跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on special safety requirements for ceramic articles intended to come into contact with food

颁布于 2012-10-03 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за посебни барања за безбедност на керамичките производи што доаѓаат во контакт со храната.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
food safety and quality, hygiene/sanitary procedures, packaging/labelling

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 1 од 6 20130010005 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 59 став (3) алинеја 4 од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11 и 1/12), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесe П Р А В И Л Н И К ЗА ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА КЕРАМИЧКИТЕ ПРОИЗВОДИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА (∗) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за безбедност за керамичките производи како специфична група на материјали што доаѓаат во контакт со храната. Член 2 Одредбите на овој правилник се применуваат на можната миграција на олово и кадми ум од керамичките производи кои во својата финална состојба се наменети да дојдат во контакт со храната, или кои се во контакт со храна и се наменети за таа цел. Член 3 (1) Поимите дефинирани во Законот за безбедност на храна и Правилникот за општи барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната се применуваат и во овој правилник. (2) „Керамички производи“ се производи произведени од мешавина на неоргански ма терии со главно висока содржина на глина или силикати на која може да и се додадени ма ли количества органски материјали. На овие производи прво им се дава форма, а на таков начин добиената форма е перманентно фиксирана со печење. Тие може да се глазирани, емајлирани и/или декорирани. Член 4 (1) Количествата на олово и кадмиум испуштени од керамичките производи не треба да ги надминуваат границите пропишани во овој член. (2) Количествата на олово и кадмиум кои мигрираат од керамичките производи во хра ната се определуваат со тестирање, според основни правила утврдени во Прилог 1 кој е составен дел на овој правилник, со користење на методот на анализа опишан во Прилог 2, кој е составен дел на овој правилник. (3) Кога керамичкиот производ се состои од сад со керамички капак, границата на ми грираното количество олово и/или кадмиум која не треба да се надмине е онаа која се при менува за целокупниот сад. Миграцијата на олово и/или кадмиум се изразува во следните единици: mg/dm2 или mg/l. Садот и внатрешната површина на капакот се тестираат оддел но и под исти услови. Количеството на мигрираното олово и/или кадмиум се определува со збирот на добиените вредности на олово и/или на кадмиум кои понатаму се пресмету ваат само во однос на површината или на волуменот на садот. (∗) Со овој правилник се врши усогласување со Директивата на Советот 84/500/EEЗ од 15 октомври 1984 година за приближување на законите на земјите- членки за керамички артикли наменети да дојдат во допир со храна дополнета со Директивата 2005/31/EЗ на Комисијата од 29 април 2005 година за изменување на Директива 84/500/EЕЗ на Советот во однос на изјава за усогласеност и критериуми за изведба на аналитички метод за керамички производи наменети за контакт со храна Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 2 од 6 (4) Се смета дека еден керамички производ ги задоволува барањата за безбедност до колку количествата на олово и/или кадмиум испуштени за време на тестот што се спрове дувал според основните правила утврдени во Прилог 1 од овој правилник, не ги надмину ваат следните граници: Pb Cd — Категорија 1: Производи кои не можат да се полнат и производи кои можат да се полнат, а чијашто внатрешна длабочина, измерена од најниската точка до хоризонталната рамнина што ми нува низ горниот раб, не надминува 25 mm 0,8 mg/dm2 0,07 mg/dm2 — Категорија 2: Сите други производи кои може да се полнат 4,0 mg/l 0,3 mg/l — Категорија 3: Садови за готвење; садови за пакување и чување со капацитет поголем од три литри 1,5 mg/l 0,1 mg/l (5) Меѓутоа, кога керамичкиот производ не ги надминува горенаведените количества за повеќе од 50%, тој производ сепак се смета дека ги исполнува барањата од овој правилник доколку барем три други производи со иста форма, димензии, декорации и глазура се под ложени на тест извршен според условите утврдени во Прилог 1 и Прилог 2 од овој правил ник, а просечните количества на олово и/или кадмиум мигрирани од тие производи не ги надминуваат утврдените граници, при што ниту еден од тие производи не ги надминува тие граници за повеќе од 50%. Член 5 (1) Керамичките производи кои не биле во контакт со храна, а се во фазата на промет, вклучувајќи ја и малопродажбата, треба да бидат придружени со изјава за усогласеност во согласност со Правилникот за општи барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, дадена во Прилог 3 кој е составен дел на овој правилник или со образецот за изјава за усогласеност даден во Прилог 3 од Правилникот за општи барања за материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната, при што во делот за из јавата ќе се наведе и исполнувањето на барањата од овој правилник. (2) На барање на Агенцијата за храна и ветеринарство, производителот или увозникот во Република Македонија треба да ја обезбеди потребната документација за докажување на усогласеноста на керамичките производи со дозволените вредности за миграција на олово и кадмиум утврдени во член 4, став (4) од овој правилник. Документацијата ги содр жи резултатите од направените анализи, условите за тестирање и името и адресата на ла бораторијата која го спровела тестирањето. Член 6 Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен вес ник на Република Македонија”. Бр. 16-4507/3 3 октомври 2012 година Директор, Скопје Дејан Рунтевски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 3 од 6 Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 4 од 6 Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 5 од 6 Службен весник на РМ, бр. 1 од 2.01.2013 година 6 од 6

Regulation on special safety requirements for ceramic articles intended to come into contact with food · Nelum