跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on special requirements for extraction solvents used in the production of food and food ingredients, their use conditions in terms of the process of producing the food category and the maximum allowed levels of residues of extraction solvents in end products and the maximum permitted levels of residues of the extraction agents in the aromas that are from natural sources of aromas

颁布于 2016-01-28 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за посебните барања за екстракционите средства кои може да се користат во производството на храна и состојки на храна, условите за нивна употреба во поглед на процесот за производство на категоријата храна и максималните дозволени нивоа на резидуи на екстракционите средства во крајните производи и максималните дозволени нивоа на резидуи на екстракционите средства во аромите кои се добиваат од природни извори на ароми.
语言
Macedonian
类型
条例
国家
北马其顿
主题
Food and nutrition
关键词
food additives, food safety and quality, classification/declassification, processing/handling, residues

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 59 од 29.03.2016 година 1 од 5 20160591632 АГЕНЦИЈА ЗА ХРАНА И ВЕТЕРИНАРСТВО Врз основа на член 58-a став (4) од Законот за безбедност на храната („Службен весник на Република Македонија“ бр. 157/10, 53/11, 1/12, 164/13, 187/13, 43/14, 72/15, 129/15 и 213/15), директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесe ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ БАРАЊА ЗА ЕКСТРАКЦИОНИТЕ СРЕДСТВА КОИ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ХРАНА И СОСТОЈКИ НА ХРАНА, УСЛОВИТЕ ЗА НИВНА УПОТРЕБА ВО ПОГЛЕД НА ПРОЦЕСОТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА КАТЕГОРИЈАТА ХРАНА И МАКСИМАЛНИТЕ ДОЗВОЛЕНИ НИВОА НА РЕЗИДУИ НА ЕКСТРАКЦИОНИТЕ СРЕДСТВА ВО КРАЈНИТЕ ПРОИЗВОДИ И МАКСИМАЛНИТЕ ДОЗВОЛЕНИ НИВОА НА РЕЗИДУИ НА ЕКСТРАКЦИОНИТЕ СРЕДСТВА ВО АРОМИТЕ КОИ СЕ ДОБИВААТ ОД ПРИРОДНИ ИЗВОРИ НА АРОМИ(*) Член 1 Со овој правилник се пропишуваат посебните барања за екстракционите средства кои може да се користат во производството на храна и состојки на храна, условите за нивна употреба во поглед на процесот за производство на категоријата храна и максималните дозволени нивоа на резидуи на екстракционите средства во крајните производи и максималните дозволени нивоа на резидуи на екстракционите средства во аромите кои се добиваат од природни извори на ароми. Одредбите од овој правилник не се применуваат на екстракционите растворувачи кои се употребуваат во производството на адитиви на храната, витамини и други нутритивни адитиви, освен ако таквите адитиви на храната, витамини и други нутритивни адитиви не се наведени во Прилогот кој е составен дел на овој правилник. Употребата на адитиви на храна, витамини и други нутритивни адитиви не треба да резултира со храна која содржи нивоа на резидуи од екстракциони растворувачи штетни за човековото здравје. Член 2 За целите на овој правилник: „Растворувач“ е вид на екстракционо средство и претставува секоја супстанција која служи за растворување на храната или било која компонента од храната, вклучувајќи го и било кој контаминент кој е присутен во или на таа храна; „Екстракционен растворувач“ е растворувач кој се употребува во постапка за екстракција при преработката на суровини, на храна, на компоненти или на состојки на овие производи и кој потоа е отстранет, но кој може да резултира во ненамерно, но технички неизбежно присуство на резидуи или деривати во храната или состојките на храна. () Со овој правилник се врши усогласување со ДИРЕКТИВА 2009/32/ЕЗ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 23 април 2009 година за усогласување на законодавството на земјите членки за екстракциони растворувачи кои се употребуваат во производство на прехранбени производи и состојки на храна (CELEX број 32009L0032) изменета и дополнета со ДИРЕКТИВА НА КОМИСИЈАТА 2010/59/ЕУ од 26 август 2010 за изменување на Директивата 2009/32/ЕЗ на Европскиот Парламент и на Советот за усогласување на законодавството на земјите членки за екстракциони растворувачи кои се употребуваат во производство на прехранбени производи и состојки на храна (CELEX број 32010L0059). Службен весник на РМ, бр. 59 од 29.03.2016 година 2 од 5 Член 3 Екстракционите растворувачи кои можат да се употребуваат во производство на храна или состојки на храна, условите за употреба на екстракционите растворувачи како и максималните нивоа на резидуите од екстракционите растворувачи, се наведени во Прилогот на овој правилник. Храната или состојките на храната можат да бидат ставени во промет само ако употребените екстракциони растворувачи и нивните резидуи се во согласност со одредбите на овој правилник. Други супстанции и материи не можат да се употребуваат како екстракциони растворувачи, ниту може да се прошират условите за нивна употреба или дозволените нивоа на резидуи од екстракционите растворувачи, освен оние наведени во Прилогот на овој правилник. Водата на која може да и бидат додадени супстанции за регулирање на ацидитетот или алкалноста и други прехранбени супстанции кои поседуваат својства на растворувачи, можат да се употребуваат како екстракциони растворувачи за производство на храна или состојки на храна. Член 4 Супстанциите и материите кои се користат како екстракциони растворувачи наведени во Прилогот на овој правилник треба да ги исполнуваат следните општи и посебни услови за чистота: a) да не содржат токсиколошки опасни количества од било кој елемент или супстанција; б) да не содржат повеќе од 1 мг/кг арсен или повеќе од 1мг/кг олово и в) да ги исполнуваат посебните критериуми за чистота на супстанциите. Член 5 Кога како резултат на нови информации или на повторно оценување на постоечките информации, постои основана причина за тврдење дека употребата во храната на било која од супстанциите наведени во Прилогот од овој правилник или нивоата на една или повеќе од компонентите содржани во тие супстанци, наведени во член 4 од овој правилник, може да го загрози човековото здравје, иако тие се во согласност со одредбите на овој правилник, може привремено да се укине или ограничи примената на одредбите од член 4 од овој правилник, а притоа се наведуваат причини за тоа. Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на доставените информации од став 1 на овој член, изготвува мислење и презема соодветни мерки кои можат да ги заменат мерките наведени во ставот 1 од овој член. Член 6 Супстанциите кои се наведени во Прилогот на овој правилник и се наменети за употреба како екстракциони растворувачи во храната можат да бидат ставени во промет само доколку пакувањето или означувањето ги содржи следните информации и тоа на начин тие да бидат лесно видливи, јасно читливи и неизбришливи: (а) трговското име како што е наведено во Прилогот на овој правилник; (б) јасна назнака дека материјата е со соодветен квалитет за употреба при екстракција на храна или состојки на храна; (в) упатување со кое може да се идентификува серијата; (г) име или деловен назив и адреса на производителот или пакувачот или на трговецот, регистриран во земјата; (д) нето количество изразено како единици волумен и Службен весник на РМ, бр. 59 од 29.03.2016 година 3 од 5 (ѓ) ако е потребно, посебните услови на чување или услови на употреба. По исклучок од став 1 од овој член, информациите наведени во точките (в), (г), (д) и (ѓ) од овој став можат да бидат наведени само на пропратните документи кои се однесуваат за таа серија кои треба да се достават со или пред испораката. Одредбите од став 1 на овој член се применуваат без да бидат во спротивност со прописите кои се однесуваат на тежината и мерните единици или прописите кои уредуваат материја која се однесува на класификацијата, пакувањето и означувањето на опасни супстанции и смеси. При означувањето на екстракционите растворувачи, начинот на прикажување на информациите од овој член треба да биде во согласност со општите барања за начинот на означување на храната. Тие информации треба да бидат прикажани на јазик кој е лесно разбирлив за лицата кои вршат набавка на истите, освен ако не е обезбеден друг начин на информирање. Информациите во означувањето, можат да бидат прикажани и на други јазици, покрај македонскиот јазик. Член 7 Со денот на влегувањето во сила на овој правилник престануваат да важат одредбите на член 3 точки 8 и 9, членови 4-а, 4-б, 4-в, 4-г и 4-д и Прилог 7 од Правилникот за адитивите што можат да се употребуваат во производство на храна („Службен весник на Република Македонија“ бр. 118/05, 132/07 и 147/10). Член 8 Овој правилник престанува да важи со денот на пристапувањето на Република Македонија во Европската Унија. Член 9 Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се објави по претходно добиена согласност од Владата на Република Македонија. Бр. 02-176/2 Директор на Агенција 28 јануари 2016 година за храна и ветеринарство, Скопје м-р Зоран Поповски, с.р. Службен весник на РМ, бр. 59 од 29.03.2016 година 4 од 5 Службен весник на РМ, бр. 59 од 29.03.2016 година 5 од 5

Regulation on special requirements for extraction solvents used in the production of food and food ingredients, their use conditions in terms of the process of producing the food category and the maximum allowed levels of residues of extraction solvents in end products and the maximum permitted levels of residues of the extraction agents in the aromas that are from natural sources of aromas · Nelum