Regulation on technical conditions of shelters, conditions for keeping animals in shelters, procedures for euthanasia, the manner of keeping records and manner of supervision, the form and content of the register and the manner of registration (animal shelters)
颁布于 2010-10-14 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилни за технички услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постпаките за еутаназија, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Livestock
- 关键词
- animal health, animal welfare, data collection/reporting
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 1 од 13 20101412870 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 25 став (10) и член 26 став (4) од Законот за заштита и благосостојба на животните („Службен весник на Република Македонија” бр. 113/07), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ УСЛОВИ ЗА ПРИФАТИЛИШТАТА, УСЛОВИТЕ ЗА ЧУВАЊЕ НА ЖИВОТНИТЕ ВО ПРИФАТИЛИШТАТА, ПОСТАПКИТЕ ЗА ЕУТАНАЗИЈАТА, НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА И НАЧИНОТ НА ВРШЕЊЕ НАДЗОР, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА РЕГИСТАРОТ И НАЧИНОТ НА РЕГИСТРАЦИЈА, КАКО И ИНФОРМАЦИИТЕ ПОТРЕБНИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА Член 1 Предмет на уредување Со овој правилник се пропишуваат техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназијата, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација. Член 2 Технички услови (1) Објектите за сместување-прифатилиштата (во натамошниот текст „прифатилишта“) за кучиња скитници и нерегистрирани кучиња треба да бидат изградени на место каде не ја нарушуваат работата и интегралноста на постоечките објекти и да не ја загадуваат околината. (2) Прифатилиштата треба да бидат изградени најмалку на 500 метри оддалеченост од населено место, а доколку оддалеченоста е помала од 500 метри, треба да бидат заградени со цврста ограда која треба да биде доволно висока за прифатилиштата да бидат визуелно и звучно изолирани од околината. (3) Прифатилиштата треба да бидат изградени на цврсто и оцедно тло, каде нивото на подземни води не е високо и надвор од подрачја кои се подложни на поплави и на лизгање на земјиштето. (4) Кругот на прифатилиштата треба да биде заграден со ограда која треба да е конструирана на начин што спречува влез и излез на животни, да е доволно простран, да осигура функционална поврзаност на објектите, а сите површини кои не се асфалтирани или бетонирани треба да бидат со уредно одржувано зеленило. (5) Прифатилиштата треба да се снабдени со доволна количина на вода за пиење, од јавен водовод или од сопствени извори. Здравствената исправност на водата од сопствени извори треба да се контролира согласно прописите од областа на здравствена исправност на водата за пиење најмалку два пати годишно, а по потреба и повеќе пати. (6) Објектите во прифатилиштата треба да имаат систем за прифаќање на отпадните води, при што атмосферските води може да се влеваат во канализација или природен реципиент без прочистување. Прифатилиштата треба да имаат одводна канализациона мрежа а отпадните води и фекалии да се влеваат во јавната канализациона мрежа или септичка јама. Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 2 од 13 (7) Објектите во прифатилиштата треба да бидат изградени во согласност со општите хигиенско-технички услови и на начин кој овозможува оптимални микроклиматски и зоотехнички услови за сместување на животните. (8) Подовите, ѕидовите и кровот на просториите во кои се сместени животните треба да бидат изградени од непропустлив материјал кој лесно се чисти и дезинфицира, кој е отпорен на влага, ерозија и механичко оштетување и одржувани да обезбедат заштита од влијанието на неповолните временски услови. (9) Во просториите каде престојуваат животните треба да има доволно дневна светлина. (10) Прифатилиштата треба да имаат ладилник или надворешен контејнер-ладилник за собирање на лешевите. Ладилникот односно контејнерот треба да се држи заклучен и да е сместен во кругот на прифатилиштето така да е оневзможен пристапот на неовластени лица. Ладилникот може да се користи само за одложување на лешевите. Лешевите треба редовно да се одстрануваат во објекти за нивно нештетно отстранување. Ладилникот/контејнерот треба редовно да се чисти и дезинфицира. (11) Во прифатилиштата треба да се обезбеди животните: да не се изложуваат на физичка болка и страв; да не се изложуваат на глад и жед; да се заштитени од болка, повреда или болест; да им се овозможи изразување на нормално однесување; да се заштитени од неудобност и да се сместени во средина која е соодветна за нивниот вид. (12) Работата на прифатилиштата со странки треба да е најмалку четири часа дневно, најмалку пет дена во неделата, од кои еден ден е за време на викендот во кој ден работата со странки треба да е во рамките на целото работно време. (13) Прифатилиштето треба да воспостави 24 часовно дежурство со цел прием на животните во итни случаи. (14) Дежурството може да биде организирано во договор со некоја организација која врши ветеринарна дејност и е регистрирана согласно прописите од областа на ветеринарното здравство или со телефонски број на дежурното лице. (15) На влезот во објектите во прифатилиштата треба да биде поставена натписна плоча на која ќе бидат напишани називот на прифатилиштето, адресата, телефонските броеви, електронска пошта и работното време. (16) Во прифатилиштата треба да има доволен број на лица кои се грижат за животните и тоа најмалку едно лице на секои 20 кучиња. (17) Сите лица кои работат во прифатилиштата треба да имаат соодветна обука, и тие не треба да се осудувани за прекршок поврзан со Законот за заштита и благосостојба на животните, и другите сооветни прописи од областа на ветеринарното здравство. (18) Одговорните лица за грижа на животните треба да имаат соодветна обука во поглед на хранењето, напојувањето, негата, однесувањето и пристапот кон животните. (19) Прифатилиштето треба на персоналот кој работи во прифатилиштето да му обезбеди соодветна заштитна облека и обувки. (20) Правните и физичките лица кои вршат дејност во прифатилиштата треба да обезбедат ветеринарна заштита за животните кои се сместени во истите, а за таа цел тие можат да склучат договор со ветеринарна организација која е регистрирана согласно прописите од областа на ветеринарното здравство или да основаат свое ветеринарно друштво. (21) Прифатилиштата треба да ги прифатат и животните за кои сопствениците неможат или не сакаат да се грижат. Такво животно треба да биде примено во прифатилиштето најдоцна во рок од осум дена од пријавувањето, при што се земаат податоци за причините за носење на животните во прифатилиштето и податоци за лична идентификација на сопствениците кои ги донеле кучињата во прифатилиштето. Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 3 од 13 (22) Лицата кои ги заловуваат кучињата треба да ги обележат сите заловени кучиња со привремен број на самото место на заловување, со ставање на околувратник на кој има диск со број кој број треба да го следи животното за време на неговиот престој во прифатилиштето. Доколку се работи за кучка со кученца, на кучката и се става околувратник на кој има диск со број, а се наведува само бројот на кученцата. Доколку се работи за кучка во лактација а кученцата не се заловат истата не треба да се залови. (23) Прифатилиштето треба да располага со соодветна опрема како што се кафези за транспорт, поводници, стапови со јамки, мрежи, храна (за намамување на кучињата), и хемиски средства за заловување на кучињата кои може да се користат само кај агресивните, исплашените, прекумерно возбудените животни и кај оние кучиња кај кои заловувањето со јамки, стапови со јамки и мрежи не е возможно и истите не треба да се користи како рутинска мерка. Дозирањето и употребата на овие средства треба да бидат под надзор на доктор на ветеринарна медицина. (24) Прифатилиштата треба да овозможат прифаќање и сместување на животните по пријава во рок од 24 часа од пријавувањето, или доколку животното е повредено веднаш. Доколку во прифатилиштето нема место за нови животни, раководителот на прифатилиштето може да се договори со лицето кое го нашло животното, или со некое друго лице, да се грижи за него толку време колку што е потребно да се обезбеди сместување на животното во тоа или некое друго прифатилиште. (25) Прифатилиштата треба да бидат опремени со соодветно возило или приколка за превоз на животните. Просторот за возачот треба да биде одвоен од просторот за животните со соодветна цврста ограда. Просторот за животни во возилото или приколката треба: да е доволно простран за да може животното нормално да стои и лежи и да се сврти; да има доволно свеж воздух; да обезбеди соодветна заштита од неповолни временски услови; да нема остри рабови и испакнатини кои можат да предизвикаат повреда на животните; да е опремен така да обезбеди сигурен превоз на животните и да може лесно да се чисти и дезинфицира. (26) Возилото и приколката за превоз на животните треба да бидат видливо означени со натпис на кој го пишува називот, адреса, електронска пошта и телефонските броеви на прифатилиштето. (27) Во просторот каде се превезуваат животните, додека истите се превезуваат не треба да има лешеви од други животни, токсични материи и други предмети како што се производи, сировини, отпадоци и слично. Член 3 Простории во прифатилиште (1) Прифатилиштето за животни треба да се состои од следните делови: 1. Просторија/простории за прием на животните; 2. Просторија за преглед и медицински третман на животните; 3. Просторија за сместување и држење на животните; 4. Просторија за изолација (карантин) на животните; 5. Простор за пост-оперативна нега на животните; 6. Простории или простор за складирање на средствата за чистење и дезинфекција која треба да биде заклучена; 7. Простории за чување на храната за животни; 8. Ладилник или надворешен контејнер-ладилник за собирање на лешевите; Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 4 од 13 9. Простории за персоналот и 10. Санитарен јазол (тоалет, бања). (2) Во поглед на одредбите од став (1) од овој член, доколку во состав на прифатилиштето има и ветеринарна амбуланта, станица или болница каде се извршуваат интервенциите таа треба да е регистрирана и одобрена од надлежниот орган во согласност со прописите од ветеринарното здравство. (3) Просторијата за преглед и медицински третман на животните наведена во став (1) точка 2 од овој член треба да е конструирана согласно член 12 освен точките 5 и 6, член 13, член 14, член 15, член 16, член 19, член 20, член 21, член 22 и член 23 од Правилникот за објектите, просториите, опремата, инструментите и хигиенските услови кои треба да ги исполнуваат објектите на ветеринарната амбуланта, ветеринарната станица и ветеринарната болница( "Службен весник на Република Македонија" број 17/99). (4) Просторијата/просториите за прием на животните наведени во став (1) точка 1 од овој член треба да содржат: маса за преглед на животните; соодветна опрема за фиксација на животните; извор на светлина со најмалку 250-500 лукса и соодветен број на поединечни боксови каде се сместуваат новопримените животни. Боксовите треба да бидат конструирани на начин со кој се оневозможува физички контакт на животните со другите животни во прифатилиштето. Боксовите треба треба да имаат најмалку слободна подна површина од 1,2 х 1,8 метри. Висината на боксот треба да биде доволна да овозможи нормално стоење, вртење, седнување и легнување на кучето. Кучињата не треба да се сместуваат групно во ист бокс во просторијата за прием на животните освен во случај на кучка со мали кученца. (5) Просторијата за сместување и држење на животните наведена во став (1) точка 3 од овој член треба да содржат: бокс со слободна подна површина од најмалку 1,2 х 1,8 метри. Доколку престојот на животните во боксовите е подолг од 10 дена треба да им се обезбеди соодветен испуст за вежбање на кучињата односно да им се овозможи друг начин на физичка активност. Висината на боксот треба да биде доволна да овозможи нормално стоење, вртење, седнување и легнување на кучето. Ако во ист простор се држат повеќе кучиња за секое куче поединечно треба да има на располагање најмалку 1,5 метри² подна површина. (6) Просторијата за изолација (карантин) на животните наведена во став (1) точка 4 од овој член треба да содржат соодветен број на поединечни боксови за сместување на кучињата. Боксовите треба да ги исполнуваат условите пропишани во став (4) од овој член. Боксовите треба да бидат конструирани на начин со кој се оневозможува физички контакт на животните со другите животни во прифатилиштето. Просторијата за изолација (карантин) на животните треба да се држи заклучена и до неа треба да имаат пристап докторот по ветеринарна медицина и лицата кои се грижат за животните. (7) Просторијата за пост оперативна нега на животните наведена во став (1) точка 5 од овој член треба да е сместена на затворено и да содржи: соодветен број на поединечни боксови/кафези за сместување на кучињата во пост оперативниот период; да се доволно пространи да можат животните нормално да стојат, лежат и свртат и вентилацијата, осветлувањето и температурата во просториите треба да бидат соодветни на нивната здравствена состојба и да не влијаат штетно на нивното здравје и благосостојба. Пристап до просториите за пост оперативна нега треба да имаат докторот по ветеринарна медицина, неговиот помошник и лицата кои се грижат за животните. Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 5 од 13 (8) На боксовите каде се држат животните треба да биде истакната листа со податоци за секое куче поединечно. На листата треба да се наведени: привремениот број на кучето; датумот на прием; датумот на лабораториско испитување и кои болести; здравствениот статус; датумот на извршена кастрација односно ојаловување и називот на препаратите и датум ивреме на дадена терапија. (9) Температурата на воздухот во просториите каде се држат животните треба да биде одржувана на ниво да не влијае штетно на здравјето и благосостојбата на животните, да биде во склад со надворешната температура на воздухот и по потреба да се обезбеди заштита од екстремни температури со соодветен начин на проветрување, ладење или загревање. Во просториите каде се сместени болните и изнемоштените животни температурата на воздухот треба да биде соодветна на нивната здравствена состојба и да не влијае штетно на нивното здравје и благосостојба. (10) Кучињата треба да бидат заштитени од постојан провев, ветер, директно изложување на сонце, дожд и други неповолни временски услови. (11) Жичаната ограда која се употребува во просториите наведени во став (1) точка 1, 2, 3, 4 и 5 од овој член треба да биде изградена од материјал и на начин кој нема да предизвикува повреди кај животните. (12) Во просториите наведени во став (1) точка 1, 2, 3 и 4 од овој член на животните треба да им се обезбеди простор за спиење кој може да биде организиран во вид на индивидуална куќарка или издигнато место за спиење кои треба да се изградени и да се одржуваат на начин со кој на кучето ќе му се обезбеди суво и удобно лежиште. Доколку повеќе животни се сместуваат во ист бокс треба да се обезбеди простор за спиење на секое животно поединечно. Член 4 Заловување Заловувањето на кучињата скитници согласно член 25 од Законот за заштита и благосостојба на животните општината, општините во градот Скопје односно градот Скопје го вршат плански со примена на процедури определувајќи приближен број на кучиња кои ќе бидат третирани и локации од каде ќе се врши заловувањето, како и планирани расходи за постапување со кучињата скитници. Член 5 Вдомување или враќање во реонот на заловување Прифатилиштата треба да поседуваат соодветна опрема со која ќе се обезбеди информирање на јавноста за да се овозможи вдомување или враќање на кучињата на реонот на заловување. За таа цел кучињата кои ќе се вратат или вдомат, во прифатилиштето треба да се обележат со микрочип, да се ојаловени, односно кастрирани и превентивно заштитени согласно прописите од областа на ветеринарното здравство, а доколку кучето се враќа во реонот на заловување, покрај трајното обележување со микрочип истото треба да биде и видливо обележано со околувратник со јасно видлива боја кој е фиксиран на начин да не може лесно да се одстрани. Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 6 од 13 Член 6 Чување на животните (1) По приемот, животните во прифатилиштето треба да ги прегледа доктор по ветеринарна медицина, кој треба да изврши проценка и селекција на животните и тоа на: животни кои се погодни за ојаловување и кастрација кои треба превентивно да се заштититат согласно прописите од ветеринарното здравство, животни кои на себе имаат специфични и видливи обележја од кои може да се утврди дека имаат сопственик, кој веднаш треба да се извести и животни кои очигледно страдаат, се стари и изнемоштени, прекумерно агресивни или повредени до тој степен што лечењето ќе биде долго и со несигурна прогноза и треба веднаш да се еутаназираат. (2) Новопримените животни се сместуваат во просторија за прием која е одвоена од просториите каде се држат другите животни и не треба да дојдат во допир со другите животни. Пристап во просторијата за прием треба да има само персоналот кој работи во прифатилиштето и докторот по ветеринарна медицина кој врши здравствена заштита на животните. (3) Кучињата треба да претстојуваат во просторијата за прием најмалку два дена односно најмногу до добивањето на резултатите од лабораториското испитување и извршените други прегледи. (4) Кучињата кои се примени во прифатилиштето за време на престојот во просторијата за прием треба да бидат прегледани за болести согласно прописите од областа на ветеринарното здравство, општа физичка состојба, темперамент, агресивност и однесување. (5) По клиничкиот преглед и добиените резултати од прегледите од став (4) од овој член, и по одобрување на докторот по ветеринарна медицина, кучињата може да се префрлат во просториите за држење на животите. (6) Во просторијата каде се држат животните може да се сместуваат само животни кои се здрави и испитани согласно одредбите на прописите на областа на ветеринарното здравство и кои можат да бидат вдомени или вратени на местото на заловување. (7) Минималниот временски период потребен за исцрпување на можност за вдомување на заловените кучиња е 30 дена од денот на престојот на кучињата во просторот за држење. По истекот на временскиот период потребен за исцрпување на можност за вдомување на заловените кучиња, прифатилиштето може да постапи согласно одредбите на членот 25 став (5) точка 1 од Законот за заштита и благосостојба на животните. (8) На кучињата кои се внесуваат во боксовите веднаш по сместувањето треба да им се обезбеди свежа вода која ќе биде достапна во секое време и соодветна хранлива, хигиенска и избалансирана храна во согласност со нивната возраст и раса, за оддржување на здравјето и физиолошките потреби. Секое куче треба да има на располагање посебен сад со храна и вода. (9) Садовите за хранење и напојување треба да бидат направени од материјал кој лесно се чисти и дезинфицира и не претставува опасност по здравјето на животните. (10) Секој оддел на прифатилиштето треба да има свој сет на садови за хранење и напојување. (11) Садовите за напојување и хранење треба темелно да се измијат после секоја употреба. (12) Храната треба да се чува на места недостапни за инсекти и глодари и во согласност со упатството на производителот. (13) Лицата кои се грижат за животните треба да ги проверуваат животните најмалку два пати дневно со цел ја проверат општата состојба на животните, односно, дали Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 7 од 13 животните јадат, пијат, дефецираат, дали се апатични, агресивни и слично, а по потреба или доколку општата состојба на животните е нарушена да го известат докторот по ветеринарна медицина. (14) Доколку повеќе кучиња се сместуваат заедно во ист бокс тоа треба да е соодветно на нивната возраст, темперамент и пол. Кучки во еструс не треба да се сместуваат заедно со мажјаци иако тие се предвидени за ојаловување односно кастрација. (15) Повредени, болни, агресивни животни и животни кои очигледно патат не треба да се сместуваат во ист бокс. (16) Женските кучиња треба да бидат под надзор и не треба да бидат вратени на местото на заловување или вдомени најмалку три дена, додека машките 24 часа по извршените хируршки интервенции односно доволен период за нивно целосно опоравување во согласност со препораките од докторот по ветеринарна медицина. Член 7 Чистење во просториите (1) Пред влез на нови животни сите простории каде се држат животните треба да бидат темелно исчистени и дезинфицирани. (2) За дезинфекција на боксовите треба да се користат комерцијални препарати за таа намена и тие треба да се користат согласно упатството на производителот. Дезинфициенсот треба да се нанесе само на претходно темелно исчистена површина. (3) Во кругот на прифатилиштето треба да се врши дератизација најмалку два пати годишно а по потреба и повеќе пати. Дезинсекцијата треба да се извршува во текот на сезоната на инсекти најмалку еднаш месечно, по потреба и почесто, а во останатиот дел од годината по потреба. (4) Темелно чистење и дезинфекција треба да се изведува кога во боксовите нема животни. (5) Секој оддел во прифатилиштето треба да има свој сет на средства за чистење како што се џогери, четки, лопати, кофи, гумени ваљаци и слично. Тие треба јасно да се означат на кој оддел од прифатилиштето припаѓаат. (6) По исклучок од став 5 од овој член кога за чистење се користи машина за чистење со вода под висок притисок, истата може да се користи во сите делови на прифатилиштето и тоа кога во боксовите нема животни. Член 8 Постапки на еутаназија (1) Секое заловено животно при приемот треба темелно да се прегледа од страна на доктор по ветеринарна медицина. Постапка на еутаназија може да се примени во следните случаи: 1. кога животното е заболено од заразна или паразитска болест која може да се пренесе на други животни или луѓето, животното е заболено од други болести кај кои лечењето е долго и со несигурна прогноза, тешко повредени животни, животни кои видливо страдаат или стари и изнемоштени животни; 2. кога животни кои претставуваат опасност кон луѓето или другите животни и 3. кога животни кои поминале минимален временски период потребен за исцрпување на можност за вдомување на заловените кучиња во прифатилиштето наведен во член 6 став (7) од овој правилник, со што се исцрпени можностите за негово вдомување. (2) По исполнување на условите наведени во став 1 од овој член докторот по ветеринарна медицина одлучува за еутаназија и ја спроведува постапката за еутаназија. Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 8 од 13 (3) Постапката на еутаназија треба да биде изведена на начин со кој животното нема да биде подложено на болка и страдање, да е едноставна, лесна за изведување, безбедна за персоналот кој ги применува и соодветна за видовите животни кои се еутаназираат. (4) Постапката за еутаназија треба да се изврши со препарати за еутаназија кои треба да се држат на безбедно место, заклучени каде е оневозможен пристапот на неовластени лица. (5) Заради спроведување на постапка за еутаназија се врши подготовка за еутаназија и тоа на просторија за еутаназија која треба да е тивка и чиста, а на вратата да биде истакнат знакот „забранет пристап“. (6) Еутаназијата треба да ја извршуваат две лица, доктор по ветеринарна медицина кој го аплицира препаратот за еутаназија и негов помошник кој треба да ги изврши сите други подготовки. Во случај на новородени животни, претходно седирани животни, тешко болни и повредени животни, доколку е безбедно еутаназијата може да ја изврши докторот по ветеринарна медицина без помошник. (7) Големината на иглите треба е соодветна на големината на крвниот сад на животното. (8) Употребените игли треба безбедно да се отстранат. (9) Животните треба да се еутаназираат одвоени од другите животни, и без присуство на луѓе повеќе од потребните за извршување на процедурата. (10) Во просторијата за еутаназија треба да има само едно животно, освен во случај кога се работи за легло на новородени животни кои сеуште не прогледале, во кој случај прво се еутаназира мајката а потоа новородените кученца. (11) Пред извршување на еутаназијата кај агресивните, прекумерно исплашените, возбудените и прекумерно активните животни при што се користи препарат или метода кои бараат седација на животните треба да се употребат соодветни седативи. Дозата на препаратите за седација треба да е согласно упатството на производителот на препаратот. (12) Еутаназија на кучињата треба да се изведува исклучиво по пат на интравенска (внесување директно во вена) апликација на хемиски средства кои предизвикуваат прекинување на виталните функции на животното по предходна длабока анестезија. Средствата кои се дозволени за изведување на еутаназија се наведени во Поглавје 7.7. Упатство за контрола на популација на кучиња скитници од Кодот за копнени животни на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните-ОИЕ. Дозата и начинот на апликација на препаратот треба да е согласно упатството на производителот. Во случај на новородени или мали животни препаратот може да се аплицира интраперитонеално со претходна апликација на локален анестетик кој ќе ја блокира болката. (13) По апликација на препаратот, животното не треба да остане само во просторијата за еутаназија се додека докторот по ветеринарна медицина не констатира смрт. (14) Смртта треба да се констатира пред да се отстрани лешот. До спроведување на постапката за нештетно отстранување на лешот, иститот треба да се чува во ладилник. При изведување на еутаназијата треба да се води записник а извештајот од протоколот за еутаназија треба да се чува на место соодветно за таа цел. (15) По смртта лешевите треба да се отстранат согласно прописите од областа на ветеринарното здравство. Член 9 Водење евиденција (1) Во прифатилиштето евиденцијата треба да се води уредно и редовно да се ажурира. Евиденцијата се води така што во истата се внесуваат податоци и тоа: 1. Општи податоци: Број на заловени кучиња; Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 9 од 13 број на ојаловени односно кастрирани кучиња; број на еутаназирани кучиња; број на кучиња кои се вратени на местото на заловување; број на вдомени кучиња; број на угинати кучиња во прифатилиштето; број на животни кои се вратени на сопствениците; евиденција за здравствениот статус на животните за секое животно поединечно; евиденција за извршени лабораториски испитувања; евиденција за евентуално лекување и дадена терапија и евиденција за извршените превентивни мерки. 2. Податоци при прием на животните: датум на заловување; локација на заловување; привремен број; лице кое го заловило кучето; кондиција; раса; пол; старост; дали кучката е во лактација; боја и надворешни знаци и карактеристики на животното; податоци за сопственикот доколку се работи за регистрирано куче; број на микрочип или број на ушна тетоважа; привремен број на заловеното животно и знаци на болест и повреда. 3. Податоци при вдомување односно враќање на реонот на заловување: назив на претпријатието или име и презиме на физичкото лице; опис и електронска фотографија на кучето; даночен број на претпријатието, односно единствен матичен број на граѓанинот; адреса, телефонски број и електронска пошта; број на микрочип, датум на вдомување; датум на враќање во реонот на заловување; реон на враќање и потпис на физичкото лице или одговорното лице во правното лице. 4. Податоци при заловување: Веднаш по заловувањето лицето одговорно за заловување за секое заловено куче треба да ги забележи најмалку следниве податоци: Датум на заловување; Локација на заловување; Привремен број и Лице кое го заловило кучето. 5. Податоци при постапките на еутаназија: причини за еутаназија; времето и датумот на употреба на препаратот за еутаназија; назив на препаратот за еутаназија; бројот и описот на кучето; тежината на кучето; количина и сериски број на употребен препарат за еутаназија и име и презиме на докторот по ветеринарна медицина кој ја извршил еутаназијата и негов потпис. Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 10 од 13 (2) Евиденцијата треба да е достапна на увид на официјалниот ветеринар. (3) Податоците од евиденциите од став (1) на овој член треба редовно да се доставуваат до Управата за ветеринарство, а најмалку еднаш месечно. Член 10 Начин на вршење на надзор Надлежниот орган надзор на прифатилиштето во поглед на исполнетоста на условите пропишани со Законот за заштита и благосостојба на животните, условите пропишани со овој правилник и другите прописи од областа на ветеринарното здравство врши најмалку два пати годишно. Член 11 Форма и содржина на регистарот и начинот на регистрација на прифатилиштата, како и информациите потребни за регистрација (1) За регистрација на прифатилиштето, се поднесува барање кое ги содржи следните податоци: 1. Назив на подносител на барањето; 2. Адреса на седиштето на подносителот на барањето; 3. Единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице; 4. Име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон , електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот; 5. Име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице за прифатилиштето; 6. Капацитет на прифатилиштето; 7. Адреса на прифатилиштето и 8. Општини во кои ќе се врши заловувањето. (2) Образецот на барањето за регистрација на прифатилиштата е дадено во Прилог 1 кој е составен дел од овој правилник. (3) Кон барањето од став (1) од овој член се приложува и следната документација: Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постар од шест месеци; Доказ за сопственост на објектот (имотен лист), а доколку објектот е во сопственост на друго правно или физичко лице во прилог се доставува и договор за закуп со дефинирани услови на работење; Техничко-технолошки елаборат на прифатилиштето; Список на опремата со главни технолошко-технички карактеристики (статична и подвижна опрема, капацитет, работен режим и др.); Приказ на организацијата на работата и биланс на работната сила (број на вработени со систематизацијата-опис на работни места, односно назначени лица за грижа на животните и функционирање на опремата); Доказ за обезбедена здравствена заштита на животните од страна на доктор по ветеринарна медицина; Список на санитарни уреди и на мерките што се применуваат за санитарна заштита на објектот, опремата (санитарни простории со начин на чистење, перење и дезинфекција, дезинсекција и дератизација, опрема и средства за извршување на санитационите активности, контролни мерки и евиденција на спроведеното; Опис на системот на собирање и одстранување на отпадните материи (нуспроизводи од животинско потекло и отпадните води); Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 11 од 13 Доказ за нивото и видот на обуки кои ги имаат посетувано одговорните лица и лицата кои се грижат за животните неопходни за извршување на нивните работни задачи и Овластување или договор со општините за вршење дејност согласно член 25 од Законот за заштита и благосотојба на животните. (4) Регистарот на прифатилишта се води во форма на тврдо вкоричена книга со димензии 210 mm х 320 mm, која содржи евиденциски листови. (5) Регистарот се води во пишана и во електронска форма. (6) На предната страна од корицата на книгата за регистрација на трговци е отпечатен текст „Прифатилишта за кучиња скитници и нерегистрирани кучиња“. (7) Евиденциските листови ги содржат следните податоци: Регистерски број на прифатилиштето; Назив на субјектот на подносителот на барањето; Адреса на седиштето на субјектот, подносител на барањето; Сопственик на објектот и негова адреса; Единствен матичен број на субјектот и единствен даночен број на правното лице; Име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на овластено лице за застапување на субјектот; Име и презиме, ЕМБГ, адреса, телефон, електронска пошта на одговорното лице за прифатилиштето; Адреса на прифатилиштето; Капацитет на прифатилиштето и Датум на одобрување односно регистрација. (8) Регистарот на прифатилишта е даден во Прилог 2 кој е составен дел на овој правилник. (9) Секоја промена на условите во поглед на активностите, просториите или престанок на работа на прифатилиштата, се внесуваат во регистарот врз основа на поднесена пријава до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - Управа за ветеринарство во која се наведува: Назив на субјектот, подносител на пријавата; Адреса на субјектот подносител на пријавата; Овластено лице за застапување на субјектот (Име и презиме, ЕМБГ, Адреса) и Информации за измени на активностите односно просториите. (10) На барање на одговорното лице за прифатилиштето, се издава извод од регистарот на прифатилишта кој ги содржи податоци за име односно назив на прифатилиштето, локација на прифатилиштето (име на општината, место, улица и број), датум на упис во регистерот и капацитет на прифатилиштето. Член 12 Завршна одредба Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр.11-2323/3 14 октомври 2010 година Министер, Скопје Љупчо Димовски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 12 од 13 Службен весник на РМ, бр. 141 од 25.10.2010 година 13 од 13