跳到主要内容
Nelum
北马其顿的法律

Regulation on special conditions concerning the facilities, technical equipment, and procedures and the conditions of the relevant activities that should be met by oleo-chemical facilities and facilities for the production of biogas and compost

颁布于 2009-01-29 · 文本截至 2026-10-01

以研究形式发布的公开法律与官方指引,不构成法律、税务或金融建议。

研究内容本身以英文撰写。标题和标签已翻译,调查结果和引文未翻译。

关于这部法律

原标题
Правилник за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост.
语言
Macedonian
类型
条例
组织
European Union
国家
北马其顿
主题
Environment
关键词
bioenergy, recycling/reuse

在哪里阅读

    该法律没有记录来源链接。

文本

所收录的法律原文,按条款排列。每个条款都有自己的链接。

  1. Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 1 од 6 20090210438 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО Врз основа на член 14 став (9) од Законот за нуспроизводи од животинско потекло („Службен весник на Република Македонија" број 113/2007), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе ПРАВИЛНИК ЗА ПОСЕБНИТЕ УСЛОВИ ВО ОДНОС НА ОБЈЕКТИТЕ, ТЕХНИЧКАТА ОПРЕМЕНОСТ, КАКО И ПОСТАПКИТЕ И УСЛОВИТЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА СОО- ДВЕТНА ДЕЈНОСТ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНУВААТ ОЛЕОХЕМСИКИТЕ ОБЈЕКТИ И ОБЈЕКТИТЕ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БИОГАС И КОМПОСТ Член 1 Предмет Со овој правилник се пропишуваат посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост. Член 2 Олеохемиски објекти за Категорија 2 матeријали и Категорија 3 материјали (1) Олеохемските објекти за Категорија 2 материјали треба да ги исполнат следните услови: 1) да се наменети за преработка на топени масти кои потекнуваат од материјалите од Категоријата 2, во согласност со стандардите за третман на топени масти; 2) да се воспостават и спроведат методи на мониторинг и контрола на критичните контролни точки, во зависност од процесот кој се користи; 3) да се води евиденција за податоците добиени во согласност со точката 1) од овој став, заради презентирање на Управата за ветеринарство. (2) Олеохемските објекти за Категорија 3 материјали треба да ги исполнат следните услови: 1) да се наменети за преработка на топени масти, кои потекнуваат само од материјали од Категоријата 3 и да ги исполнуваат соодветните услови за олеохемски објект за Категорија 2 материјали; 2) да се воспостават и спроведат методи на мониторинг и контрола на критичните контролни точки, во зависност од процесот кој се користи; 3) да се води евиденција за податоците добиени во согласност со точката 1) од овој став, со цел презентирање на Управата за ветеринарство. Член 3 Стандарди на обработка за дополнителна преработка на топената маст За производство на деривати на масти од топени масти, кои потекнуваат од Категоријата 2 материјали можат да се користат следниве процеси: Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 2 од 6 1) трансестерификација или хидролиза на најмалку од 200 °С, под соодветен притисок, дваесет минути (глицерол, масна киселина и естери); или 2) сапунификација со NaOH 12M (глицерол и сапун): а) кај групниот процес 95 °С, три часа; или б) кај непрекинатиот процес на 140 °С 2 бари (2000 hPa), осум минути, или според истите услови утврдени во согласност со членот 33 од Законот за нуспроизводи од животинско потекло; 3) други процеси, одобрени како алтернативни методи од Управата за ветеринарство. Член 4 Објекти за биогас и компост Објектите за биогас и компост треба да ги исполнат следните услови: 1) специфичните услови за одобрување на објекти за биогас и компост ; 2) во нив да се ракува и да се трансформираат животинските нуспроизводи во согласност со оперативните услови за објектите за биогас и компост; 3) да се воспостават и спроведат методи на мониторинг и контрола на критичните контролни точки; и 4) да се обезбеди дека резидуите од дигестијата и компостот, каде што е соодветно, ги исполнуваат миркобиолошките стандарди. Член 5 Специфични услови за одобрување на објекти за биогас (1) Објектите за биогас треба да се опремени со: 1) единица за пастеризација/хигиена, поставена така што во технолошкиот процес да не може да се заобиколи и која има: а) опрема за следење на температурата во однос на времето; б) опрема за регистрирање со која се врши постојано запишување на температурата; и в) соодветен безбедносен систем за да се спречи незадовлолителен термички третман; 2) соодветна опрема за чистење и дезинфекција на возилата и контејнерите при излегување од објектите за биогас. (2) Единицата за пастеризација/хигиена не е обавезна за објекти за биогас кои единствено: 1) трансформираат само нуспроизводи од животинско потекло кои се подложни на метод на преработка 1; 2) Категорија 3 материјал кој подлежел на пастеризација/хигиенизација претходно; или 3) нуспроизоди од животинско потекло кои се користат како сурови материали без преработка. (3) Доколку објектот за биогас е лоциран на место каде фармски животни се одледуваат и не го користи само шталското ѓубре добиено од тие животни, објектот треба да биде лоциран на адекванта дистанца од просторот каде животните се чувани, и треба да има комплетна физичка изолираност помеѓу објектот и тие животни и нивната добиоточна храна и простирка, со ограда кога е тоа неопходно. Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 3 од 6 Член 6 Специфични услови за одобрување на објекти за компост (1) Објектите за компост треба да бидат опремени со: 1) затворен реактор за компост, поставен така во технолошкиот процес да не не може да се заобиколи и кој има: а) опрема за следење на температурата во однос на времето; б) опрема за регистрирање со која се врши постојано запишување на температурата; и в) соодветен безбедносен систем за да се спречи претераното затоплување; 2) соодветни капацитети за чистење и дезинфекција на возилата и контејнерите за транспорт на необработени животински нуспроизводи. (2) Други типови на системи за компост може да бидат одобрени, доколку имаат: 1) имаат адекватни мерки за контрола на штетници; 2) се управаат на начин кој овозможува материјалите во системот да ги постигнуваат бараните временски и температурни параметри, вклучително, кога е соодветно, континуиран мониторинг на параметрите; в) ги исполнуваат сите други критериуми согласно Законто за нуспроизводи од животинско потекло и прописите донесени на основа на него. (3) Доколку објектот за компост е лоциран на место каде фармски животни се одледуваат и не го користи само шталското ѓубре добиено од тие животни, објектот треба да биде лоциран на адекванта дистанца од просторот каде животните се чувани, и треба да има комплетна физичка изолираност помеѓу објектот и тие животни и нивната добиточна храна и простирка, со ограда кога е тоа неопходно. Член 7 Лабoратории Секој објект за биогас и компост треба да поседува своја лабораторија, или да користи надворешна лабораторија. Лабораторијата треба да биде опремена за спроведување на неопходните анализи и да биде овластена од страна на Управата за ветеринарство. Член 8 Оперативни услови за објекти за биогас и компост (1) Во фабрика за биогас или компост можат да се преработуваат само следните нуспроизводи од животинско потекло: 1) материјали од Категоријата 2, доколку се користи методот за преработка 1 во фабрика за преработка од Категоријата 2; 2) ѓубриво и содржина на дигестивен тракт; и 3) материјал од Категоријата 3. Добиените остатоците од материјалите при преработка на Категорија 1 материјал може да се трансформриаат во објекти за биогас, обезбедувајќи дека пререботката е изведена согласно алтернативен метод. Производството на биогас е дел од алтернативен метод и добиениот материјал е одстранет согласно условите кои се одобрени за алтернативниот метод. (2) Нуспроизводи, наведени во ставот (1) од овој член, треба да се преработат колку што е можно поскоро по нивното пристигнување. Тие треба правилно да се складираат до нивната обработка. Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 4 од 6 (3) Контејнерите, сандаците и возилата кои се користат за транспортирање на непреработените материјали треба да се исчистат во за тоа наменет простор. Овој простор треба да биде лоциран или проектиран да се спречи ризикот од контаминирање на обработените производи. (4) Во објектот треба да се преземаат систематски превентивни мерки против птици, глодачи, инсекти и други штетници. За оваа цел треба да се применува документирана програма за контрола на штетници. (5)Во објектот треба да се воспостави и да се документираат постапките за чистење на сите делови на објектот. Истиот треба да има соодветна опрема и средства за чистење. (6) Хигиенската контрола треба да вклучува и редовни инспекции на средината и опремата. Инспекциските распореди и резултати треба да бидат документирани. (7) Уредите и опремата треба да се одржуваат во добра состојба, а мерната опрема треба редовно да се калибрира. (8) Резидуите од процесот треба да се обработат и складираат во објектот на начин кој оневозможува повторната контаминација. Член 9 Стандарди на преработка (1) Категоријата 3 материјалите, кои се користат како суровини во фабрика за биогас опремена со единица за пастеризација/хигиена, треба да подлежат на следниве основни услови: 1) максимална величина на парчињата пред да влезат во единицата да е 12 мм; 2) минимална температура на сите материјали во единицината да е 70 °С; и 3) минимално време во единицата без прекини да е 60 минути. (2) Категорија 3 млеко, колострум и производи од млеко може да се користат без пастеризација/хигиенизација како сиров материјал во објектите за биогас, доколку Управата за ветеринарство, преку официјалниот ветеринар не констатира дека не представуваат ризик за пренос на сериозни заразни болести. (3) Категоријата 3 материјалите, кои се користат во објектите за компост, треба да подлежат на следниве основни услови: 1) максимална величина на парчињата пред да влезат во реакторот за компост да е 12 мм; 2) минимална температура на сите материјали во реакторот да е 70 °С; и 3) минимално време во реакторот на 70 °С (за сите материјали) да е 60 минути. (4) Управата за ветеринарство може да одобри употреба на друг стандардизиран процес доколку барателот демонстрира такви парамети кои обезбедуваат минимизирање на биолошкиот ризик. Демонстрирањето треба да вклучува и валидација, која треба да се изведе согласно следново: 1) идентификација и анализа на можните ризици, вклучително и влијанието на влезните материјали,да е засновнано на комплетна дефиниција на условите на преработка. 2) оцена на ризик, која евалуира како специфичните услови на преработка наведени во подточка а) од овој став се постигнатни во пракса под нормални и атипични ситуации. 3) валидација на одредените процеси со мерење на намалувањето на видливоста/инфективноста на: (а) внатрешните индикатор организми во текот на процесот, кога индикаторот е: постојано присутен во сировиот материјал во голем број; не помалку резистентен на топлота од аспект на леталните ефетки на третманот, но исто сигнификантно не повеќе резистентен одколку патогени за кои се користи како индикатор во текот на мониторингот; Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 5 од 6 релативно лесно да се квантификува и релативно лесно да се идентификува и потврди; или (б) добро одреден тест организам или вирус, во текот на експозицијата, воведен во соодветно тело за тестирање во почетниот материјал. 4) валидација на одредениот процес наведен во подточка (в) од овој став треба да демонстрира дека процесот ги посгинал следнтие вкупни намалувања на ризикот: (а) за термички и хемсики процеси со: намалување на 5 log10 за Enterococcus faecalis или Salmonella Senftenberg (775W, H2S negative); намалување на инфективноста на терморезистентни вируси како Parvovirus со најмалку 3 log10, каде тие се идентификувани како релевантна опасност; и (б) во однос на хемиски процеси, со: намалување на резистентни паразти како јајца на Ascaris sp. со најмалку 99,9 % (3 log10) од видливите стадиуми; 5) мерки кои обезбедуваат континуиран мониторинг и надзор на релевантните процесни параметри одредени во контролните програми кога објектот работи. (5) Детали на релевантните процесни параметри кои се користат во објектите за биогас или компост како и други критични точки треба да бидат запишани и одржани од сопственикот, операторот или негови претставници и Управата за ветеринарство може да спроведе мониторинг на работењето на објектот. На барање на Управата за ветеринарство евиденцијата треба да биде достапна. (6) Информациите во однос на процесите кои се одобрени треба да бидат достапни на барање на Управата за ветеринарство. (7) Управата за ветеринарство може да дозволи да се користат други стандарди за преработка, доколку се гарантира подеднаков ефект во однос на намалувањето на патогените агенси, или доколку како суровина на нуспроизводи од животинско потекло се користат единствено помии наменети за објекти за биогас или компост. (8) Кога ѓубрето, содржината на дигестивниот тракт, млекото и колострумот се единствени материјали од животинско потекло кои се третираат во објектот за биогас или компост, Управата за ветеринарство може да дозволи употреба на специфични критериуми, кои се разликуваат од оние во правилникот, под услов доколку: 1) не смета дека тие материјали представуваат ризик за ширење на сериозни заразни болести; 2) смета дека резидуите од процестот на дигестија и компост се непреработени материјали. Член 10 Резидуи од процесот на дигесија и компост (1) Репрезентативни мостри од резидуи од процесот на дигестија или компост, кои се земени во текот или непосредно по преработката во објектите за биогас или компост , треба да ги исполнуваат следните стандарди: 1) Escherichia coli: n = 5, c = 1, m = 1 000, M = 5 000 in 1 g; или 2) Enterobacteriaceae : n = 5, c = 2, m = 10, M = 300 во 1 гр. и репрезентативни мостри од резидуи од процесот на дигестија или компост, кои се земени во текот или повлекување до складиштата во објектите за биогас или компост , треба да ги исполнуваат следните стандарди: 3) Salmonella: отсутност во 25 гр: n = 5, c = 0, m = 0, M = 0 каде: n = број на мостри кои треба да се тестираат; Службен весник на РМ, бр. 21 од 17.02.2009 година 6 од 6 m = праг на вредноста за бројот на бактерии, резултатот се смета задоволителен доколку бројот на бактерии во сите мостри не го надминува М; М = максимална вредност на бројот на бактерии; резултатот се смета задоволителен доколку бројот на бактерии во една или повеќе мостри е еднаков на М или е поголем; и с = бројот на бактерии во мострите, чиј број може да биде меѓу m и М, мострата сепак се смета прифатлива доколку бројот на бактерии во другите мостри е m или помал. (2) Резидуите од процесот на дигестија или компостот, кои не ги исполнуваат наведените барања, треба повторно да се преработат, и во случај на Salmonella манипулираат и отстранат во согласност со инструкциите на официјалниот ветеринар. Член 11 Влегување во сила Овој правилник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”. Бр. 11-12212/11 29 јануари 2009 година Министер, Скопје Ацо Спасеноски, с.р.

Regulation on special conditions concerning the facilities, technical equipment, and procedures and the conditions of the relevant activities that should be met by oleo-chemical facilities and facilities for the production of biogas and compost · Nelum