Regulation on special safety requirements for food produced with the use of innovative technologies
颁布于 2012-02-22 · 文本截至 2026-10-01
以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。
研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。
关于这部法律
- 原标题
- Правилник за посебните барања за безбедност на храната произведена со иновирани технологии.
- 语言
- Macedonian
- 类型
- 条例
- 国家
- 北马其顿
- 主题
- Food and nutrition
- 关键词
- food safety and quality, processing/handling, innovation
在哪里阅读
该法律没有记录来源链接。
文本
所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。
Службен весник на РМ, бр. 29 од 28.2.2012 година 1 од 3 20120290869 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 55, став (6) од Законот за безбедност на храната (“Службен весник на Република Македонија” бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА ПРОИЗВЕДЕНА СО ИНОВИРАНИ ТЕХНОЛОГИИ(∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност на храната произведена со иновирани технологии при нејзино ставање во промет. Член 2 (1) Храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии во смисла на овој правилник е храна и состојки на храна кои досега не биле користени за човечка употреба во значителна мера и кои спаѓаат во следниве категории: a) храна и состојки на храна кои вклучуваат нови или намерно модифицирани примарни молекуларни структури; б) храна и состојки на храна кои се состојат или се изолирани од микроорганизми, габи или алги; в) храна и состојки на храна кои се состојат од растенија или животни, минерални или синтетички материи или се излачени од нив, освен храната и состојките на храна кои се добиени на традиционални начини на размножување или за кои е одамна познато дека можат безбедно да се консумираат; г) храна и состојки на храна врз кои била применета производна постапка кoја сега не се користи, а во случај кога таа предизвикува значителни променливо составот или структурата на храната или состојките на храната кои влијаат на нивната прехранбена вредност, метаболизам или ниво на несакани материи. (2) Покрај храната и состојките на храна опфатени во категориите од ставот (1) на овој член може да се утврди и друга храна и состојки на храна кои спаѓаат во категориите на храна од став (1) на овој член, по спроведена постапка од страна на Европската Комисија со која Комисијата е овластена да постапува за работи кои се однесуваат на безбедност на храна и ветеринарна политика. Член 3 (1) Одредбите на овој правилник не се применуваат на: прехранбени адитиви, ароми кои се користат во прехранбените производи, прехранбени ензими и растворувачи за екстрахирање што се користат во производство на храна, утврдени со Правилникот за адитивите што можат да се употребуваат за производство на храна(*1). (2) Исклучоци од опсегот на примена на овој правилник од став 1, на овој член, се применуваат само додека нивоата на безбедност утврдени во Правилникот за адитивите што можат да се употребуваат за производство на храна одговараат на нивото на безбедност утврдени во овој правилник. * Со овој правилник се врши усогласување со Регулативата (ЕЗ) брoj 258/1997 од 27 јануари, 1997 година за храна и состојки на храна произведени со иновирани технологии, CELEX брoj 31997R0258 Службен весник на РМ, бр. 29 од 28.2.2012 година 2 од 3 Член 4 (1) Означувањето на храната и состојките на храната, произведени со иновирани технологии се врши согласно прописите за начинот на означување на храната, при што ги содржи и следните дополнителни податоци за посебно означување на храната и состојките на храната произведени со иновирани технологии, со цел да се гарантира дека крајниот потрошувач е информиран за: a) секоја карактеристика или својство на храната како што е: – состав, – нутритивна вредност или нутритивни ефекти и – наменета употреба на храната, поради која храната или состојката произведена со иновирани технологии не е повеќе еквивалентна на конвенционалната храна или на прехранбената состојка. Храната или состојката произведена со иновирани технологии се смета дека не е повеќе еквивалентна на конвенционалната храна, доколку научната проценка врз основа на соодветни анализи на постојните податоци може да докаже, дека проценетите карактеристики се различни во споредба со конвенционалната храна или со прехранбената состојка, имајќи ги предвид прифатените граници на природните варијанти за таквите карактеристики. Во овој случај, означувањето треба да укаже на модифицираните карактеристики или својства, заедно со методот по кој е добиена таа карактеристика или својство; б) присутноста на материјал во храната или состојката произведена со иновирани технологии, кој не е присутен во постоечката еквивалентна храна и кој може да има последици по здравјето на одредени групи на население; в) присутноста на материјал во храната или состојката произведена со иновирани технологии, кој не е присутен во постоечката еквивалентна храна и предизвикува интерес од етички карактер. (2) Во отсуство на постоечка еквивалентна храна или состојка, потребно е потрошувачите соодветно да бидат информирани за природата на храната или на состојката произведена со иновирани технологии. Член 5 Кога за храна и состојка на храна произведена со иновирани технологии постои сознание дека го загрозува здравјето на човекот или животната средина, трговијата со таквиот вид храна привремено ќе се ограничи или нема да се врши. Член 6 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Бр. 02–671/3 Директор, 22 февруари 2012 година Дејан Рунтевски, с.р. Скопје * Правилникот за адитивите што можат да се употребуваат за производство на храна е усогласен со Директивата (ЕЗ) број 13/2000 од 20 март, 2000 година за апроксимација на законите на земјите членки на ЕУ во врска со означување, презентирање и рекламирање на прехранбените производи, CELEX број 32000L0013, Директивата (ЕЕЗ) број 388/1988 од 22 јуни, 1988 година за апроксимација на законите на земјите членки на ЕУ во врска со ароми за употреба во прехранбени производи и со репроматеријалите за нивно производство, CELEX број 31988L0388, Директивата (ЕЗ) број 2/1995 од 20 фебруари, 1995 година за прехранбени адитиви освен бои и засладувачи, број 31995L0002, Директивата (ЕЗ) број 36/1994 од 30 јуни, 1994 година за бои кои се употребуваат во прехранбени производи, CELEX број 31994L0036, Директивата (ЕЗ) број 31/1995 од 5 јули, 1995 година за одредување на посебни критериуми за чистота на засладувачи кои се употребуваат во прехранбени производи, CELEX број 31995L0031, Директивата (ЕЗ) број 46/2004 од 16 април, 2004 година која ја изменува и дополнува Директивата 95/31/ЕЗ што се Службен весник на РМ, бр. 29 од 28.2.2012 година 3 од 3 однесува на Е 955 сукралоза и Е962 аспартам – ацесулфамова сол, CELEX број 32004L0046, Директивата (ЕЗ) број 77/1996 од 2 декември, 1996 година за одредување на посебни критериуми за чистота на прехранбени ензими освен бои и засладувачи, CELEX број 31996L0077, Директивата (ЕЕС) број 663/1978 од 25 јули, 1978 година за одредување на посебни критериуми за чистота на емулгатори, стабилизатори, згуснувачи и агенси за желатинирање за употреба во прехранбени производи, CELEX број 31978L0663, Директивата (ЕЕЗ) број 504/1982 од 12 јули, 1982 година која ја изменува и дополнува Директивата 78/663/ ЕЕЗ што се однесува на одредување на посебни критериуми за чистота на емулгатори, стабилизатори, згуснувачи и агенси за желатинирање за употреба во прехранбени производи, CELEX број 31982L0504 и Директивата (ЕЗ) број 32/2009 од 23 април, 2009 година за апроксимација на законите на земјите членки на ЕУ во врска со екстракциони растворувачи кои се користат во производство на прехранбени производи и состојки на храна, CELEX број 32009L0032.